[Аминта] ДНЕВЕН БИЛТЕН No.1 [ЗА РЕФУНД ДЕ!]

Day 1,344, 07:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot


*малце анти-стрес музичка подлога http://www.youtube.com/watch?v=BuMBmK5uksg

Како што ветив и образложив во мојата мината статија [Аминта] ЗА РЕФУНДОТ! [2 ДЕЛ - АЈДЕ ДА СЕ ДОКУСУРИМЕ]
еве го и првиот дневен Билтен кој ќе го објавувам секој ден за изминатиот (претходен) ден.
Додека сум јас Претседател ова ќе биде системот на работа, кому не му одговара и има жалби, поплаки или замерки нека не заборави да излиже таксена марка за 50 денари и да се жали кај кадијата!
hint - друг пат не ме гласајте за претседател 😉

Значи одиме со Билтен No.1

Вчерашниот ден топ 20те Воени единици во Македонија изгледаше вака:



*за проверка овде....http://www.egov4you.info/groups

Напоменав повеќе пати дека буџетот за распределба на рефунд за овие единици е 80,000 МКД и ќе се дели според учинокот, заслугата и дисциплината на топ 20 единици кои помогнале во битките на Македонија.
Системот на респределба на овие 80,000 МКД ќе иде вака (малце математика):

- Бидејќи ќе се дели на 20 Единици ќе ги земам вкупни штети на топ 20те единици за минатиот ден во Македонија. Вкупната штета која ја направиле овие единици вчера е 109.279.490.

-кога оваа вкупна штета ќе се подели на 20 Единици се добива количник од 5.463.974 ПРОСЕК по единица.

-овој количник (просек кога ќе се подели со вкупната штета на секоја единица пооделно се добива КОЕФИЦИЕНТ НА УЧИНОК на секоја единица.
(пример, АРМ Лавови имаат вкупна штета од 5.487.100 и кога тоа ќе се подели со оличникот (просекот) се добива коефициент од ~1.)

-Како што реков буџетот за вчера е 80,000 МКД од кои просек поделен на 20 единици е 4000 МКД по единица и ова е КОЕФИЦИЕНТ ЗА РЕФУНД.

-За да се добие висината на рефундот за секоја единица пооделно се множи КОЕФИЦИЕНТОТ НА УЧИНОК на таа единица со КОЕФИЦИЕНТОТ ЗА РЕФУНД.
(пример, АРМ Лавови имаат коефициент на учинок 1 * 4000 коефициент за рефунд = 4000 МКД за вчера)

За сите 20 единици еве ја табелата која единица колку добива рефунд според погорната математика за ден 1343.



Значи вака ќе се поделат тие 80,000 МКД за топ 20 воени единици во Македонија но исто така се решив да не ги заборавам и останатите 6 единици кои не влегоа во Рефунд системот и симболично да им се доделат по 500 МКД како симболичен поттик да нараснат во бојка, сила и со тоа штета (учинок) па да дојдат и тие во топ 20 за да добиваат рефунд.
Ќе им порачам само со дисциплина, стрплива работа ќе го завземат постепено приматот на некои појаки но по недисциплинирани единици.



За оние што не се замараат со математика или не им е јасен системов на пропорционална поделба на рефунд, само лаички ќе објаснам дека СЕКОЈА ЕДИНИЦА СПОРЕД ОВОЈ СИСТЕМ ДОБИВА ПРОПОРЦИОНАЛНО ОНОЛКУ РЕФУНД (ВРАТЕНИ СРЕДСТВА) КОЛКУ ШТО И ИМАЛЕ РЕАЛЕН УЧИНОК ДЕНТА ВО БОРБИ.



Сега за мојот најомилен дел - КАЗНИТЕ!

Да вчера казнети се Волци поради намерниот бојкот и одбивањето да дојдат на Армиски канал и следат наредби. Секоја чест на исклучоците (Ilesef). Инаку, НЕ можам да ги обвинам дека не пукаа за Македонија ама не можам ниту да им простам за неблагодарноста и непочитта која ја покажуваат спрема Македонија и мене како државна единица. Сепак добија од мене наводен задоцнет рефунд за 4 дена а сепак почнаа да се однесуваат како паравојска и да не ги почитуваат наредбите на државата. жалам поради тоа 🙁
НАПОМЕНУВАМ: ова не важи за сите челнови на Волци, туку на поединци кои во име на целата единица продонесуваат за оцрнување на образон на целата единица.
Кога ќе ги видам да се вратат на Армиски канал и да пукаат рамо до рамо со останатите Македонски војски ќе им доделам рефунд. Денес за жал уште не гледам промена во нивното однесување иако дел од нив ми ветија дека ќе се вратат... но имаат уште време до крајот на денот.

Нивниот скратен рефунд за вчера во висина од 9,600 МКД ќе биде распределен на цивилите кои ќе дојдат на чат на каналов #MKD.civili по принципот прв дојден прв услужен се додека не се подели буџетот од 9,600 МКД.
НАПОМЕНА: ќе се дели за тиае над 1000 сила тенкови/леб на сите под 1000 сила само леб.

За соработниците:
До сега се покажа како одлична мерка за наградување на соработниците за добивање материјал за казнување. Сите што пијавија квалитетен материјал добија по 5 тенка од мене. Имам еден тон Print Screen-ови од недисциплинирани припадници на единиците затоа ќе направам избор на мал дел кои се најинтересни да ви ги покажам!

Немаше наредба вчера да се пука во Унгарија....


Лош пример од лидерот на МФ за своите војници....пука во битка од никакво значење...и таму немаше наредба за пукање


Припардник на АРМ пука во изгубена битка од никакво значење на другата страна од светот наместо во Македонија!


Уште еден припадник на Македонските единици пука за србија во време кога многу Срби пукаа за нас да ни помогнат...каква иронија!



И за Крај мојата најомилена фотка со која ќе му порачам на детево - Т-Рекс дека со такво однесување спрема Македонија (не ми води мене инает) нема да добие неговата единица НИКОГАШ рефунд + да им порачам на припарниците на неговата единица да го напуштат и остават сам деструктивецот и да се приклучат на некоја од единиците во Македонија каде ќе бидат наградени за дисциплината и пожртвуваност за Македонија ане казнети и од државата и од самиот лидер на единицата!




Тоа е се народе за денес...повелете на лаф-муабет подоле во коментари.... плачење, жалење.... јас одам да делам рефунд!

HAUG!

[Аминта] ДНЕВЕН БИЛТЕН No.1 [ЗА РЕФУНД ДЕ!]
http://www.erepublik.com/en/article/-no-1-1-1829674/1/20