Големината на Македонската Империја 2 дел-Коментари за мисијата 2/3

Day 2,570, 09:10 Published in North Macedonia Greece by jerigomk
Македонската Фаланга

Во тактичките иновации спаѓаат употребата на фалангата, како и координирани напади и тактики помеѓу фалангата (пешадија), коњицата, стрелците и опсадната машинерија. Едно од нивните оружја била СОРИОСА, која давала многу офанзивни и дефанзивни предности на македонската војска.
Македонската фаланга била пешадиска формација смислена од Филип ВТОРИ Македонски

шлем од македонската фаланга

заштитен оклоп од македонската фаланга со лик на Медузата - денес се наоѓа во музејот на Сан Перовград
Филип ВТОРИ поминал голем дел од младоста како заложник во Теба, каде учел кај познатиот генерал Епаминонд чии реформи биле основа за Филиповите реформи на фалангата. Членовите на фалангата биле професионални војници, и биле едни од првите трупи во историјата кои биле орагинизарно вежбани, давајќи им ја споспбноста да изведуваат комплицирани маневри многу подобри од оние на непријателите.
Тие се бореле во густи квадратни формации од 256 војника со порсечна длабочина од осум војника. Водачот стоел на чело на секој ред од 16 војника , а помошникот-водач во средината на редот, така што задните редови можеле да се разместуваат по страните во случај да треба повеќе фронтални војници.

Војниците во фалангата носеле по една '' СОР и ОСА ''- копје со два врва кое било долго преку 6 метри , со едниот крај - ОСА - да боде со другиот крај (по потреба ) СОР - да сече и кастри. Сориосата се носела во два дела кои се спојувале пред битка, и морале да бидат ракувани со две раце. Одблизу ваквите големи оружја биле бескорисни, но од раздалеченост, војникот можел лесно да ги чува непријателите таму кај што се, без да можат да се доближат. Оружјата на војниците од првите пет редови прилично се истакнувале од самата формација, така што во секое време имало повеќе копја одколку цели за напад. Второто нивно оружје бил меч двапати по долг од другите воени единици, заштитен кожен (од лино) оклоп делумно заштитен со бронза, шлем од ковано железо, бронзени подколеници, специјални заштитни сандали и штит кој бил прицврстен преку рамо со јаже за да војникот биде по слободен во ракувањето со долгото копје.





Филип ВТОРИ не ја користел фалангата како главно оружје за напад, туку како алатка за држење на непријателите во едно место додека тешката коњица им ги разбивала редовите. Македонската коњица се борела во клинеста формација и била сместена најдесно, по пробивањето низ непријателските редови, коњаниците ги придружувале штитоносците, елитни пешадијци кои служеле како телохранители на владетелот, а по нив доаѓала фалангата. На левото крило секогаш се наоѓала сојузничка коњаница од Тесалија, која се борела во ромбоидна формација и служеле главно за одбрана.

Другите единици : Хоплити или КОПЛИТИ - КОП ЛИТИ - копје што литаат, престрелниците, разните гаѓачи, резервите од сојузнички хоплити, стрелците, и артилеријата исто така билa употребуванa во битка. Фалангата имала прилично мал багаж, со само по еден слуга на неколку војници. Ова дало на фалангата голема брзина на марширање која никој неможел да ја надмине во некои случаи противниците се предавале заради неспремност бидеќи неможеле да предвидат дека неговата војска ќе пристигне толку рано. Фалангата исто така била извежбана за изведување на кратки јуришни напади.



Тешката коњица се состоела од коњички придружници кои биле благородници и тесалска коњица. Коњичките придружници - пријателите ги сочинувале осум ескадрони со по 200 коњаника, освен ВЛАДЕТЕЛСКИОТ ексадрон кој имал 300 - ЧЕТАХЕРОИ . Биле опремени со копја - клистони со должина од 3.6 - 4.2 м и тежок оклоп. Коњите исто така биле делумно оклопени. Јавачите не носеле штитови.
Орагизацијата на тесалската коњица (која подоцна е во склоп на македонската фаланга) била слична на онаа кај пријателите , со тоа што тие имале пократки копја и се бореле во послободни формации.


Од лесната коњица, единиците т.н. „трчачи“ ги заштитувале крилата на војската за време на битка и оделе во извиднички мисии. Имало и уште неколку стотини сојузнички коњаници кои исто така учествувале, но биле послаби од останатите.
Сребрените Kопја

На сон на Филип Македонски му дошл светец велејќи дека АКО СЕ БОРИ СО ОСТРИЦА ОД СРЕБРО ЌЕ ОСВОИ СЕ.
Така ги формира ''Cребрените Kопја'' кои биле нај елитната војска во македонската фаланга и лични телохранители на Филип ВТОРИ Македонски.
во наредниод дел за ВОЕНИ ПОХОДИ и ТАКТИКИТЕ