Додека Европа стагнира еМакедонија се редизајнира !

Day 1,290, 11:42 Published in North Macedonia North Macedonia by ORIGINAL MKD

Знаете дека од кога админите решија дека ќе додадат нови држави во еСветот меѓу кои беа Белорусија, Кипар, Црна Гора, Тајван и Македонија но под името Поранешна Југословенска Република Македонија , таа одлука наиде на голем број критики од страна на голем број на критичари , и поради тоа админите објавија дека ќе ја сменат првобитната одлука и ќе не додадат како Република Македонија . Кога се приклучивме во оваа игра , голем број на еЗемји не осудуваа на пропаст , поради тоа што ние тогаш имавме активни играчи околу 200 за разлика од еГрција која имаше 7000+ жители . Но од како ни беше овозможено да се бориме за нашата држава ние Македонците тоа го правиме фантастично.За многу крато време станавме една од најмоќните држави на еСветот , а факт за тоа е тоа што една Грција која ја сметавме за моќна земја губи од нас во битките со по 8:0 . Ја покоривме Италија , и истото и се случува на Грција . Секој ден се појавуваат голем број на нови играчи кои инспирирани од ова што успеавме да го направиме ние Македонците за нашата држава и кои се жедни за победа . Постојано војуваме на неколку фронта , и сите даваме се што е во наша моќ за да бидеме што поуспешни . Сите заедно се бориме за Македонија , Нашата Република Македонија, па би рекол дека , додека пола Европа стагнира Македонија не престанува да се редизајнира !
Само силно ...



Фала многу ... се надевам беше добро поради тоа што ова е моја прва статија ...

Поздрав ! Вашиот
ORIGINAL MKD