Каде и како понатака - МЕХАНДЖИЈСКИ!!!

Day 1,402, 12:36 Published in North Macedonia Chile by Mehandzijski


Поздрав еМакедонијо!!!!

Веке неколку дена се мислам да напишам еден артикл во врска со случувањата во нашата мила виритуелна земја,се размислував многу што поточно да објавам,се рамислував како да склопам со зборови она што во моментов се случува и заклучив дека единствено објаснување е она што на сите не ни се допаѓа да го признаеме - КРЕНАВМЕ РАЦЕ ОД еМАКЕДОНИЈА!!!!!
Чувствувам дека веке на никој не му е гајле за еМакедонија,нарочито на оние кои треба да ја водат земјата,нема никакви решенија,нема никакви планови - едноставно ја играме играта ден за ден па што ке биде нека биде!
Но не би застанал само кај челниците,играва е стратегиска и се е поврзано како домино ефект - додека челниците немаат идеја како да ја подобрат ефикасноста на еМакедонците еМакедонците си прават се што душа им посакува без никакво размислување што ке се случи со еМакедонија - ако тие земаат туѓи државјанства,ако тие бркаат знаменца и не пукаат за еМакедонија ако тие развиваат економии купувајки од други земји а продавајки у еМакедонија што со еМакедонија,епа еве го ефектот,еве што се случува со еМакедонија,еМакедонија од голема империја поради себичните интереси на сите пропаѓа!!!!!
Па затоа и сите ќутат,затоа нема веке пљук пљук по одредени групации,сите знаат дека сите го прават ова погоре напишаното.Сега е моментот кога треба да се запрашаме што ке правиме,што понатака - Дали ке продолжиме со ваквата игра или ке застанеме и ке се освестиме зашто сме тука на оваа игра - што се нашите цели и приоритети,дали ке гледаме како на играва како поединци или ке се здружиме и ке напредуваме како вистинските еМакедонци кои бевме претходно!

Според мене навистина вреди да се размисли на каде ке тргнеме и мој предлог е веке еднаш да ја направиме таа еМакедонска армија,сите генерали на своите единици мора да решат дали ке ги жртвуваат своите единица за сметка на подобрување на играва и конечно кревање на еМакедонија онаму каде што и е местото - помеѓу најјаките земји во еРепублика!
Вреди да се размисли и во живо да се договори кој ке ја води оваа еМакедонска армија во освојувања на нови територии за еМакедонија!
Вреди да се обединиме и да решиме еднаш засекогаш што понатака и каде понатака!
Мојот концепт за еМакедонска армија е познат на повекето играчи,се ставив во служба на еМакедонија давајки ваков предлог без никаква тајна мисла - а за оние кои незнаат ке го повторам најглавното - Најактивните играчи на еМакедонија мора да се обединат и да се стават у служба на еМакедонија без разлика кој е у конгрес а кој е претседател - мора да се изберат генерали на оваа војска,генерали кои доброволно своето играње ке го стават во служба на еМакедонија а не во сопствен или парамилитарен интерес и на крај армијата реално да биде исполнета од активни играчи кои во секое време можат да застаната во одбрана на еМакедонија или во напад за еМакедонија.
Армијата е вистинската сила на еМакедонија,таа до сега мораше да се направи и единствена грешка за што не постои е што сите претседатели и сите генерали на парамилитарни единици размислувале прво за себе и своите па после за еМакедонија.Ако ова се надмине и ако генералите на единиците се освестат дека ова мора да се случи еднаш тогаш претседателот на еМакедонија е должен да помогне во секој момент ова да се оствари - кога оваа идеја ке се оствари тогаш и само тогаш ние ке продолжиме да владееме со играва инаку ке се вртиме у круг и само се повеке и повеке ке губиме играчи!
Не ве малтретирам веке,знам дека е голем текстов но тоа е што јас знам и што можам да го понудам од мене - кој може повелете разработете ја идејава и направете играва да тргне нагоре за нас еМакедонците како што заслужуваме!!!!