Трета Смена

Day 1,522, 18:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


3та смена

Бидејќи ова ми е прво обраќање кон јавноста, немојте да ми замерите за случајните грешки.

Деновиве бев дел од една акција во доцните часови, која резултираше со успех. И се би било сосем нормално доколку беше однапред испланирана, но не беше. Арагорн пушти шаут во кој побара доброволци кои би пукале заедно со него на Т1. Се пријавивме дестина души, секој со своја опрема и како што се договоривме, така и направивме. Ѕидот го превртевме, а битката ја добивме.

Денес излезе една статија на Ташанка, во која што е најпросто објаснето како функционира оваа игра. Најпросто, но во исто време и најефикасно! Кој не ја прочитал, најтопло му ја препорачувам.

Во ноќната смена имаме над 100 играчи кои што се онлајн секоја вечер. Како што е објаснето во статијата, сите поединечно не можеме ништо да направиме. Доколку се собереме барем 20 војници и секој од нас да направи по 200к инфлуенс во битка која што ќе биде приоритет на Македонија или на сојузот, верувам дека нема да ги губиме сите ноќни битки, а и нема да зависиме толку многу од земјите што се во друга временска зона.

Се ова ме натера да размислам како да го канализираме тој „фрлен во вода“ инфлуенс. Со одобрување од Трајче Наш, направивме канал каде што ќе се собираме сите од 3та смена, а исто така и преку групна порака. Членувањето е на доброволна основа бидејќи на почеток нема да бидеме финансирани од никој.

Да си ја направиме играта поинтересна, секој што е заинтересиран може да ми пише приватна порака во која што ќе му биде вратена Гугл форма, за да знаеме со колкав капацитет располагаме. (Не ја објавуваме јавно заради можност од спам, а со тоа и непотребна дополнителна работа.)

МикиАрхангел

П.С. Види, види... прво обраќање, па преку МоД весник 😁)