Работата на операторите на #eMKD [ Мин. за Информирање ]

Day 1,451, 08:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje




Како што знаете секоја еДржава има свој официјален Чат канал исто така и ние.
#eMKD е Официјалниот канал на еМакедонија каде секој граѓанин е добродојден за дружење, забава и делење на своето мислење со другите играчи. Воглавно овој канал е направен за полесна комуникација помеѓу играчите, но за да остане каналот уредно и цивилизирано место за разменување на секакви идеи и мисли се загрижени таканаречените Оператори.
Операторите се надгледувани како работат од страна на админите, а додека админите се надгледувани од страна на сопственикот на каналот но сите работат со една иста цел, а тоа е да се почитуваат златните правила од правилникот http://tinyurl.com/emkd-pravilnik на #eMKD
Како и да е, верувам дека досега повеќето од вас се запознаени со овој канал па затоа нема што да должам и ќе ве оставам да уживате во интервјуата со неколку од Операторите на нашиот канал и да слушнеме тие што имат да кажат. А доколку не сте го посетиле каналот слободно дојдете на http://mibbit.com/?channel=%23eMKD&server=rizon.mibbit.org и не срамувајте се.




Направени се и неколку кратки интервјуа со дел од операторите кој можете да ти погледнете во продолжение

1.Која е вашата функција како оператор на #eMKD?
Rombo - Ред, рад и дисциплина
[DBK]The_Grand_Admiral - Како оператор на овој канал мојата работа е да се грижам правилата на овој канал да се следат, да нема спам, вреѓање и пцуење.
TepopucTa - Да следиме за почитување на чат правилата на каналот.
DedaNoe - Оп 😃
Maked0ner - Должност ми е да го спроведувам правилникот и како админ да ја следам работата на останатите оператори
VikiMKD - Да се сочува редот и дисциплината на каналот...


2.Како ја добивте таа функција?
Rombo - Па поради големата активност и поради тоа што не сум дете за да правам глупости.
[DBK]The_Grand_Admiral - Функцијата ја добив кога имаше конкурс за оператори на емкд и бев еден од избраните за да сум оператор.
TepopucTa - ...: хм... не се сеќавам најточно
DedaNoe - Банирав Бугари цел Декември, јануари февруари итн.
Maked0ner - Конкретно причината не ја знам бидејќи статус оператор добув одамна и сум еден од постарите оператори воопшто на #emkd, но можеби поради залагањето да се одржува националниот канал во најдобро светло како и поради IRC искуството кое предходно сум го стекнал.
VikiMKD - Gift from Maced0ner..... (го платив 10 голд :/)


3. Што најмногу ве нервира на #emkd?
Rombo - Пцуење и вреѓање
[DBK]The_Grand_Admiral - Па самиот факт што некој луѓе сметаат дека е против нив и незабележуваат дека некогаш претеруваат и тоа ептен.
TepopucTa - Абе каково нервирање. Играјтеси игра и забавувакте се.
DedaNoe - Пцуење
Maked0ner - Личностите кој со намера го прекршуваат правилникот на #emkd како и кавгите/расправиите меѓу присутните кои за жал ги има уште од моето прво појавување на каналот.
VikiMKD - Караници и пцуење....


4.Што најмногу ви се допаѓа на #emkd?
Rombo - Женските
[DBK]The_Grand_Admiral - На #emkd се запознав со доста луѓе што ги почитувам и секогаш има некој со кој можеш да си направиш моабет.
TepopucTa - СЕ
DedaNoe - Луѓето кој идат.
Maked0ner - Единствено ми се допаѓа позитивната атмосвера од дел од присутните иако во последно време е ретка поради Х причини. Сепак во секое време има народ со кој можеш да си направиш моабет за мерак, а со тоа да заборавиш на проблемите од ВЖ.
VikiMKD - Дружбата... И покрај се има некои со кого можеш да направиш муабет... 🙂


5.Доколку би можеле да смените нешто на #emkd што би промениле?
Rombo - Ништо битно не би сменил.
[DBK]The_Grand_Admiral - Начин да се банираат динамичките адреси.
TepopucTa - Ништо.
DedaNoe - Операторите кој се во занес/
Maked0ner - Би го ставил Зоран 1-ви Македонски за главедн џедај.
VikiMKD - До звездичката клуч xD


6.Колку време поминувате на #emkd дневно?
Rombo - 10+ часови дневно.
[DBK]The_Grand_Admiral - Па над 6 саати кога времето ми дозволува.
TepopucTa - 24/7
DedaNoe - Ради тоа што неможам да пишувам цело време на канал и имам работа со чет поретко ме има.
Maked0ner - 24/7 поради BNC-то (IRC bouncer) кое ми го овозможува тоа (читајќи и од PHX 😛)
VikiMKD - 6 - 8 часа, кога како...



Им благодариме на овие шест оператори кои одвоија време за едно мало и кратко интервју.

Нормално ќе ви оставиме и линк од каналот на кој може секој граѓанин на еМакедонија да се приклучи и да одвои време за забава.

Линк од каналот =======> http://mibbit.com/?channel=%23eMKD&server=rizon.mibbit.org

Ќе оставиме и линк од правилникот на каналот за оние кој не го прочитале еве им шанса.
Правилник на #eMKD ===> http://tinyurl.com/emkd-pravilnik




еСрбија


еЦрна Гора


еСловенија


еБиХ


еХрватска




Поздрав Македонијо
Министерство за Информирање