Претседателско обраќање [krste83]

Day 2,042, 14:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


еМакедонски народе,

Ова мое обраќање ќе содржи неколку точки меѓу кои и најболните за еМакедонија. Некои од вас може се тролачки расположени и ќе почнат подбивно да коментираат, некои не ја знаат доволно ситуацијата во која се наоѓа еМакедонија па ќе плукаат на мене а некои пак и ќе разберат суштински каде е проблемот согледувајќи ги активностите кои претходните неколку дена се случуваа во еРепублик. Секој коментар и мислење за мене и за владата е добар. И оној кој ќе се пријави конструктивно да помогне е секогаш добредојден.

1. Битката со Турција: Оваа битка е факт дека не ја водевме сами ни ние а ни Турците. Неколку пати бегавме се отцепувавме и така натака во текот на мандатот на мојот претходник, тука немаше што да се прави и знаејќи ја ситуацијата во која се наоѓаме во распоред на силите прво нешто што направив кога дојдов на функција е да им предложам НАП на Турскиот претседател. Добив објаснување дека нема да може затоа што сојузниците(читај Грција) не прифаќале а и ресурсите во УАЕ им биле многу важни. Се случи она што се случи..решивме да пробаме со сила и со брзите прсти на еден од нашите конгресмени успеавме првично да ја земеме иницијативата. По три епски битки со многу потрошено време и средства (може да се види во НБРМ) кога точно во 22 часот ја гледав последната битка во која ние имавме иницијатива се разочарав. Ја следев и таа кампања како и сите три пред неа од почеток до крај. Верувам дека сите сме на одмори и такви срања но во рок од 30 минути да поминат 5-6 аватари од еМакедонски граѓани меѓу кои едниот мој а другиот од Scymex стварно е болно за секој Врховен командант на еМакедонската војска. До тогаш се потроши премногу а мораше и нешто да остане во касата за поделби па прекинавме со купување на инфлуенс од платенички единици од странство. Во однос на тоа секој има две страни кои ги гледа а мојата беше дека вложувањето во победа е неминовно...но само со вложување од НБРМ без сопствената војска битки не се добиваат.

2. Воздушен напад на Пакистан: Овој напад беше испланиран да се добие една територија во пакистан и таму да се остане за да не бидеме избришани. Информирани беа претседателите на појаките држави кои имаат територии во Индија дека ова е само начин да се заштитиме од бришење и дека немаме никакви намери кон нивните територии. Одговор добив само од Хрватскиот претседател кој рече “Фала за инфото” и тоа беше се. Веднаш потоа видовме интересна слика...Пакистан во еден момент се престори во центар на светот...цел ТВО се крена да склопува МПП со Пакистан. Прво се пушти порака на конгресмените да гласаат ЗА...а кога го видовме тоа на резултат 7-1 за воздушен напад пуптив порака да не се гласа до наредниот ден додека не добијат информација дали да се гласа или не. Но некои од конгресемните веројатно не ја ни читаат кружната порака а и бидејќи е игра а не е вистински живот нема друг начин на информирање до утрото резултатот веќе беше јасен и 19 конгресмени изгласаа со ДА а 17 со НЕ...оние двајца кои преостануваа не успеавме да ги најдеме и законот помина како таков. Се потроши многу цц и леб...кој сигурно брзо ќе го вратиме но видовме дека еМакедонија сеуште е сила на еРепублик и на неа се гледа со почит...ТВО има за цел да не избрише бидејќи гледаат на нас како закана. Со тоа отидоа во вода објаснувањата односно лажењата на Турците дека им се битни само ресурсите и тоа го прават поради Грција. Иако овој АС беше неуспешен успеавме да се избориме за да успееме да дојдеме до конгрес. Доколку на 25ти утрото имаме барем една слободна територија ние ќе имаме и конгрес. Нашата битка за конгресот ќе успее но со силите кои ги имаат ТВО во споредба на ЦоТ бришењето не ни бега.

3. Напад на Грција: успешно први го пуштивме нападот над Грција која после Бугарија имаше цел да не сотре нас но сега ќе им треба многу подолго време тоа да го направат.

4. Политичките случувања: Од моментот кога пукна тиквата со Србија јасно беше дека за нас нешто се готви. Ние сме криви што до сега поради интерес не сме свртеле грб и не сме изиграле предавнички кон некоја земја. И јас мислев дека играчите кои играат како црепови на другите земји се барем доволно доблесни да кажат едно “Извинете ама тоа е наредба на сојузот”. Прво очигледно е дека со Полска ги имаме претерано оладено односите бидејќи не добив одговор на ниту една пратена порака до нивното ЦП..може и не знае англиски нели 🙂 а богами ни Српскиот претседател не ми одговараше на ни една од безмалку 3-4 пораки кои им беа испратени, секако, не политички и без некои молби во содржината. Кога нечија цел е поради непозната причина да те бриши, и воедно е многу посилен од тебе...ќе се бориш додека не паднеш и се реорганизираш потоа додека не се кренеш повторно. Сојузот ТВО како таков е идејно нефункционален за трајно...максимум за месец дена ќе почнат да се расправаат и ќе биде интересно додека сме во фаза на јадење пуканки и тргање сеир...а тие ќе губат територии поради интерни проблеми. Од наша страна секако беше разговарано и со Хрватскиот претседател во однос на идејата за потпишување МПП со нив...комуникацијата оди многу полека една порака назад добивам на 4 дена без конкретна содржина...се додека не дојде и нивното МПП со Пакистан на ред. Сепак тоа се само ситни чекори кои подоцна ќе вредат многу.

Нема да го нумерирам последново. Ајде еднаш барем да застанеме заедно на страната на еМакедонија. Голем дел од вас имаат зимници, имаат нуклеарки и имаат ракети. Доколку секој од нас својот арсенал го даде за Македонија верувајте тука ќе ви биде задоволството. А бркањето БХ во етикојаси битка нема да ви промени ништо виртуелни 5 злато само ќе ве збогатат во виртуелниов свет за кратко а после два дена ќе ги нема на вашата сметка...ќе заминат повторно за тенкови...

Бидете ми среќни и весели. Засега на еРепублик е голем хаос и многу лажги и пресврти ќе се гледаат допрва. Спремете си пуканки и полни енергии да ги растураме во востанија оние кои не престанаа два месеци со ред да не бришат. Едноставно дај те им до знаење дека нашата игра знае да биде и многу потактичка а не само да се мериме кој е посилен. Кога си послаб мора да најдеш начин како да се снајдеш да надмудриш и да дојдеш до победа...ќе дојдеме до таа победа. Многу е важно да излеземе овој пат над нив. ВЕ МОЛАМ БЕЗ НАВРЕДУВАЊЕ...БИДЕТЕ ПОГОЛЕМИ ОД НИВ...ПОКАЖЕТЕ ИМ ПОЧИТ КАКО НЕПРИЈАТЕЛИ И ЗАЧУВАЈТЕ ГИ НАВРЕДУВАЧКИТЕ ШАУТИ ЗА СЕБЕ...ДА СЕ ПОКАЖЕМЕ КУЛТУРНИ И ЛАДНИ. А кога ќе ни тропнат на врата да им се изрезилиме и после да преговараме.



Со Почит,

krste83
Претседател на еМакедонија