Интервјуа со дел од поранешните Претседатели на еМакедонија [Мин. за Инфо.]

Day 1,468, 11:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав еМакедонијо

Почитувани еграѓани на Македонија денеска ќе имате можност да видите дел од интервјуата направени со поранешните Претседатели на еМакедонија. Исто така да напоменеме дека овие интервјуа ќе бидат поделени во два дела (две статии).
Во продолжение видете ги интервјуата





Интервју со United Macedonia

1. По што се сеќаваат граѓаните на вашиот мандат?
United Macedonia-Треба нив да ги прашате за тоа, но според мене веројатно се сеќаваат на конфликтите со Бугарија и проблемите настани со нив.. добивањето на подршка од тогашниот сојуз Феникс на Македонија иако Бугарија се противеше на тоа и и беше одбиено ветото. Формирање на првите функционални министерства, помошта кон новите играчи.. формирање на првите воени единици иако не баш најдобро. И собирање на големи државни средства (злато) скоро 10.000 во првите 2 месеци од мојот мандат. И секако одбрана на државата од ПТО странски сили ..

2.Дали граѓаните ви дадоа подршка во вашата улога на претседател на еМакедонија и како?
United Macedonia-Првиот мандат биравме на форумот и подршка ми дадоа постарите играчи, незнам точно колку на број сепак ми дадоа подршка. Потоа на вториот мандат имав подршка и од новите веќе дојдени играчи што ми значеше.

3. Дали е тешко да се води еМакедонија?
United Macedonia-"Нормално бара посветеност голема со тоа и станува тешко, има секакви прљави игри од кои треба да се пазиш и нормално добро да ги играш. Посебно важна е поставеноста во дипломатијата во еСветот, ако тоа ти е како што треба голем дел од работата е завршена.. останатиот процент е на слогата во државата како и тимот што работи околу тебе.
"


4. За која одлука што сте ја донеле се каете?
United Macedonia-За одлука не се каам, само мислам дека во минатото требаше да избегнувам некои беспотребни конфликти од страна на луѓе кои не ги бива за ништо освен за провоцирање и беспотребно обвинување ..

5. Што не направивте, а сакавте да направите?
United Macedonia-"Не направив голема ДРЖАВНА армија а тоа сакам да го направам иако немам време за тоа, важно мислам дека најголема грешка е тоа што сите играчи не се во 1 голема единица државна поделена во бригади..
значи без поделби сите ќе бидат исти и ќе добиваат исто."


6. Колку часа во денот одвојувавте за еМакедонија?
United Macedonia-Многу.. цело слободно време порано, сега по ептен малце. Доста е..

7. Како ја оценувате сегашната состојба во еМакедонија?
United Macedonia-Владата е горе-доле добра, само фали во државата мотивираност и нови цели кон кои ќе се стремат Македонците вака е досадно ..

8. Кого би можеле вие да предложите за иден претседател на еМакедонија?
United Macedonia-Саша Мијалков (ДБК) овај Voix of Macedonia де 🙂

9. Дали повторно би се кандидирале за Претседател на еМакедонија и зошто?
United Macedonia-"Можно е, но кога ќе имам многу повеќе време за да се посветам како треба. Мразам највеќе несериозност на одговорни функции така да нема да се кандидирам ако немам доволно време за буквално се во еДржавава.
А зошто ? веројатно да направам нешто поинтересно да биде во државава, да направиме нешто што до сега не сме го направиле ете пример Македонија да стигне до Индија 🙂"




Интервју со DedaNoe

1. По што се сеќаваат граѓаните на вашиот мандат?
DedaNoe-"Првата целосна окупација на Грција, Египет и С. Арабија.
И по ""Апулија"" со која затворивме фронт со хрватска"


2.Дали граѓаните ви дадоа подршка во вашата улога на претседател на еМакедонија и како?
DedaNoe-Да, добив рекорден број на гласови но и бројни навреди ради "Апулија"

3. Дали е тешко да се води еМакедонија?
DedaNoe-Имаме голем број активни играчи со постојани побарувања за нови походи и победи... и тешко е да се задоволат сите - минимум 15 часа активност пред компјутер. (зборувам за 3 мандати кои ги осетив на моја кожа)

4. За која одлука што сте ја донеле се каете?
DedaNoe-За ниедна.

5. Што не направивте, а сакавте да направите?
DedaNoe-Да продолжам кон Арапските емирати, Индија и Кина.

6. Колку часа во денот одвојувавте за еМакедонија?
DedaNoe-18-20

7. Како ја оценувате сегашната состојба во еМакедонија?
DedaNoe-Попуст....

8. Кого би можеле вие да предложите за иден претседател на еМакедонија?
DedaNoe-Маја, Јунајтед, Лазароса, Струме, Кирил, Иван Ванчо, Хобан, Феликс, Бобан Митровски, Канопи...

9. Дали повторно би се кандидирале за Претседател на еМакедонија и зошто?
DedaNoe-Би... ако некој од овие погоре наведените неможе.




Интервју со Don Tas

1. По што се сеќаваат граѓаните на вашиот мандат?
Don Tas-Тоа треба да ги прашате нив! Мислам дека најмногу по тоа што бев онлајн многу често, им одговарав на сите на пораките, не одбив никога што бараше некаква помош...

2.Дали граѓаните ви дадоа подршка во вашата улога на претседател на еМакедонија и како?
Don Tas-Да! Се чувствува веднаш дали имаш поддршка или не. Најмногу е потребна поддршката кога се губи. На почетокот на мојот прв мандат во септември губевме на сите фронтови, останавме на една територија, но еден лош коментар не прочитав, зашто сите беа свесни дека со мојот тим правиме максимум. Но некогаш толку се може!

3. Дали е тешко да се води еМакедонија?
Don Tas-Иако сме силна земја, сепак е многу тешко да се води еМакедонија. Најпрва задача на секој претседател е да ги обедини воените единици, да го насочи инфлуенсот на право место. Ако тоа се среди, останатото е полесно

4. За која одлука што сте ја донеле се каете?
Don Tas
-"Две грешни проценки имав за време на моите два мандати.
Првата, кога, заради некоординираноста на Конгресот беше пуштен НЕ закон на Кина, а Грција не напаѓаше од горе, решив сами да дигнеме востание во тогашниот главен град Ред си Кост, за да ги елиминираме 10% предност што ги имаше Грција со НЕ бонусот. Го изгубивме востанието и главниот град.
Втората, што веднаш на почетокот на вториот мандат не го нападнавме Кипар. Досега ќе бевме кон Индија. Но, напишав веќе неколкупати од почит кон Лазократите, решив да почекам малку, да дадам предност на мирното решение. Во меѓувреме Грција ослободи неколку региони и помина времето."


5. Што не направивте, а сакавте да направите?
Don Tas-"Одговорот на ова прашање е содржан во претходното прашање: Индија, Кина, можеби Австралија.
Сакав да ја направам играта поинтересна за е Македонците. Видете ја Хрватска е во Мексико, Србија и Полска во Америка, Бугарија во Литванија, Романија во Латвија, Шпанија накај Бразил...
Само ние се отапивме на Блаканот."


6. Колку часа во денот одвојувавте за еМакедонија?
Don Tas-Минимум 15 часа

7. Како ја оценувате сегашната состојба во еМакедонија?
Don Tas-"Треба почести статии од Претседателот. Народот наш нема никогаш да те обвини ако губиме, а ако си присутен, ако си постојано меѓу него.
Моментално губиме, но во војна губиш и победуваш. Не можеш постојано да победуваш. Денес губиме, утре пак ќе победуваме. "


8. Кого би можеле вие да предложите за иден претседател на еМакедонија?
Don Tas-Сум напишал повеќе пати. Мислам дека одлични претседатели можат да бидат: Бобан Митровски, Лавчан, Воикс, Елче Г, Хобан... во последно време гледам и Шмекерот пројавува политички амбиции... Има еМакедонија добри момци и девојки што можат да застанат на чело на државата

9. Дали повторно би се кандидирале за Претседател на еМакедонија и зошто?
Don Tas-Во следниот период не планирам, на Македонија и треба свежа крв, освежување.





Следните интервјуа со поранешните Претседатели на еМакедонија ќе можете да ги видите ви наредните денови.

Министерство за Информирање

Министер: Златко Каскаревски
Замениците: Girl from MACEDONIA и
svetecot