МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ !!!

Day 1,183, 15:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Aspadora


ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, ЈАС СУМ МАКЕДОНИЈА !

Потпишан е мировен договор на кој била создадена големата еБугарска држава во чиј состав требало да влезе и еМакедонија.
Под притисок на големите сили била извршена ревизија на овој договор во според кој еМакедонија се враќа во составот на еТурската империја и Македонското прашање ќе се решава со членовите 23 и 62 во Берлин.

Како и кога се решени овие членови браќа македонци. Македонија била заборавена и оставена на милост и немилост.


При една средба биле објавени реформи кои се однесувале за судството, администрацијата и полицијата. Со овие реформи ќе се подобрела положбата и ќе се намалеле злосторствата врз еМакедонците.

Но дали нешто од ова било исполнето?



Браќа Македонци. Со текот на вековите на нашата мила еМакедонија судбината и е црна. Премногу доверба во погрешни сојузници. Никој не застанал да понуди подржка или помош на напатениот народ.Со векови еМакедонскиот народ се борел за туѓи интереси, цели и добивки. Со векови бил искористуван од разни окупатори кои вршеле терор и масакар врз Македонецот. Македонските очи виделе премногу насилства, убиства, силувања и истите ги има почуствувано. Ширејки пропаганди и негирајки го нашиот идентитет ни задаваат длабоки и тешки удари. Премногу Македонци се разединети. Веќе ДОСТА Е! Стотици еМакедонци се раселени низ овој виртуален свет. Премногу Македонци се разединети во реалниот живот. Па каква разлика прави дали сум Комита, Чкембар, Фемили или Лозар? Не се идентификувајте според маалото во кое живеете. Кажете ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ. Доста е неслога . Време е онаа изрека во која гледам на соседот да му ја истрижам овцата бидејќи македончиња ние сме тие што не стрижат. Тој што има зошто и да му подари цело стадо овци? еМакедонците се насекаде низ светот, несложни, разединети, раскарани борејќи се самите против себе. Разберете бре пријатели не го барајте непријателот меѓу нас ние сме мала мала овца покрај четири волци. Оваа статија ја искористувам како повик и молба до сите македонци да заборават на омразата кон комшијата и во овие тешки мигови да сме сложни, да дејстуваме како едно. Во најтешка смисла на зборот сме дискриминирани во рамките на сопствената територија, во срцето на Македонија. Кон нас се однесуваат како малцинство. Наши синови седат без работа додека некој трол е напикан во министерството. Можеби малку е изгубена смислата за играва но пораката до сите е : Сите македонци без разлика на кој континент, држава, град или политичка ориентираност пришаѓаат ДА БИДЕМЕ СЛОЖНИ.



Запрашајте се македонци во целото наше минато кој има направено нешто за нас? Лесен е одговорот бидејќи со век и векови сме препуштени самите да се снаоѓаме како знаеме и умеме. Навикнати сме на тоа сите да се против нас. Не ни треба некој од надвор да не спасува зошто одговорот е во национално единство.
Македонскиот народ не го ништи ни една војска ни било каква болест. Колку и да го корнат, кубат тој пак ке порасне зошто тој е како пиреј - штом ќе ја допре земјата тој повторно ке оживее и ќе се дигне во борба.



Сакам да се надоврзам на инервјуто со еБугарскиот претседател Подкрепа за еМакедонската јавност во која тој изјави меѓу другите работи и

Много биха искали да сме една държава но в мир и рабирателство по свободна воля - не с насилие, война и омраза. Да, да, знам какво ще коментират след малко. Но просто е така от наша гледна точка. Не ви приемаме като враг.- Но сепак не дозволи интевјуто да биде преведено на македонски јазик. Ова е провокација директно и јавно не признавајки го македонскиот јазик.

Реално Македонскиот народ не го гледа Бугарскиот како непријател и ѓавол. Но работата е што многумина бугари не го признаваат македонскиот идентитет. Подкрепа, мора да разберете дека ние сме македонци. Браќа сме што имаме словенски делови во нас, но сепак како народи сме различни. Ние сме браќа и со србите, хрватите, црногорците, словенците, русите ... полјаците и сите останати словенски народи. Искрено и НИЕ би сакале да живееме во слога и пријателство и меѓусебно разбирање и подржка, проблемот е во националистите и во територијалните претензии од ваша страна.
На пописот во Бугарија зошто не им дозволувате на оние кои што се чуствуваат како Македонци да се пријават како Македонско малцинство во Бугарија? Најпрво дајте им права на Македонците во Бугарија, почитувајте не како автономна држава и ПРИЈАТЕЛСТВОТО И БРАТСТВОТО ќе биде возвратено. Некои од вас се премногу националистички позиционирани што е лошо за Македонско-Бугарските односи. Би можеле да сме пријатели како и на Ерепублик така и во реалниот живот, се што е потребно е меѓусебна ПОЧИТ И ПОДРЖКА!

Јас како и многумина македонци разбираме српски, хрватски, словенски, англиски. Дали тоа ме прави Англичанец, Србин , Хрват или Словенец? НЕ ! Исто како што ние разбираме делови од бугарскиот јазик , така и вие разбирате делови од македонскиот јазик. Тоа НЕ не прави еден народ. Се додека не го почитувате тоа и не го прифатите и ја подржите вашата братска нација не може да живееме братски . Разбирате ли? Доле со национализмот!



Браќа мои, не подлегнувајте на пропаганда и дозволувајте да ве газат. Ако мора да се умре подобро ќе умрам во писок МОЈОТ ПАД ДА ГО СЛУШНАТ СИТЕ отколку да времето да ме заборави дека сум постоел. Само слога не спасува! СЛОЖНО! МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!

Со верба во Бог , слога и единство !