Ќорсокак
Aspadora
По неколку месечна пауза од новинарскиот свет време е да го збогатам нашиот мошне сиромашен репертоар на статии со бар уште една.
Се сеќавам на времето кога човек ќе напишеше нешто на штоперица се броеја секундите колку истата ке потрае во лејтест... Ама тие времиња спласнаа, се помалку и помалку заинтересирани македончиња да лапнат медиа могул, што се должи на сега веќе пресушената река од нови играчи.
Пред само неколку недели држевме доста голем број на територии во Египет и Саудиска Арабија кои ни носеа во споредба со денес завидно производство на ресурси. Имено тогаш платите достигнаа и до 170 денари, произведувавме двојно од сега благодарение на бонусите но тоа задоволство не ни го препуштија Кинезите. Нивниот напад, координираноста во битките со нивните сојузници и безрезервното пукање на јужниот ни сосед резултираше со колапс на македонската империја на Блискиот Исток.
Не треба да се префрла вината на никого, се боревме со сите сили со подршка од сојузниците, едноставно во тоа време картичките на ЕДЕН беа прејаки.
Работата е што се палам секојдневно гледајќи исти борби за нашите оригинални територии, без никаква новост и динамика, сето е некако многу мртво... Зар пред 2 месеци не доминиравме врз Италија, Грција, Египет и Арабија за сега млитаво да се бориме за Источна Македонија? Во теков на неделава ја поседувавме Македонија и Централна Грција но не успеавме да се одбраните и да ја продолжиме иницијативата кон останатите јужни територии... многу разочарувачки барем за мене.
Дечките од владата ја вршат беспрекорно својата работа, постојани координации, обиди за подобрување на единиците и начинот на организирано удирање, одлично...
Но имаме еден проблем! Секојдневно се повеќе и повеќе играчи се откажуваат, прилив на нови играчи нема, новиот бејби бум кој беше најавен за 8 Септември исчезна мистериозно и останавме во една безизлезна клопка во која не држат Грците и Бугарите.
Мојот повик е да се внесе ДИНАМИКА во играва. Сепак ова е игра, коцкајте се малце, имајте верба. Секојдневно или го бранам Повардарие или се тепам во востание, прозиведувам по 100 леба, додека Полска и Турција прават 3 пати повеќе од нас. Како членки на ОНЕ морално е да се пуштат во директна војна со Хрватска, Грција и Бугарија. Ми се чини дека нашата спаринг војна си ја искористуваат другите за профитирање...
1. Првиот предлог кој се осмелувам да го спомнам е следниов (секако ова е само некое неосновано лично мислење кое секако со ваши позитивни и негативни размислувања би придонел некаков ефект врз луѓето задолжени за оваа функција)
*Склучување мир со Грција на неодредено време.
*Склучување на договор за премин со Бугарија/Турција
*Преку Иран навлегување во Индија кои имаат 5 ресурси и освојување на сите нејзините региони.
2. Ако успееме со Индија која е видливо послаба од нас, можеме да отвориме војна со Кина, држава која не ликвидираше од Блискиот Исток и да и се омаздиме. Кина не е за потценување, но доколку сложно стапиме во акција ниедна препрека не е преголема. Кина поседува 9 ресурси.
Овој план секако може да биде ротирачки, со што би се нападнала прво Кина, но така ризикот би бил поголем.
Ова се само некои идеи кои се надевам нема да бидат лошо сфатени напротив ако малку се разработат би можеле да успеат. Сигурен сум дека и на Грција и треба мала пауза да здивне, а нас дефинитивно ни треба промена на сидрото бидејќи дувајки во оваа насока бродот ги губи морнарите.
Потребна е динамика, возбуда, слога, тактика!
Македонија во нови походи 🙂
За планот да ви лизга ви праќам мал поздрав од Кина и Индија ❤
Comments
prF
ne mi se ubaj zenskive xD
vote
И како што гледаш половина час после објавувањето на статијава имаш вкупно три коментари ( вклучуваќи го и мојов ), не дека статијава нешто не е во ред туку толку нашиве играчи читаат и се мотивирани за некои промени... Се согласувам со тебе дека ни треба динамика во играва но се ми се чини дека ова е максимумот кој што можеме да го обезбедиме... Големиот бејби бум што го имавме од Сител беше заради освојување на грција, тоа се случи и амбицијата ( во голем дел ) од таа генерација згасна со самото тоа... Да потребни ни се налудничави акции но за тоа ни е потребен и претседател кој ќе сака да ризикува...
п.с. Пишувај повеќе статии xD
Kako planiras da gi povrzime koloniite vo Indija ako nemame direkten pat do niv od glavnite regioni? Ili planiras da ni dadat pola svet regioni za da nie se vrzime so koloniite??? : ))))
Maximus , потребно е само пат преку Грција или Турција.
предлогот колку и да ти звучи добро сепак е научна фантастика во овој момент.
Не смеевме да дозволиме да бидеме избришани од Блиски исток... но бидна и тоа и сега сме во кафез со 3 ресурси, пинг-понг војна... и ќе си живуркаме додека пола активно население ни бега од државава а останатите се двокликаши.
единствен спас може да биде додавање на Албанија но и за тоа ќе треба време пошто Албанија ќе има протекција од Админите во првите месец(и) од додавањето.
A I ALBANi albanija ke ima samo 3-4 resursi od koi polovinata ke se isti ko nasite... mora da se bara resenie za izlez od kafezot - bliski istok, apenini, indija, bilo sto! drzavata e vo kriza so resursi, no isto taka i na igracki plan!
„туку толку нашиве играчи читаат и се мотивирани за некои промени“
Редовно читам статии, но ретко коментирам.
ideji, nesto i ke se realizira nekoj den.