Рефунд Систем 3.0 - Проширен и надграден!

Day 1,522, 14:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Поздрав горди Македонци!

Како што ветив во минатата статија, а и според коментарите на повеќемината, проблематиката која што ја споменаа исто така не мачеше и нас, дали да се дели по потрошен тенк или пак по направена штета. Ги споивме двете во една проста формула направената штета * 0.00045 денари + потрошен тенк * 5 денари. Ова е досега најреалниот рефунд што може да се направи.
НАПОМЕНА: Алиса не го пресметува ударот со базука.

Во прилог се денешните два УДАРА со кои помогнавме во три битки на нашите сојузници.
http://goo.gl/FpSGV

Принципот на свикување на УДАР беше претходно објаснет, но мора да се напомене повторно:
УДАР се свикува минимум 1 саат претходно во точно договорено време. Војниците се собираат на каналите и чекаат наредби. Откако ќе се креира нова база на податоци во ботот Алиса, се информираат војниците дека треба да се внесат во базата. После одредено време, каналите се мутираат и повеќе нема внесување. По ова, војниците чекаат наредба за УДАР (најмногу една битка) по што се прави пресметката за реализирани удари и нанесена штета.

Верувам дека полека сите ќе се навикнеме на овој начин на функционирање на војската и ќе можеме да понудиме повеќе помош за нашите сојузници, а и оние што се најактивни и најдисциплинирани да добијат соодветна награда за тоа. И најдобро од се, повеќе нема да се расфрламе со државни пари и тенкови, на кои не знаеме каде им е крајот.

Имено, рефундот од државата не значи секој да добие тенкови колку што има ФФ во моментот. Тоа е неизводливо и се што ќе прочитате настрана од ова е чиста манипулација и глупост. Дневно државата може да пазари 2900 тенкови, под услов сите пари да ги вложи во тоа. Но, разберете и сите тие тенкови да ги разделиме, повторно нема да има за сите. Државата не е должна на сите да им дели тенкови да маваат каде сакаат и кога сакаат. Државата го искористува рефундот да насочи штета во одредени моменти, најчесто важни битки за неа или за нејзините сојузници. Секој оној што мисли дека со рефундот од државата може да си ја издржува единицата, подобро нека ја распадне.

ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОЈАТ ДРЖАВНИ ЕДИНИЦИ!

За оние што не го познаваат системот на водење на една битка и нејзина победа сакам нешто да разјаснам. http://www.erepublik.com/en/article/the-economist-following-orders-1943468/1/20
Оваа статија многу убаво го објаснува учинокот на еден поединец во секоја битка, во секоја поголема и помала битка. Ако мислите дека битките се добиваат хаотично, без прецизни и времени команди, се лажете. И секој што ќе напише поразлично од ова се лаже. Битките се добиваат со гледање во едно прозорче, Battle Monitor по што се проценува кога спротивната страна го дава најјакиот нејзин удар, и во тие моменти е клучно да се удри назад. Многу од вас не се свесни, но Македонската Фаланга игра клучна улога во скоро сите поважни битки во Македонија. Клучна улога, затоа што тоа се дисциплинирани и пожртвувани момци и девојки, кои се спремни да останат и повеќе од потребното време за да се победи во војната. Тие треба да се пример како најдобро функционира една единица!

Многу од единиците нема да се сложат со овој принцип на рефунд, затоа што досега биле толерирани премногу од сите оние што биле на власт, само за да не се плука по нив. Тоа повеќе нема да се случува. Еве реален приказ која единица колку вложува во себе и во својата дисциплина и начин на работа.

Добив најава дека некои единици сакале да си одат од Македонија, не знам поради која причина. Ги повикувам да останат и да ја бранат еТатковината како и сите ние. Најлесно е да избегаме и да не се соочиме со проблемите. Повелете, знаете каде може сите нас да не најдете, дојдете и ќе се разбереме. Верувам дека со сите може да се договориме како и што понатаму и да ги убедиме дека овие принципи на распределба на рефундот се најобјективни до сега.

Денешниот рефунд, ќе биде поделен во текот на вечерта според оваа листа. Ако има измени Ве молам навреме да ме контактирате.
https://docs.google.com/spreadsheet/ccc?key=0AlFMwmBvnnnLdGoxYmR6czh2X3dkS1pQdHV5NUNWZnc#gid=0

Оние единици што досега немале добиено рефунд никогаш од државата, да пишат порака до мене и да ми кажат претставник кај кого да се префрлат парите.

ПРЕГЛЕДАЈТЕ ГО ДОКУМЕНТОТ ПОГОРЕ, АКО ВАШАТА ЕДИНИЦА НЕ Е ВО СПИСОКОТ, ПРАТЕТЕ МИ ПОРАКА СО ЛИНК И ЕДИНИЦА ДА ВЕ ВМЕТНАМ!

Со почит,
Трале Наш

П.С. Македонската Армија - http://www.erepublik.com/en/article/thank-you-macedonia-1-1949949/1/20