Колку се исплатливи q5 пекарите?

Day 1,455, 14:43 Published in North Macedonia North Macedonia by TrajcheE

Пред некој ден размислував на оваа тема, па направив подетална математика и видов дека е многу голд фрлен за џабе.

Епа сите како што знаеме да направиш q5 компанија за леб потребни ти се 360 голд или ако е фатен попустот 180!

За да направиш q2 компанија за леб потребни се 30 голд или 20 вкупно ако е изградна за време на попустот.
За да изградиме 3 q2 компании ни се потребни 90 голд или 60 за време на попуст.

Еве јас направив една математика која фабрика е поисплатлива

Моментално произведуваме 180 лебчиња.
Значи со q5 компанија ни се потребни 900 материјали.

Материјалите моментално се по 0,28
900*0,28= 252 мкд
Произведуваме 180 лебчиња * 3,02 = 543 мкд

За q2 компанијата ни се потребни 360 материјали, а доколку ги имаме 3 фабрики 1080 материјали

1080*0,28 = 302 мкд
3 q2 фирми * 180 = 540 лебчиња
540 лебчиња * 1,16 = 626

180 q5 = 1800 хелт
540 q2 * 4 = 2160 хелт

Што значи?
Со q5 компанија вложуваме 252 мкд, заработуваме 543,а во ќар сме 291 мкд
Со 3 q2 компании вложуваме 302 мкд, заработуваме 626, а во ќар сме 324 мкд.

Гледам дека во коментари некои се бунат дека со q5 можело да вработуваш.
Ќе направиме математика и за тоа

1082*0,28 = 302 мкд за материјали
Произведуваме 180 лебчиња * 3,02 = 543
200 мкд (плата) + 302 = 502 мкд, во ќар сме 40 мкд.
Дали вреди да седиш по цел ден на Job маркетот да заработуваш по 40 мкд од еден, а знаеме златото колку е 1 голд = 1000 мкд сме потрошиле околу 100 000 денари повеќе, па сеа види ти кога ќе ги извадиш тие пари со вработените.


Сме фрлиле 360 или 180 голд за q5 компанија, а за 3 Q2 компании 90 или 60, па проценете сами што е поисплатливо 😉
Се надевам дека ви помогнав до некаде со вашите економски проблеми и сомнежи.

Со почит,
Трајче
о7