1 година MTO / anniversary MTO = P A R T Y ! ! !

Day 1,463, 17:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot



Почитувани Македонски и меЏународни публикуме!

....дојде и денот за одбележување на првата годишнина на нај мистичниот, нај светиот, нај ангажираниот и нај добро организираниот ред на воини некогаш формиран во eМакедонија - Македонските Темплари!
Темелите на највисоката ложа на свети воини кои беа поставени пред точно една година а денес веќе се појачани со потпори за да ја додржат тежината на илијадници регрути Темплари и повеќе од 100 елитни воини!

А се почна така стихијно, ентузијастички и пожртвувано...
помнам како да беше некни кога беше објавена првата статија за официјално основање на единивата МТО - MACEDONIAN TEMPLAR'S ORDER
...без многу големи очекувања но со солиден одзив и почетен успех.
Дел од првите членови и основоположници може да ги најдете и во комантарите на статијава.



Пожртвуваноста беше голема. Од сопствени средства, што би рекле од самопридонес се основаа и првите фирми кои почнаа да не ранат најпрво со леб а дури потоа со оружје. Ја славевме секоја наредна надградба на МТО фирма, секое основање на нова, секој поделен тенк....
Не беше лесно, но беше слатко и гордо да кажеме дека сами од свои средства, без државни пари или злато (ианко ни беа ветувани од повеќе претседатели -никогаш не ги добивме) успеавме да се издигнеме денес во најака единица во еМакедонија!



Така одлучно и решително го изодевме трниливиот пат до врвот. МТО приклучи и промовираше многу големи борци од и во своите рефдови, засега само еден Претседател и првата жена лидерка на една МУ во еМакедонија а и воопшто на еРепублик, најголемата еРепублик журка некогаш организирана во Македонија (09.07.2011, Студио 54, Скопје,) *слики тука .... и многу успешни Конгресмени кои достоинствено ги бранеле боите на Македонија и МТО!

Се појавија и доста следбеници на МТО што го носат нашиот аватар а делуваат вонинституционално надвор од МТО т.н. богомилско движење во еМакедонија 😉



Без должна скромност можам да кажам дека МТО денес прерасна во СУПЕРБРЕНД помеѓу воените единици во еМакедонија.
се надевам како позитивен пример ќе останеме и во иднина како патокоз за сите следни, сите идни единици во еМакедонија.

Никогаш не сме ја напуштиле еМакедонија, никогаш не сме се откажале од својата основна цел и задача - ДОСТОЈНО ДА ЈА БРАНИМЕ СВЕТАТА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА!



По повод големиот јубилеј - 1 година од основањето на МТО во недела ќе одржиме “таен“ собир на највисоката ложа на Темплари во Скопје во истоимената кафана... кој ќе се снајде нека нис е приклучи 😉

а бидејќи сакаме да ја споделиме позитивната енергија, рецепт за успех и радост и забава со сите останати во еМакедонија, помпезно најавуваме ГОЛЕМА ЖУРКА следнава недела во Скопје со DJ MAX (првиот DJ Темплар + појачање од трбушни плесачици за 18 год +) 😁)
За локацијата и времето на оваа журка ќе бидете подетално известени во наредните денови!

Верба во Бог, Македонец до гроб!
МТО - Macedonian Templar's Order!