Големината на Македонската Империја 3 дел-Коментари за мисијата 3/3

Day 2,570, 12:38 Published in North Macedonia Greece by jerigomk
ВОЕНИ ПОХОДИ И ТАКТИКИ НА ФИЛИП
На почетокот Филип за мир со илирите се има женето со Адата, ќерката на Бардили, и кога сега засилен со новоформираната Македонска Фаланга во 358 п.н.е. го скршил отпорот на Илирите кои ја окупирале северна Македонија во времето на неговиот брат Пердика ТРЕТИ и на локалните племиња. Cо тоа ја проширил својата власт до Охридското Езеро. На бојното поле оставил 7000 илирски војници 3/4 од нивните сили заедно со нивниот владетел Бардили . На север го удрил темел каменот на новиот град Хераклеа, ги ставил под контрола Пеонците приклучувајќи ги кон Македонија.
Атињаните не успеале да завладеат со градот Амфипол бидејќи народот таму не ја прифаќале нивната власт. Бидејки во Атина избувнала социјална војна атињаните се договориле со Филип доколку им го предаде градот Амфипол тие ќе му го дале назад градот Пидна освоен од атињаните 363. Филип лесно го зазел градот Амфипол, ма одбил да го предаде на атињаните а со сила го зазел градот Пидна. Заради овој чин Атињаните обиавиле војна на Македонија. Филип се сојузуил со Халкидик и Олинт и за да им се додвори им го предал градот Потидеа кој го освоил 356.
Во 357 п.н.е. се оженува со Молосиската принцеза Олимпија.
Во 355 п.н.е. Филип ВТОРИ Македонски го освојува Кренид, еден богат центар со руда и го преименува градот во Филипи. Годишно од тие места заработувал и до 1000 златни таленти.
Атињаните пробале повторно да ги свртат старите непријатели на Македонија: илитите и траките кои последните по смртта на Котиа биле поделени на 3 делови, водени од страна на: Амадоко, Берисаде и Керсоплепте. Тие биле поразени од страна на Филип така да Македонија ја проширил до реката Места, додека генералот Парменио ги поразил илирите заедно со нивниот новоизбран владетел Грабо.
Во 356 година на Филип му се раѓа синот Александар проследен со добри вести од сите страни на Македонија.
Во 354 п.н.е. ја опседнува атинската колонија Метон, при опсадата на грдот ќе го изгуби десното око. Атињаните пратиле 2 флоти на помош на градот. Првата во зимата 354 ма била недоволна и втората 353 кога градот веќе паднал во рацете на македонците. Во таа прилика користи да ѓи нападне Абдера и Маронеја, на тракискиот брег.
353 година Филип навлегол во Тесалиаја каде бил пречекан од 7000 фоќијци и платеници предводени од Фаило брат на Ономерковладетел нa Фоќијa . Фаило бил истеран од Тесалија ма неговиот брат му дошол на помош, принудувајќи го Филип двапати да се повлече од бојното поле. Ономерко успеал во тоа што го оневозможил дејствуането на македонската фаланга. Филип претпазливо се повлекувал ма сепак се враќал поорганизиран со поголем број на војска.
352 година Филип со 20000 пешадија и 3000 коњаника, и сега потпомогнат со Тесалците, Ономерко со ист број на пешадија ма со 2000 коњаника. Битката се одиграла на местото Полињата на Крстопатот. во битката Филип убил 6000 непријателски војници а заробил 3000 кои биле удавени во море во чест на бог а Ономерко бил убиен од страна на неговите платеници и бил предаден на Филип кој го рaспнал на крст.
352 п.н.е. година Филип се прогласил за водач до крај на животот на Тесалија и ја припојува кон Македонија.
Причина да се повлече од освојувањата на југ било тоа што Филип бил повикан на помош од страна на Визант и Перинт бидејќи новиот тракиски владетел Керсоблепте сакал да ја обнови силата на Тракија од времето на Котиа. Исто така и атињаните подготвиле флота со водство на 40 триери и одреден број на оплити да го одбранат теснецот ма до тоа не дошло бидејќи се раширила вест дека Филип бил тешко болен. Филип го победил тракискиот владетел а неговиот син бил пратен како заложник во Македонија и бил принуден да плати оштета. Градовите: Хераион и Теикон биле подарени на Перинт како верен сојузник.
На почетокот на летото 349-та, Филип оценил дека дошол часот да се освои Халкидик. Тој им упатил ултиматум на жителите на Олинт барајќи тие да му ги предадат двајцата македонски бегалци, неговите полубраќа Аридај и Менелај. Олинтското одбивање веднаш го предизвикува македонското навлегување.
Во 349 п.н.е. Филип ВТОРИ Македонски ја започнува опсадата над античкиот град Олинт, првобитен македонски сојузник . Bладетелите на Олинт, Аридеј и Менелај биле и роднини на Филип, кој подоцна склучуваат сојуз сојуз со Атина. На крајот на летото Атинците испраќаат на Халкидик 38 триери и 2000 пелтасти под водството на Харес. Малку потоа, тие му наредуваат на Харидем кој тогаш се наоѓал на Хелеспонт да му се придружи на Харес со своите 18 триери, 4000 пелтасти и 150 коњаници. Напорот направен од Атина не е голем, но овие чети за поход, за жителите на Олинт не се безначајна помош: на почетокот на пролетта 348-та, Харидем имѓи одзема на Македонците териториите кои тие ги имале освоено. Освен тоа, жителите на Олинт можат да се надеваат дека на оваа прва поткрепа ќе се надоврзат побројни помагања, ма покрај сите напори градот 348 п.н.е. е срамнет со земја.
Во 347 п.н.е. Филип ја освојува скоро цела Тракија и ја припојува кон Македонија. Во меѓувреме Атина, загрозена од македонските освојувања, понудила мир. Во 346 п.н.е. во Тесалија двете страни договориле мир. Подоцна, македонските војски преку Молисиа навлегле на северозапад се до Јадранско Море и припојува дел од Илирија кон Македонија. Во 342 п.н.е. Филип презел успешен поход против Скитите на север.
Во 346-та Филип не можел да направи воена прошетка која би го наметнала како арбитар во пелопонеските работи, но состојбата на Пелопонес му дава многубројни прилики да го прошири своето влијание во подрачјето. Најголемиот број полиси доживува мошне жестоки социјални и политички борби: во многу случаи, една од
групите (обично олигархиската) му испараќа повик за да ги надвладее своите противници. Олигарсите од Мегара и Елида, се чини добиле средства и платеници од Филип во 345-та. Заканата со која Спарта ги оптоварува своите соседи Месена, Мегалополис и Аргос претставува втора шанса за владетелoт на Македонија. He можејќи да сметаат ни на Атина, сојузник на Спарта ни на ослабената Теба, полисите кои се плашат од обновување на спартанската моќ бараат заштита од Филип.
Во битката кај Херонеја во 338 п.н.е. Филип ги победил здружените Тебанци и Атињани.





Битка кај Херонеја
Битката кај Херонеја (338 п.н.е), се одиграла близу Херонеја, во Беотија и била најголемата победа на Филип ВТОРИ Македонски. Таму Македонците под командата на Филип Македонски со 32,000 војска ги поразил помалите комбинирани сили на Атина и Теба, зацврстувајќи ја македонската хегемонија во над градовите држави.
Битката се водела по класичните принципи на војување - војската на Атина и нејзиниот сојузник Теба наспроти македонската фаланга на Филип.
Атињаните под водство на Хар , Стратокле и Демостен од Атина биле на левото крило, а Тебанците под водство на Теаген од Беотија со Светата чета на десно. Атињаните и Тебанците биле сместени до центарот на борбената линија.
По прецизна цифра од градовите држви : Тебанци вкупно на број околу 12.000 од левата страна со светата тебанска чета , атињани вкупно на број 9.000 и биле распоредени од левата страна и во центарот биле пoмалите градови држви: Ебеа,Коринт,Мегара, Леуца, Корцира со вкупно од околу 9.000 војници и биле позиционирани во центарот. Десното и левото крило било зајакнато со уште и со по 2.500 платеника . Сојузниците во најголем број биле пешадија.
Кај Македонците пак, Филип го командувал десното крило, додека Александар го командувал левото - иако надгледуван од најдобрите команданти на Филип . Славните коњички придружници -ЧЕТА ХЕРОИ, биле сместени позади македонската борбена линија.
Македонците броеле 30.000 тешка и лесна пешадија и околу 2000 коњаника.
Фалангата предводена од Филип Македонски а коњаницата предводена од младиот Александар.
Античките извори велат дека двете страни жестоко се бореле долго време. Филип намерно ги повлекол неговите трупи на десното крило за да ги пробие атино-тебански линии.
Александар бил прв што ги разбил тебанските линии, проследен од храбар баталјон - ЧЕТАХЕРОИ (веројатно роднини и пријатели), откако го видел ова, Филип се заложил да нападне со сет бес, а aтињаните - страствени, но неувежбани - не можеле да им се спротистават на македонските ветерани. Со повлекувањето на aтињаните, Тебанците останале да се борат сами и биле поразени. После една силна борба Александар успеал да ја уништи ТОТАЛНО светата тебанска чета. 254 тебански воjници биле убиени.
Значи Светата Тебанска Чета била опколена , од напред фалангата со долѓите копја а од позади Александар со своите >>>>ЧЕТА ХЕРОИ Филип Македонски од својот син Александар направил голем воин Александар уште од детството бил обучван во тешкото битие на опасност и војна . Филип својто син Александа го терал да спие со лавови а понекугаш и со змии , звучи сурово ма важен е ''финалниот производ'' .
Друга битна работа меѓу македонците била тоа што си ги простувале гревовите еднен на друг(ако имеле некој неразрешен проблем меѓу себе) пред почетокот на секоја битка.
Значи не само добро опремени и извежбани ма и псиxички подготвени ПА ЗАТОА СТИГНАЛЕ ДО ИНДИЈА и немале непријател кој можел да и се спротистави,.. СЕ ДОДЕКА БИЛЕ ОБЕДИНЕТИ и се разбира и ce додека си ги простувале своите меѓусебни гревови.
Од славните 300 членови на Светиот тебански батаљон, 254 загинале, додека 46 биле ранети и заробени. и 1000 загинати атињани .Вкупни беотски жртви ce непознати (но најмалку 254).
Загинатите тебанци ги закопал под статуа на лав - Лавот од Херонеjа . Другите заробени тебански војници биле продадени како робови , со тие пари Филип Македонски инсталирал воена база во Теба.

Од Теба Филип отишол во Атина и им ги предал заробените aтински воjници. За овој гест Атињаните на Филип Македонски му направиле статуа во природна големина
Занимливо е тоа што во битката на Херонеја учествувал и ДЕМОСТЕН како обичен хоплит кој бега како зајак пред ФИЛИП И МАКЕДОНЦИТЕ. Демостен и сите оние што биле против Филип БЕГААТ во Персија и соработуваат со персијанците против МАКЕДОНЦИТЕ
Ефект
Атина и Теба градовите држава биле поразени и потпаднале под македонска власт, но немале статус на робови и не плаќале данок. На Општиот Мир вклучен во зимата 338/7 г.п.н.е. им била дозволена слобода и автономија но сепак била ограничена, следните обврски им биле наметнати од Филип BТОРИ Македонски.
3абрането им било:
-насилно менување на уредувањето
-нова прераспределба на земјата
-отпишување на долговите
-ослободување на робовите
-терање на политичките противници
-конфискација на имотите
-враќање на политичките бегалци
-стапување во служба на други држави
-здружување во сојузи
-меѓусебни борби
Преку склучениот мир по битката кај Херонеја, Филип ВТОРИ Македонски иако воено не ги окупирал (освен поставените четири воени бази околу островот Евбеја), сепак остварил негово мешање во внатрешните работи на полисите и приватната сопственост на нивните граѓани, а со тоа и нивна подредена положба во однос на Македонците.
Коринтската лига
Во 337 п.н.е. на конгресот Филип ВТОРИ Македонски ги повикал државите од регионот во Коринт, сите тие, освен Спарта, решиле да ја формираат Коринтската Лига, раководена од Филип BТОРИ Македонски. Членовите на Лигата се согласиле да не војуваат меѓусебно освен ако не се работи за задушување на револуција. Филип бил избран за водач (хегемон) во походот што планирал да го превзеде против вековниот непријател - моќната Персија , со тоа македонците ДА СЕ ОСВЕТАТ ЗА ПЕРСИСКАТА ОКУПАЦИЈА НА MАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА KИР И KСЕРСЕС.
Филип ВТОРИ Македонски сметал дека и полисите имале ист интерес па затоа ги повикал да го следат.
АТЕНТАТ
Имајќи ја безрезервната поддршка на Коринтската лига , го пратил македонскиот генерал Парменион со 10.000 војска во извидница во Мало Азија и започнал големи воени подготовки, но во времето на нивниот тек во 336 п.н.е. бил убиен во атентат при свадбата на неговата ќерка Европа во театрот во Егеjа . Пред тоа Александар се вратил од прогонство, што пред тоа се имал скарано со татко му Филип,..повод било разводот со Олимпиа .

Македонија после смрта на Филип BТОРИ