Ќорсокак

Day 1,401, 15:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Aspadora

По неколку месечна пауза од новинарскиот свет време е да го збогатам нашиот мошне сиромашен репертоар на статии со бар уште една.
Се сеќавам на времето кога човек ќе напишеше нешто на штоперица се броеја секундите колку истата ке потрае во лејтест... Ама тие времиња спласнаа, се помалку и помалку заинтересирани македончиња да лапнат медиа могул, што се должи на сега веќе пресушената река од нови играчи.

Пред само неколку недели држевме доста голем број на територии во Египет и Саудиска Арабија кои ни носеа во споредба со денес завидно производство на ресурси. Имено тогаш платите достигнаа и до 170 денари, произведувавме двојно од сега благодарение на бонусите но тоа задоволство не ни го препуштија Кинезите. Нивниот напад, координираноста во битките со нивните сојузници и безрезервното пукање на јужниот ни сосед резултираше со колапс на македонската империја на Блискиот Исток.

Не треба да се префрла вината на никого, се боревме со сите сили со подршка од сојузниците, едноставно во тоа време картичките на ЕДЕН беа прејаки.
Работата е што се палам секојдневно гледајќи исти борби за нашите оригинални територии, без никаква новост и динамика, сето е некако многу мртво... Зар пред 2 месеци не доминиравме врз Италија, Грција, Египет и Арабија за сега млитаво да се бориме за Источна Македонија? Во теков на неделава ја поседувавме Македонија и Централна Грција но не успеавме да се одбраните и да ја продолжиме иницијативата кон останатите јужни територии... многу разочарувачки барем за мене.

Дечките од владата ја вршат беспрекорно својата работа, постојани координации, обиди за подобрување на единиците и начинот на организирано удирање, одлично...
Но имаме еден проблем! Секојдневно се повеќе и повеќе играчи се откажуваат, прилив на нови играчи нема, новиот бејби бум кој беше најавен за 8 Септември исчезна мистериозно и останавме во една безизлезна клопка во која не држат Грците и Бугарите.
Мојот повик е да се внесе ДИНАМИКА во играва. Сепак ова е игра, коцкајте се малце, имајте верба. Секојдневно или го бранам Повардарие или се тепам во востание, прозиведувам по 100 леба, додека Полска и Турција прават 3 пати повеќе од нас. Како членки на ОНЕ морално е да се пуштат во директна војна со Хрватска, Грција и Бугарија. Ми се чини дека нашата спаринг војна си ја искористуваат другите за профитирање...

1. Првиот предлог кој се осмелувам да го спомнам е следниов (секако ова е само некое неосновано лично мислење кое секако со ваши позитивни и негативни размислувања би придонел некаков ефект врз луѓето задолжени за оваа функција)

*Склучување мир со Грција на неодредено време.
*Склучување на договор за премин со Бугарија/Турција
*Преку Иран навлегување во Индија кои имаат 5 ресурси и освојување на сите нејзините региони.

2. Ако успееме со Индија која е видливо послаба од нас, можеме да отвориме војна со Кина, држава која не ликвидираше од Блискиот Исток и да и се омаздиме. Кина не е за потценување, но доколку сложно стапиме во акција ниедна препрека не е преголема. Кина поседува 9 ресурси.
Овој план секако може да биде ротирачки, со што би се нападнала прво Кина, но така ризикот би бил поголем.

Ова се само некои идеи кои се надевам нема да бидат лошо сфатени напротив ако малку се разработат би можеле да успеат. Сигурен сум дека и на Грција и треба мала пауза да здивне, а нас дефинитивно ни треба промена на сидрото бидејќи дувајки во оваа насока бродот ги губи морнарите.
Потребна е динамика, возбуда, слога, тактика!
Македонија во нови походи 🙂

За планот да ви лизга ви праќам мал поздрав од Кина и Индија