Кратки интервјуа со кандидатите за претстојните избори [Мин. за Информирање]

Day 1,453, 06:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Поздрав еМакедонијо

Се потрудивме да направиме кратки интервјуа на некој од кандидатите за прдстојните избори. Овие избори што ни следат се за избор на преседател на партија. Ќе се потрудиме сите партии да влезат во оваа статија и со тоа да бидете информирани за сите партии и за повекето кандидати од партиите во еМакедонија.



Obedineta eMakedonija
1. Поради која причина се кандидирате?
-The Great Macedonia - Најидеална 🙂
-ColdWater - Се кандидирам за да ја вратам старата ОеМ...Да ја направам најголема партија во Ерепублик...
-Psycho1992 - За подобрување на државата се разбира

2. Кои се вашите планови со кои мислите дека ќе победите на избори?
-The Great Macedonia - Па мислам дека имам доволно искуство и знаење за играва и мислам дека тоа ке се причините за да победам на овие избори.
-ColdWater - ...
-Psycho1992 - Придобивање на гласовите од играчите !!!

3. Доколку победите, што прво би направиле во рамките на партијата?
-The Great Macedonia - Најпрвин би спровел малку ред и дисциплина во партијата и би ги сплотил сите заедно бидејки заедно ке можеме да постигнеме поголеми успеси и достигнувања.
-ColdWater - Значи повеќе ќе се ангажирам кон повикување на се повеќе членови...Исто така ќе ги одберам заслужните играчи за кандидати за конгресмени!
-Psycho1992 - Незнам ќе видимее тоа само ќе си дојде по себе !!



MRDLjS
1. Поради која причина се кандидирате?
-Captain Igor - Поради тоа што имам голема активност во играта во политичкиот дел и ќе бидам одличен претседател на една голема партија како МРДЉС

2. Кои се вашите планови со кои мислите дека ќе победите на избори?
-Captain Igor - Уште се во изработка, но главно треба да си одлучат граѓаните за тоа.

3. Доколку победите, што прво би направиле во рамките на партијата?
-Captain Igor - Тоа што има потреба. Кога ќе стапам на функција ќе се види што треба да се смени.



ZPeM
1. Поради која причина се кандидирате?
-Branislav1995 - ЗПеМ стана неактивна партија,доживеа дебакл на последните конгресни избори.Се кандидирам за да ја вратам горе на врвот каде што и припаѓа

2. Кои се вашите планови со кои мислите дека ќе победите на избори?
-Branislav1995 - Па мојот прв план пред се е да ги соберам сите симпатизери на ЗПеМ,сакам тие да станат активисти во партијата.Колку сме побројни во раководството,активноста се зголемува и се поголеми шанси за победа

3. Доколку победите, што прво би направиле во рамките на партијата?
-Branislav1995 - Па ке формираме ново раководството на партијата,ке одбереме нејзин потпретседател,секретар.Ке почнеме уште од сега да размислуваме за конгресните избори



Macedonian Order-United Party
1. Поради која причина се кандидирате?
-Goran Vodovodata - Да земам слава и голд
-Orce Jovev - Да видам како е 🙂
-DiplomatMk - Поради политичко искуство во РЛ и никот...

2. Кои се вашите планови со кои мислите дека ќе победите на избори?
-Goran Vodovodata - Да го разделам голдот што ќе го земам и да добијам уште повеќе слава
-Orce Jovev - Ќе ветам нешто и да молам да ми поверуваат
-DiplomatMk - Планот ми е да победам на избори и да го кандидирам Voix of Macedonia за претседател на еМакедонија

3. Доколку победите, што прво би направиле во рамките на партијата?
-Goran Vodovodata - Би ги донирал сите мои голд и пари
-Orce Jovev - Ништо не менувам,се е ОК 🙂
-DiplomatMk - Реално би се грижел за сите членови и единици, реална поделба на конгресменски места, активна кампања итн.



M.o.S.
1. Поради која причина се кандидирате?
-Mehandzijski - Успех и подобрување на политичкиот модул во еМакедонија

2. Кои се вашите планови со кои мислите дека ќе победите на избори?
-Mehandzijski - Обединување на единиците преку M.o.S

3. Доколку победите, што прво би направиле во рамките на партијата?
-Mehandzijski - Прво ќе се изберат единици од кои ќе се направи партиски совет, секој водач на единицата ќе има свое место во советот на M.o.S



Makedonski Socijaldemokrati
1. Поради која причина се кандидирате?
-Temelce - Ширење на социјалдемократската идеја на еРеп
-Dimitry.mk - Сакам да се пробам во политиката на еРепублик

2. Кои се вашите планови со кои мислите дека ќе победите на избори?
-Temelce - Добрите резултати на последните претседателски избори
-Dimitry.mk - Ќе напишам програма со која ќе ги презентирам чекорите кои сакам да ги преземам во партијата

3. Доколку победите, што прво би направиле во рамките на партијата?
-Temelce - Да се почнат поактивни преговори со некоја партија за заеднички настап на следните конгресменски избори
-Dimitry.mk - Би го зголемил маркетингот на партијата за да привлечам повеќе членови



MAKEDONIJA PRED SE
1. Поради која причина се кандидирате?
-AfrikanecMKD - За донесување на сјајот на оваа партија која ја поседува.
-Petrika Janeku - Да се испробам во креирање на еден нов правец на работа на партијата

2. Кои се вашите планови со кои мислите дека ќе победите на избори?
-AfrikanecMKD - Чесно,без купување на гласови ќе се обидам да победам,мојата судбина зависи од довербата на членовите во партијата.
-Petrika Janeku - Поактивно учество и ангажирање за влез во конгресот, помош на сопартијците во храна, облека и сл.

3. Доколку победите, што прво би направиле во рамките на партијата?
-AfrikanecMKD - Би сум се обидел да ја зголемам бројката на партијата.
-Petrika Janeku - Би вовел членарина



MNP-Makedonska Narodna Partija
1. Поради која причина се кандидирате?
-drzoran - За да ја подобрам ситуацијата во саката партија.. и да биде партијата една од водечките во еМакедонија...

2. Кои се вашите планови со кои мислите дека ќе победите на избори?
-drzoran - Сега за сега нема планови 🙂 ,ќе видиме на денот на изборите ,партијата е мала за сега која има 15 членови , па нека одлучат сами за кој ќе гласаат ,дали сакаат партијата да биде како што била досега , или сакаат да напредува ,а и секако да имаме конгресмени , кои ќе имаат глас во еМакедонија...

3. Доколку победите, што прво би направиле во рамките на партијата?
-drzoran - Најпрво би гледал да соберам што повеќе членови... потоа работите ќе си одат сами по себе...



eVMRO - DPMNE
1. Поради која причина се кандидирате?
-Maloumen - За да не се случуваат детски работи со конгресмените

2. Кои се вашите планови со кои мислите дека ќе победите на избори?
-Maloumen - Реалност

3. Доколку победите, што прво би направиле во рамките на партијата?
-Maloumen - Ќе внимавам кој се кандидира за функција



Macedonian Empire
1. Поради која причина се кандидирате?
-bart1987 - Па нема некоја посебна причина

2. Кои се вашите планови со кои мислите дека ќе победите на избори?
-bart1987 - Немам некои планови ако победам победам ако не ништо

3. Доколку победите, што прво би направиле во рамките на партијата?
-bart1987 - 1 работа зголемување на бројот на членовите на партијата 2.ке се подржуваат само сериозни личности за конгресменски избори ...итн



KULTURNO UMETNICKI RABOTNICI
1. Поради која причина се кандидирате?
-ATGmk - Това се повечко ќе го финансирам и развивам културата во еРепублика

2. Кои се вашите планови со кои мислите дека ќе победите на избори?
-ATGmk - планови?

3. Доколку победите, што прво би направиле во рамките на партијата?
-ATGmk - Ќе мавнам две три жолти со шопска




еСрбија


еЦрна Гора


еСловенија


еБиХ


еХрватска




Не избрзувајте со заклучоци, имајте во предвид дека ова се само еден дел од палетата кандидати..

Искрено ваши,
Министерот Zlatko Kaskarevski
Замениците Girl from MACEDONIA и svetecot