[ Индија ] МЕГА ИНТЕРВЈУ СО НИКОЛА ГРУЕВСКИ МАКЕДОНЕЦ!!!

Day 1,363, 18:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonija Do Indija


Добра вечер Македонијо! Добра вечер Индијо! Добра вечер Египет!

И драги мои, како што веќе најавив следува интервју со лидерот на еВмро-Дпмне, единствениот, шармантниот, екстравагантниот, неверојатниот, едниот и единствениот Господинот,Никола Груевски Македонец.

1.Добра вечер Никола, најпрво како се чувствуваш ?

- Се чувтвувам одлично, и бидејќи ова се партиски избори немам многу работа па се чуствувам доволно одморен.

2.Од каде идејата токму за овој ник ?

-Интересно прашање. Многумина сметаат дека сето тоа е од корист меѓутоа тоа е моја лична работа, а воедно јас сум симпатизер на овој политичар и тој за мене претставува идол и икона во политиката во Македонија




3.Какви се вашите односи со Социјалдемократите на Андреј ? Дали се работи за истиот ривалитет како во РЛ, или тука на играва работите се посмирени и има место за компромис и соработка ?

-Значи ќе почнам од последното ваше прашање. Соработка нема а за тоа нема ни потреба. Ние сме патриоти, тие комуњари ние сме како северен и јужен пол така да мислам дека сум јасен. Инаку Андреј не е ниту лидер, а со тоа докажува колку квалитети има што потсетува на еден лик (Б.Ц). Во РЛ ривалитетот е голем, па затоа лесно се пренесува и во играва.

4. Интересен одговор. Ок, да продолжиме понатаму. Ајде ако може да ни ja раскажеш на сите нас твојата еПолитчка кариера, како и каде започна, кога и како стана лидер, и да ни откриеш кои се твоите планови за во иднина.

-Мојата еПолитичка кариера не е многу долга доколку се земе и во предвид дека не ја играм играва толку долго време, но резултатите се евидентни дека работам турбо. Лидер станав на минатите избори во тогашната Yakuzа. Плановите за во иднина се јасни зголемување на членството и голема конкурентност во конгресот.

5. Според мене, си еден лик кој има потенцијал за успех во политиката. Па еве да те прашам едно сериозно прашање како голем политичар, што мислиш за внатрешната состојба во Македонија, за сите поделби, за владеењето на ОеМ, за опозицијата...

-Благодарам за пофалбите. Во домен на голем политичар ќе одговорам на сите прашања внатрешната состојба според мене е моментално лоша, меѓутоа не до тој степен како што беше пред некое време. Зошто е тоа така сигурно сите се запрашуваат, имаме неспремен претседател кој не очекуваше победа на изборите и сега е марионетка на некој од гарнитурата на ОеМ. Во последно време добро одат работите па ќе видиме што ќе биде до крајот на мандатот. Инаку што се однесува за ОеМ, мислам дека тоа е партија која работи како што сака. Има големо членство и моќ за користење на позициите. Кога се тие на власт постојано има тенденции за криминал и лошо користење на народните пари. Нема да шпекулирам повеќе од ова. Инаку опоцицијата сеуште е слаба иако полека почна да се обединува и мрда. Нешто чепна МРДЛЈС, но да бидам искрен кај нив малку ме разочарува името но тоа е нивна работа.



6. Ајде да слушнам твое мислење околу надворешната политика и воените дејствија кои треба да ги превземе Македонија. Кога од тебе би зависело на која светска страна би атакувал, што би освоил и до каде.... Што мислиш за ОНЕ алијансата, и дали го делиш мислењето со мене дека Шпанија игра дволична игра, и ја кочи алијансата да се шири а со тоа да зајакнува се повеќе. Имаше и скандали, каде што дурии и се бореа против ОНЕ.

- Моето мислење и став се јасни. Јас доколку би атакувал некого тоа не би била некоја светска сила бидејќи сега засега немаме таков интерес. Би ја нападна Хелада (тие територии кои ги држат) секако ''нашата'' Италија, на која Словенците мислам дека не насамарија многу, бидејќи откако си ги вратија Италијаните своите територии тие ги земаа без никакво фала што претходно ние им помогнавме. ОНЕ е моментално најсилната алијанса. Ги држи и собира најсилните еЗемји и играчи кои сега постојат. Шпанија си има некои свои цели и интереси што на повеќето членови на ОНЕ им смета како на пример ние, така да каков и да е мојот или твојот став нема ништо да промени. Дури и како што напоменувате дека имаше скандали и борби прови ОНЕ.

7. Дали мислиш дека на Македонија и е потребен устав. Да се означат
ингеренциите на претседателот, на министрите на конгресмените. Секој да знае што треба да сработи и кој е над кој во хиерархијата. И што мислиш за мојата идеја за Комисија за Државна Политика?

-Идејата е добра и ја подржувам бидејќи така ќе одлучат повеќе мудри мозоци а не само претседателот како сака бидејќи може и да биде потплатен и корумпиран од некого за да носи одлуки кои штетат. Доколку се формира таква комисија во неа треба да има искусни луѓе кои се разбираат во оваа голема проблематика. Инаку и уставот е една од работите кои се интересни и вредат да се потроши енергија и време на нив за да се исполнат.

8. Добро сега да се вратиме на вашата политчка кариера. Како што можам да забележам, одите во трката за втор мандат во вашата партија. Поради што би ве избрале членовите на еВмро-Дпмне за нивен претседател по втор пат, кои се вашите успеси и подфати, ајде малце поопширно...

-Точно одам понатаму за да ги продолжам реформите за подобра иднина на еВМРО-ДПМНЕ. Членовите можат да распознаваат одговорен, вреден и чесен човек кој работи и од ништо создава силна партија. Партијата кога прв пат се кандидирав имаше 28 члена и беше некаде на дното блиску до Социјалдемократите на Андреј 🙂. Сега сме далеку напред и имаме 170 члена што претставува огромна бројка за само еден мандат. Преродбена енергија воведов во една мала партија која стана пример за тоа што се прави со силно членство и силен лидер. Тоа е пример како се води партија. Но да не се фалам успесите сами говорат.

9. Какво е вашето мислење за оние кометари, дека со пресликување на вистинските партии од РЛ, Македонија ќе наликува токму на таа Македонија во РЛ ? Дали сте свесни дека 99 проценти од Македонците кои играат се со десна ориентација, во кои спаѓам и јас, ќе ги придобиете на тој начин што во вашето партиско име ги има 4тирите свети букви ВМРО?

- Можеби има допирни точки со РЛ. Но ова не е никакво намерно пресликување за да се соберат луѓе, и ова од самиот почеток на играта наликува на Македонија од РЛ. Сакале ние или не тоа е факт. Свесен сум дека 99 проценти од Македонците се вистински патриоти и со десна ориентација. Вие сте таму, јас сум таму, и сите останати кои знаат кој ги брани интересите на македонскиот народ. Светото име го искористив со најдобра намена. Инаку моја желба беше да биде само еВМРО со тоа што би ја симболизирала светото минато и светата идеологија на Македонците, меѓутоа тоа име беше со премалку букви па логично беше да ги додадам ДПМНЕ, за денес партијата да го добие својот вистински лик со вистинското свето име еВМРО-ДПМНЕ. Партијата полека станува бренд, нешто што беше потребно многу одамна во еМакедонија.

10. Господине Никола, имам прашање за вас. Како прво зошо го поставивте споменикот на Александар Трети Македонски толку високо, дали да го опструирате во намерата Геровски да му ги шмирга јајцата на Букефал со неговата брада или од некоја друга причина ?

-Токму од таа причина. Некој мора и тие работи да ги работи а бидејќи тој е моментално невработен мора да се жртвува за Македонија. А втората причина е бидејќи тој лик Александар Трети Македонски е најголемиот син на Македонија, Македонскиот народ и претставува светост во душите на Македонците, и за нас тој сеуште е жив во нашите срца 🙂 .



11. Дали сте приврзаник на Германската ,,ТЕЗА,,( не е научно докажано, затоа што знаеме дека Словените дошле на балканот во 6-ти век, а тука во Македонија се пронајдени ,,Словенски,, артефакти од 3тиот век) дека една голема маса на народ од позади Карпатите тргнала кон освојување на европа, и Дував го поминале со помош на цевчиња од трска со кои дишеле под вода. Или сте приврзаник на новата теза која е се погласна и е повеќе поткрепена со докази дека преселбата се одвивала од балканот па на север. Како куриозитет, и во Русија се учи дека Словените дошле од позади Карпати, а од Руска страна гледано, тоа значи дека народот се преселувал од југ према север.

- Германската ''ТЕЗА'' не е потрепена со никакви докази. Не знам дали има човек што ќе го преплива Дунав со цевче. Ајде да речеме (претпоставиме) дека ќе се најде еден меѓутоа правиме муабет за цел народ маса на народ. Тоа е невозможно. Цивилизацијата сме ја граделе ние учествувајки дирекно во тоа заедно со народи кои денес постојат, а некои заминале во заборав. Руската наука е поточна со оглед на тоа дена доаѓањето преку Карпатите го напишал русин или украинец што говори дека всушност тие така лажно измислени словени се Македонци кои ги населувале тие простори. Доколку не се верува има и книги од реномирани професори од Кембриџ како на пример книгата Изумрените Словени, што говори дека Македонците се стари како Сонцето и ќе останат вечни како Сонцето кое свети над Македонија.

12. Кај е Хеди ?

-Хеди ќе го најдете во смоките кај некој мора да се падне.

13. Кој ви е најомилен Античко Македонски цар?

- Најомилен Александар Трети Македонски тоа се подразбира. Инаку нема лош Македонски цар или крал, но кога би морал да избирам тоа би бил нашиот најголем војсководев и Македонец.

14. Латас или Чом ?

-Латас дефинитивно. Иако не е чисто Македонче сепак неговите ставови се поблиску до нашите.

15. Дали мислите дека Шеќеринска има античка убавина?

-Дефинитивно.Личи на Тројански Коњ

Македонија До Индија:
Благодарам за дадените одговори, ми беше чест и задоволство што ми беше соговорник даде навистина интересни одговори и ти посакувам среќа утре.

Никола Груевски Македонец:
Мене ми беше чест што можам некаде да го искажам своето мислење. Среќата е неизбежна бидејќи утре еВМРО-ДПМНЕ повторно го избира Никола Груевски Македонец, членовите најдобро знаат. Нека продолжат реформите!
Да живее Македонија. Да живее еВМРО-ДПМНЕ!
Благодарам за интевјуто.