М.О.С. Претседателска објава - КАНДИДАТИ ЗА КОНГРЕС !!!!!!!

Day 1,281, 05:44 Published in North Macedonia Chile by Mehandzijski

Поздрав еМакедонци!!!!!!!!
Како и што ветив по моето доаѓање за претседател на Македонските Оружани Сили М.О.С. партијата веке денес сме трета партија по големина во еМакедонија.Концептот кој што беше замислен за парамилитарна партија функционира,сите обединети единици станаа политички моќни преку М.О.С.!!!!!!!

Со овој текст во весников сакам прво да го образложам делувањето на партијата во иднина а воедно и да ја обелоденам кандидатската листа на М.О.С. партијата!

Прво околу концептот на делување – бидејки уште има незапознаени единици со тоа како и што се работи во М.О.С.
- Прво и основно М.О.С. партијата не е чисто политичка партија,не делуваме со плукања и препукувања за да го омаловажуваме противникот,ние сме парамилитарна партија која е сочинета од обединети воени единици политички дејствуваме прво во интерес на еМакедонија а после во интерес на самите единици!
- Не се караме и плукаме бидејки противникот ке го поразиме како војници,на бојно поле,гордо и достоинствено!
- Доколку утре добиеме(а ке добиеме) наши застапници во конгресот тие пред се ке бидат координирани од Претседателството на М.О.С. со интерес како да се подобри играта и да се заштитат воените единици во себичното играње,кога е еМакедонија во прашање нема интерес на поединци МОРА ДА СМЕ ОБЕДИНЕТИ,само така ке бидеме појаки!
- Сите воени единици се добредојдени,доколку сакате да имате ваш политички претставник повелете на нашиот канал МОС ПАРТИЈАи таму ке ви се презентира јасната слика за военото единство во еМакедонија!
Ова е прво вакво дејствување од креирањето на еМакедонија во играва,јасно е дека админите играва ја претворија во перална на пари преку военото поле – затоа и мора да ги штитиме воените единици,тие се јачината и егзистенцијата на еМакедонија,со М.О.С. веке нема да дозволиме ниедна влада да се подигрува со единиците и да ги користи како кусур за раскусурување – ние единиците како по армиските канали така и овде пред вас сите ке бидеме силата на еМакедонија!

Нашите војници за овој состав на конгрес како престедател на М.О.С. гордо ги претставувам :
- carlixxx
- PanchoVillaMKD
- markooMKD
- Mitko Makedonecot
- C U D O
- MrGangster007
- 14Walcott
- PaneMK
- ZohanMKD
- Vlatko.1984


Се надевам дека правиот избор ке го направите и вие избирачите кои не сте во воените единици,после толку време играње мислам сите научија дека воените единици ја движат играва затоа и во интерес на цивилите е претставниците на конгресот да се припадници од воени единици кои се докажале и покажале како фер играчи и луѓе кои помагаат на своите сограѓани и пријатели во играва!

Толку од мене,на вас е утре да решите каква игра ке играте во следниот месец !!!!!!