Има НАДЕЖ!

Day 1,167, 07:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Aspadora
Пред се ви посакувам пријатно попладне и убаво неделно расположение и ќе ве замолам за суб и воте бидејќи потребни ми се средства. Неодамна пасвордот ми беше пробиен и благодарение на експресивната реакција на админите заштитниот код за влез во монетарниот маркет беше отстранет и акаунтот беше оставен на милост на хакерчето што ме пробил. За срека само украдени ми беа 10-12 голд пред да ми се разјасни ситуацијата и да го сменам пасвордот. Но сепак како да бидам уверен дека истото нема да се повтори? Пратив тикет до админите и т.н Богдан(админ) ми го провери тикетот и не сакаше да ми укаже помош со образложение дека не сум имал заштитен код... а замислете они ми го отстраниле по барање на хакерчето. Едонставно се уверив дека се против нас, едноставно требаше донацијата од 10 голд да ја поништи но тој не го направи тоа... FAIL ADMIN! ... го мрзело 2 клика за да ја спроведе правдата... Па не ни чудо што од се повеќе играчи стануваат двокликери а со време забораваат дека постои играва.



Доволно за моите проблеми и за нееднаквиот однос на админите кон сите нивни играчи време е да дадам неколку совети околу еМакедонските проблеми.

Во оваа позиција во која се наоѓаме лесно македонските ѓраѓани можат да бидат подведувани и изигрувани и секој и секого.
Неодамна прочитав статија во која се бараа пари од сите македонци за востание во Иран. Наводно ако Бугарите биле протерани од Иран Македонија ке се ослободи автоматски? Нема врска ова јас го гледам како алчност на една личност (не е битно која) да си лапне медал во случај иранците да си го вратеа регионот. Исто така од истата личност беше објавено да прекинат да му праќаат голд дека веќе некој го претркал во кревање востание. Значи не му било битно за Иран или за Македонија... Него за медал. Тоа е ок но иронијата е што многумина наседнале му пратиле голд и типот голдчето у џеб а во борбата за Иран нејќе да чуе.




Се зборува за договори помеѓу Македонија и Бугарија. Значи што сте толку наивни. Зарем во текот на историјата не научивте дека договори со Бугарите нема? Малку ли ви се стотиците предаства на Бугарите па и тука сакате да бидете наивци ? ЗИМАЈТЕ ОРУЖЈАТА У РАКА И БРАНЕТЕ СИ ЈА ЗЕМЈАТА!



Многумина робствово и приливот на нови играчи си го вртат во своја корист. Со пишување на една статија навлекуваат т.н углед на неуките и незапознаените играчи и формираат војска која им се восхитува на некои непостоечки обвинувања. А во тек се обвинувања против Драш.
Не дозволувајте некој да си прави поени и медали на вас. Драш ако не ви чини што сте го гласале?
И многумина скандираат Драш да си замине! Па дали сте вие нормални?
Немаме конгрес, да немаме ни претседател? Дај размислувајте малце. За неколку дена има нови избори па кандидирајте се, и дај Боже да бидете сите претседатели. Јас го подржувам Драш , не може за една одлука што ја донел во првиот час од предложувањето наместо последниот некој да си искористува глупост и да го наведува народот индиректно.




Сакам да го подржам предлогот за легализирање на паравојските и формирање една армија под директна команда на владата со цел заштита на еМакедонија. Имено јас сум член на Лавови и ми се допаѓа идејата. Меѓутоа не ми се допаѓа формирање на ЕЛИТНА единица . Бидејќи ке се направи разор. Подобро е 10тина единици со по 2,3 искусни танкери кои ке ја предводат единицата отколку 1 едниција со танкери и 9 единици со по 500 сила неорганизирани.

Бидејќи оддамна не сум хејтал по статии сакам да похејтам уште малце.
Големо количество на пари било дадено за Турски танкери да се борат за нас . Тоа било безуспешно , сите кампањи се изгубини и сега сме банкрот и предадени од нашите "браќа" Турци. Значи со тие пари 10 ЕДИНИЦИ би се спонзорирале цел месец. И вака и така ке бевме под робство али на овој начин МАКЕДОНЦИ ке се јачаат и МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ке се пунеше а не турскиот. Епа сега ќе даваме 70 денари за 1 голд . Епа давајте.


Време е да се освестите . ЕДИНСТВЕНИ СОЈУЗНИЦИ НИ СЕ СРБИТЕ. Какви Руси , какви Французи , Англичани итн...
Си ги ризикувавме териториите за Турците за да ни кажуваат дека сме ги предале ние... И да не ни помогаат.


Сите одсекогаш не предавале не разочарувале и искористувале. ВРАЗУМЕТЕ СЕ!