Следење Наредби!!! [Tash]

Day 1,522, 07:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Tashanka

Здраво Македонијо!

Ова е моја прва статија и со неа нема да измислувам топла вода туку сакам да помогнам колку толку во градењето на нашата еДржава и затоа се одлучив да го објавам следново:


Напомена: Статијата е превземена и преведена со одобрување на Најпознатиот Економист и Аналитичар на играта Iain Keers

Статијата е преведана со цел што повеќе наши играчи да ја видат и разберат т.е со еден збор како до подобра еМАКЕДОНИЈА!!!

Низ шаутите имам забележано прашања, од страна на играчи од различни земји и алијанси, како “Зошто никој не се бори за нас?” или “Зошто наредбите од мојата единица не се = линк од некоја домашна битка=?”. Затоа одлучив да го објаснам ова со помош на MS Paint и Microsoft Word.



Најпрво, да претпоставиме дека си просечен војник. Имаш околу 3000 сила со чин General***. Во играва си околу шест месеци. Графиконот погоре ја покажува твојата штета со 65 ФФ (food fight) во споредба со мојата штета со исто толку ФФ (food fight). Како што можете да видете, јас правам поголема штета поради мојата поголема сила и повисок чин.


Во овој графикон можете да ја видите штетата што јас ја имам направено со 65 удари во споредба со штетата на ScymeX. Секако ScymeX вообичаено тенка, па прави многу повеќе штета од оваа. Но, ова е само начин да прикажам дека сум далеку послаба од силен играч како што е ScymeX.


Овде се споредени штетите од UK Special Forces со онаа од Serbian Special Forces, воена единица која може да направи огромна штета. Тие се број 1 мобилна воена единица во светот и можат да направат штета од 35 милиони во една битка. Честопати прават над 200 милиони штета на ден, па овие 35 милиони и не се многу за нив.


Оваа слика прави споредба помеѓу штетата направена од SSF и вкупната штета направена во една мини битка каде удира цела алијанса, а десетици милиони штета се прават од двете страни. Дневно ONE и TEDEN прават околу 3 билиони штета, па во случај на вакви мини битки голем број војници пукаат од двете страни. Позади секој ScymeX има стотици обични војници кои пукаат со што придонесуваат да се држи ѕидот стабилен, па тенковите можат да го одржуваат зидот само со мало туркање.


Во вакви битки, твојот придонес е 0.025% од вкупната штета што е направена. За да се победи во таква битка потребни се околу 4000 обични војници – иако во една битка најголемата штета е направена со тенкање или удари од посилни воени единици како што е SSF. Дури и во обична мини битка, каде нема тенкање, придонесот од индивидуалци и многу мал.


МАЛ ПРИДОНЕС,НО ПРЕМНОГУ ВАЖЕН!
Доколку не пукате на вистинското место, противниците ќе извојуваат победа. Тенковите и припадниците на воените единици се активни на IRC, па затоа навреме се информирани за тоа што се случува. Обичниот војник ја нема таа можност, па мора да им верува и да ги следи наредбите на неговиот командант или лидерот на воената единица.

Ако се трошите во битки каде немате помош, вашите пари и штета се залудно фрлени.

Единствениот начин да се одбраните е да се држите заедно и да се борите заедно како една Фаланга. Со вашата поделба се дели и вашата штета, па непријателот може да ги освои вашите региони. Вашата земја, вашата алијанса (без обзир која е) се темели на граѓани кои ги следат наредбите од нивните единици и не ја трошат залудно штетата. Ако битката не е приоритетна, еПретседателот и лидерите на воените единици не сакаат војниците да се трошат таму. Губењето на битка за само 1% значи дека се губат милиони штета кои можат да бидат искористени во друга битка.


Исто така, ниту една земја не може да победува без сојузници. Тоа е невозможно затоа што противникот ќе ја искористи слабоста што се борите сами и ќе извојува победа. ONE се состои од 9 земји додека во TEDEN има еден куп земји, па затоа очекувајте дека 90% од наредбите ќе бидат насочени кон помагање на сојузниците. Но во останатите 10% од времето ќе ја имате помошта од вашите сојузници и всушност ќе успевате да постигнете успех.

Ако се борите само за себе, ќе се борите сами. Ако се борите сами, ќе губите. Запамтете го оваа златно правило и нема да погрешите.



И не заборавајте воут и саб 😉




За шаут:

Следење Наредби!!! [Tash]
http://www.erepublik.com/en/article/-tash--1949878/1/20