Апел за стабилизирање на економијата ! [Aspadora]

Day 1,178, 03:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Aspadora


Крајна цел на секое стоково производство е проузведената стока да стигне до оние за кои е таа наменета-потрошувачите, односно да се продаде. А потрошувачите стоката ја купуваат за пари и на тој начин ги задоволуваат своите потреби. Пазарот е место кадешто се случува купопродажбата односно размена стоки за пари. Продавачот ја пренесува сопственота на производот на купувачот а за возврат на неговиот труд прима пари.
Пазарот се состои од понудувачи кои сакаат да продадат и побарувачи кои сакаат да купат. На пазарот се тргува и со работна сила. Најдобар показател како функционира пазарниот систем е прикажан преку односите понуда-побарувачка.
Понуда е она количество на произведени добра или услуги кои производителите им ги нидат на купувачите со цел да им ги продадат. Сите сакаат да купат поголемо количество од тие производи по најниска можна цена. Но кога на пазарот има конкуренција, производителите за да ги продадат цените се принудени да ја спуштат цената. А тоа ке го направат ако ги намалат трошоците за производство. Производителите кои успеале во ова се успешни , осваруваат добивка и профитираат.



Но драги мои производители-целиот систем е хаос. Секој може да е стопанственик , секој си произведува производи во обид да создаде монопол. Но кога 2000 играчи ке отворат по 5 фирми што претпоставувате ќе се случи?
Инфлација, ниски плати, откази, колапс на економијата на Македонија. Со преплавувањето на пазарот од разни производи цената на житото како основен продукт од 0.10,0.11 во времето на војна падна на 0.6. Што се случи со лебот ? Од речиси 1мкд за лебче од 2 здравје се случи пад на цената за 100 проценти. Ке беше одлично кога платите би останале исто како пред 1 недела. Но платите паднаа во исти сооднос како цените на производите па дури и повеќе, Со тоа падна и купувната моќ на парите, па затоа залудно ни е пола денар за лебче.
За 3 дена се случи ова, но со овој интензитет на падот и зголемување на понудата а намалување на побарувачката производите стануваат безвредни и ќе продолжат да паѓаат без никој да ги купува. Со тоа ќе паѓаат платите.
Потребно ни е брза интервенција од властите, да се повлече некаде граница и да се балансира пазарот. Отворете повеќе државни фирми. Со ваков интензитет некој странец ќе ни дојде и со 100-200 долари ќе ни ги купи сите производи за една десетина од реалната вредност бидејки ние нема да имаме плати доволни. За левел 9 работен левел платата од 23-4 мкд , падна на 13-со данок 11 денари. БРАЌА СЕ СЛУЧУВА КОЛАПС.
Според мое некое убедување единсвен излез во овој период барем додека не излезат новите ресурси е да си го чуваме златото, да прекинеме со отварање двоцифрен број на фирми и да се обидеме да стабилизираме економијата.
Според моите убедувања потребна ни е војна или евентуално тренинг војни за овој куп од производи да се истроши и колку толку да пораснат платите и производите. Ќе се случи набрзо со овој интензитет да е потребно да работиме цела недела за 1 голд. Да работиме за еден тренинг бустер. А како ние да војуваме? Ако како да придонесеме? Како да собереме пари за отварање фирми од новите производи.
Ја повикувам владата да излезе со конкретни мерки инаку ке пропаднеме. Владата објави вчера дека немаат никаква моќ врз настаните и се тотално очајни и без излез. Па зошто тогаш имате пристап до министерството за економија и државните каси?
Дајте им ги на некои поспособни. Многумина од вас и надвор од вашите кадри викаат па србите се бетер од нас и го користите како изговор? Па гледајте си дома во Македонија не кај србите. Апелирам за конкретни решенија, барем ОБИД да се стабилизираме. Какво е тоа министерство што кажува дека немаат никаква моќ врз економијата?