[Petar II Makedonski]Запознајте ја МАКЕДОНИЈА(3) - Дебар

Day 1,468, 11:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Petar II Makedonski

Дебар е град во западниот дел на Македонија.


1.Историја:
Првиот пишан документ што го спомнува Дебар е картата на Клавдиј Птоломеј, направена околу средината на 2 век во која се нарекува Deborus. Византискиот император Василиј II знаел за неговото постоење, додека Феликс Петанчиќ го нарекува овој град Dibri во 1502. Во времето на османлиската империја Дебар бил дел од Битолскиот вилает. На почетокот на 19 век Дебар се побунил против турскиот султан, и во овој период, како што тврди еден француски патеписец - Дебар имал 64 продавници и 4200 жители. На крајот од векот, градот имал 15500 жители, но после Прва Светска војна, овој број се намалил.
Во 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси во Македонија , Бугариjа, Србија па дури и во Русија. Кон крајот на 18 век, во дебарскиот затвор бил затворен и измачуван од турските власти големиот македонски преродбеник Григор Прличев, кој убаво го има опишано Дебар во својата автобиографија.
Поради својот економски процут, богатството на своите жители и прочуеноста на дебарските мајстори-градители и ѕидари во времето на Отоманската Империја постоела изреката: „Ако Стамбол изгори, Дебар ќе го изгради ама ако Дебар изгори никој неможе да му помогне“.

2.Население:
Според последниот попис што е направен во 2002 година во Дебар има 14 561 жители.

3.Туристички места:

Манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Женски манастир


Дебарско езеро

4.Познати личности:
Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 - 22 септември 1944), народен херој на Македонија;
Иван Серафимов Аговски (1887 – 1925)

5.еДебарчани:
Coksi
(пишете ми пм ако знаете некој)