ВИСТИНАТА НА МАКЕДОНИЈА - 4 ДЕЛ ПОХОДОТ НА АЛЕКСАНДАР втор дел

Day 2,594, 11:53 Published in North Macedonia Romania by jerigomkd
ВИСТИНАТА НА МАКЕДОНИЈА - 4 ДЕЛ ПОХОДОТ НА АЛЕКСАНДАР втор дел
Битка кај ГАВГАМЕЛА

Битката кај Гавгамела бил вооружен судир во 331 п.н.е каде Александар Македонски - Македонија го поразил Дариј 3-ти - Персија . Битката исто така и се нарекува Битката кај Арабела.
-Македонци и сојузници под водство на Александар со 7,250 коњица и 40,000 пешадија. (Според Аријан)
- Персијци под водство на Дариј веројатно со 20,000 главно тешка коњица, 230,000 пешадија (вклучувајќи околи 10,000 јонски платеници). Вистинскот број на Персијците не е утврден, но се знае дека биле многу побројни од македонците.
Персијците биле на бојното поле уште пред самата битка да започне. Дариј ја регрутирал најдобрата коњица од неговите сатрапии и од сојузничкото скитско племе. Дариј исто така ги спремил српните двоколки за кои имал приготвено чист терен пред неговите трупи. Исто така Дариј имал 50 индиски бојни слонови со поддршка на индиски двоколки, иако тие не играле никаква улога во битката. Пред битката, Дариј наредил да се искорне секаква вегетација на бојното поле за да може што подобро да оперира со српните двоколки.
Самиот Дариј стоел во средина заедно со најдобрата пешадија, по персискиот кралски обичај. Тој бил опкружен, десно, од каријска коњица, јонски платеници и персиска коњичка гарда. Меѓу центарот и средината ја поставил неговата пешадиска гарда (Јаболконосачи или Бесмртници), индиската коњица и неговите мардиски стрелци.
На двете крила била коњицата. Бес го командувал левото крило со бактријанците, дахајската коњица, арахрозијската коњица, персиската коњица, сузиската коњица, кадузијската коњица и скитите. Двоколките биле сместени напред заедно со мала група бактријци. Мазеј го командувал десното крило со сиријската, медијската, месопотамиската, партијанската, сакијанската, тапуријанската, Хирканијанската, албанската, сакезијската, кападокијанската и ерменската коњица. Кападокијците и Ерменците биле сместени во преден план и го воделе нападот. Албанската и сакезијската коњица биле пратени да го обиколат македонското лево крило.
Македонците биле поделени на два дела, со десното крило под директна команда на Александар, а левото на Парменион. Александар се борел со своите коњички придружници. Со нив биле пајонците и лесната коњица на Александар. Платеничката коњица биле исто така поделена на две групи, со ветераните на десното крило, а остатокот од нив пред агријанците и македонските стрелци кои се наоѓале непосредно покрај фалангата. Парменион се наоѓал лево со тесалците, платеници и тракиските коњички единици. Тие биле наменети да го задржуваат непријателот додека Александар го задава решавачкиот удар десно.
Меѓу десната страна и центарот биле критски платеници. Зад нив била група од тесалски коњаници под команда на Филип како и платеници. Десно од нив бил друг дел од сојузничката коњица. Таму била и фалангата која била позиционирана во двојна линија. Заради тоа што биле бројно надминати 5:1 во коњица, и персиската линија била за 1.5 км подолга од македонската, изгледало неизбежно дека Македонците ќе бидат заобиколени од Персијците. Вториот ред фаланга имал за задача да се справи со оваа ситуација ако тоа се случи. Оваа втора линија се состоела главно од платеници.
За време на битката Александар употребил толку уникатна стратегија која само неколкумина во светската историја можеле да ја повторат. Неговиот план бил да повлече што повеќе персиска коњица на крилата. Овој план имал за цел да направи отвор во непријателската линија каде подоцна би се задал решавачки удар кај Дариј во центарот. За ова бил потребен речиси совршен тајминг и маневрирање како и условот дека Дариј требал да изделува прв. Македонците нападнале со крилата свиткани наназад под агол од 45° за да ја намамат периската коњица да нападне. Истовремено полека крилата се придвижувале кон десно. Александар го приморал Дариј да нападне (и набрзо неговата војска се поместила од подготвениот терен), иако Дариј не сакал да нападне прв одкога видел што се случило во ваква слична ситуација кај Ис. На крајот Дариј бил приморан да нападне.
Сега Дариј наредил напад на двоколките. Некои од нив биле пресретнати од Агријанците. Меѓутоа македонската војска имала извежбана тактика за соочување со овие смртоносни направи. Првите линии се поттргнале, отворајќи процеп. Коњите одбииле да се втрчаат во копјата на првите редови и се фатиле во т.н. „стапица за глувци“, каде што биле запрени со копјата од задните редови. Потоа возачите биле лесно убиени. Двоколките биле бескорисни.
Како што Персијците оделе се понапред и понапред во македонските крила, Александар полека ја исфилтрирал неговата гарда позади. Персијците го направиле истото, додека не се отворила празнина помеѓу левата страна на Бес и центарот на Дариј кога Александар ги пратил своите последни коњички резерви против нив. Александар ги отповикал своите придружници и се подготвил за решавачкиот напад против Персијците. Под негово водство, тој ги групирал своите единици во форма на гигантски клин, со самиот Александар на врвот од него. Позади него била бригада од неговата гарда и батаљони од фалангата кои успеал да ги извлече од битка. Овие биле лесни, проследни трупи.

Овој голем клин се судрил директно со ослабениот персиски центар, масакрирајќи ја кралската гарда на Дариј и јонскате платеници. Бес од левата страна сега бил отсечен од Дариј и плашејки се дека и тој би бил нападнат од овој клин почнал да се повлекува. Самиот Дариј бил во опасност да биде отсечен, и тука има неколку различни верзии на она што потоа се случило. Според речиси сите верзии, Дариј почнал да бега и остатокот од неговата војска исто така. Меѓутоа единствениот зачуван документ од тоа време вели дека војската сама почнала да бега.
По битката, Парменион го обиколил персискиот багажен караван, додека Александар и неговите телохранители го гонеле Дариј со надеж дека ќе го фатат. Како и кај Ис, така и во оваа битка пленот од грабежот бил огромен. Биле фатени 4,000 таленти, како и личната двоколка и лак на Дариј. Исто така биле фатени и бојните слонови.
Дариј успеал да избега од битката со мала група на војници.
Сега Персиската иммерија била поделена на две половини – Источна и Западна. Александар потоа се прогласил за Големиот ГОСПОДАР (титулата на Дариј).
Потоа Александар тргнал кон Вавилон.
Од Вавилон, Александар се упатил во Суса, еден од главните градови на Персија, и го освоил неговото легендарно богатство. Испраќајќи ја главнината од својата војска кон главниот град на Персија Персеполис, Александар ги нападнал и освоил Портите на Персија (денес планината Загрос).
Портите на ПЕРСИЈ
Е еднен премин тесна клисура за патот кон Персеполис.Tука Војската на Александар била нападната од Персијците под водство на генералот Ариeл Барзанес на врвовите на клисурата кај местото Нарос длабоко во преминот , фрлале со камења врз македонските војници под што тие биле принудени моментално да се повлечат за да се реорганизираат.
Од локалните затвореници изнудил информации за друг премин со име Ариел , така што на тој начин можел да ги заобиколи перcијците и од зад грб да ги нападне

Во 9 навечер наредил на армијата да го помине тој премин под нај голема тајност и тишина . Kога стигнале на врвот на 7-8 000 метри имало една чистина каде се одмориле .И испланирале околу полноќ : 3 пешадиски бригади АМИНТА ,ФИЛОТА И КЕН под команда на Кратер требало да се вратат на преодот каде биле персијците од каде нападнале првиот пат и да нападнат од таму .Александар со коњаницата , една пешадиска бригада и стрелци од позади персијците требало да ги нападнат биле околу 5-6000. а 3000 под команда на генерал Птоломеј останале како резерва .Тоа биле Cребрените Kопја телохранителите на Александар
Персијанците биле опколени и биле победени.
Александар ја продолжил потерата по Дариo. До тогаш, Персискиот крал веќе бил заробен од Бес, неговиот Бактријски сатрап и сонародник. Додека Александар наближувал, Бес наредил да го убијат Дариј, а потоа се прогласил за негов наследник под името Артаксеркс 5. и се повлекол во централна Азија од каде организирал герилски напади против Александар.
Дариј оставил порака во која го замолил Александар да се грижи со неговата фамилија со чест .
Александар на Дариј му приредува раскошен закоп како што доликува на еден владетел.
Во момент кога одело се во ред Александар добил вести од Македонија.Aтињаните се побуниле подржани од Спартанците.При тоа загубил 4000 македонски воjници додека го убил спартанскиот anax-крал Агис и 5000 атино - спартански војници со тоа ги ставил пак под контрола .
Неговата понатамошна тригодишна воена кампања, прво против Бес, а потоа и против Спитамен, сатрап од Согдијана, го одвела Александар низ повеќе делови на денешен Авганистан и Таџикистан. Притоа, формирал повеќе градови со името Александрија, од кои некои постојат и денес, на пример Кандахар во Авганистан и Хуџанат во Таџикистан. Во тие походи, неговите противници биле поразени: Бес во 329., а Спитамен во 328г.п.н.е.
Hекаде кај Хирканија пред елитните македонски корпуси од 20.000 пешадија и 3.000 коњаница, Александар изјавил:
Бракот со Роксана
329година п.н.е. ја зема за жена Роксана. Бактриската принцеза Роксана- Рошанак на Бактриски,..таа била ќерка на локалниот водач
Александар се вљубил во неа и ја земал за жена.Во 327 ce раѓа ПРВИОТ СИН НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, Херакле од неговата кункубина Барсина
Освојување на северна ИНДИЈА

Александар ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326 г.п.н.е. Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од Гандара, територија на север од денешен Пакистан, да му се покорат и да тргнат со него. Амби, владетелот на Таџила, чие кралство се простирало од Индус до Џелум, така и направил. Но водачите на некои кланови, како например Асапсиос и Асакеноис, одбиле да се покорат.
Александар лично ја преземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, Агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините Алишанг и Гуреа, како и на кланот Асакеноис во долините Сват и Бунер. Посебно драматични биле борбите со кланот Аспасиос, во кои Александар бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката. 40,000 воини биле заробени.
Асакеноисите му се спротивставиле на Александар со армија од 30,000 борбени кочии, 38,000 пешадија и 30 слонови. Тие се бореле храбро и пружиле силен отпор во многу утврдени места како што биле градовите Ора, Базира и Масага. За да се скрши жестокиот отпор кај утврдувањето Масага биле потребни неколку дена жестока и крвава битка во која Александар бил сериозно ранет во потколеницата. Според Куртис, Александар не само што Александар ја уништил војската и останатите жители на Масага тој исто така го разрушил до темел, го пеплосал градот. На сличен начин својот бес подоцна Александар го искажал и на Ора, следното упориште на Асакеносите.
Откако го совладал Аорнус, Александар ја преминал реката Инд и влетал во епската битка против Пор, владател на територијата Пенџаб во битката кај Хидасп во 326 г.п.н.е.
По конечниот пораз на Ахеменидската империја под водство на Бес и Спитамен во 328 п.н.е, Александар почнал со походи на разните индиски кралеви во 327 п.н.е. Според некои извори Александар имал 120,000 војска, додека според други војската не броела повеќе од 35,000 војници, од кои коњицата била една третина.
Главниот багажен караван поминал преку Киберскиот премин, но помала група војници под команда на Александар преминале преку север, освојувајќи ја тврдината кај Орно (денешен Пир-Сар, Пакистан) по пат. Во раната пролет следната година, ги соединил своите сили и се сојузил со Таксил (познат и као Амби), кој бил крал на Таксила, против неговиот сосед, кралот на Хидасп.
Битката кај ХИДАСИ
Битката кај реката Хидасп се одиграла 326 п.н.е помеѓу војската на Александар Македонски и војската на индискиот крал Пор крај реката Хидасп (денешна река Џелум) во регионот Пенџаб. Кралството на Пор се протегало во делот од стара Индија кој денес припаѓа на Пакистан. Оваа битка бил последниот покрупен судир на Александар Македонски. Иако во битката македонската војска победила, поради истоштеност одбила да оди подлабоко во Индија и покрај желбата на нивниот војсководец, Александар Македонски.
- Македонци , персиски и индиски сојузници под воство на Александар со околу 4,000 коњица и 50,000 пешадија и 2,700 војска под водство на Кратер кои играле диверзиона улога.
- Кралот Пор со 200 бојни слонови, 6,000 коњица и 30,000 пешадија.
Битката се одвивала на источниот брег на реката Хидасп, (денешен Џелум која е притока на реката Инд) близу денешните места Лила и Бора во Пакистан.
Кралот на Хидасп се сместил на левата страна од реката за да ги спречи преминувањата на истата. Реката Хидасп е доволно длабока и брза за да го однесе секој што сака да ја премине. Затоа Александар почекал неколку дена, со многу маршеви и контрамаршеви како и информациска војна (со тоа што им „дал на знаење“ на мештаните дека смета дека реката е премногу длабока за преминување, факт кој го дознал од Пор). Една ноќ, кога осетил благосостојба во кампот на Пор, Александар собрал мала војска и ја преминал реката 17 км низводно. Бидејќи ја гледал главната војска со Кратер сo уште пред него, Пор пратил само малку војска да се соочи со нападот. Меѓутоа тој погрешно проценил и војската била убиена заедно со неговиот син.

Кога битката подоцна почнала, александровата коњица била сместено на десното крило, но Александар пратил група коњаници да ги заобиколи Индијците и да ги нападне одзади. Индијците имале коњица на двете крила, бојни слонови напред и пешадија позади слоновите.
Овие бојни слонови ја правеле ситуацијата многу тешка за Александар. Речиси сите негови победи се должеле на неговата способност да го раздвои непријателот и да јуриша со неговите коњички придружници низ отворот. Меѓутоа слоновите ги уплашувале македонските коњи. Така Александар морал да ја промени неговата стратегија.
Александар ја започнал битката со вообичаениот јуриш на десното крило (лево на индијците) со предвидливи резултати, индиското лево крило ослабело и Пор ја зајакнал таа страна со коњица од десното крило. Ова ги оставило индиските коњаници без никој да ги брани од опколниот напад одзади. Александар го сакал токму ова. Тој ја уништил индиската коњица без да ги доближува неговите коњи до слоновите. Доколку индиската коњица не би била уништена, таа сигурно би претставувала закана за фалангата подоцна во битката и македонската коњаница не би можела да ја подржува пешадијата во борбата против индиската коњица заради близината на слоновите.
Во меѓувреме, македонската фаланга и персиската пешадија трнале напред за да го пречекаат јуришот на слоновите, кој бил запрен, иако со тешки последици за пешадијата. Махутите на слоновите биле убиени, а некои биле повредени, така што војската на Александар успеала да ја обиколи индиската војска. По загубата на огромен број животи, Пор, кој бил ранет во борбата се предал.

Тешко е да се измерат жртвите, но се знае дека Индијците ја изгубиле целата своја коњица, голем дел од пешадијата и преку 100 бојни слонови. Македонците фатиле 80 слона, но изгубиле многу пешадија во битката. Коњицата имала многу помалку жртви. Историчарот Питер Грин вели дека Александар изгубил дури 4,000 војници, главно фаланга. Тие биле оние кои морале да се соочат со слоновите бидејќи коњите не сакале ни да се доближат.
Ова била најдалеката точка кај што Александар стигнал заради одбивањето на неговата војска да оди напред не само заради тоа што била истоштена, туку и заради тоа што за прв пат го увидела вистинскиот начин на употреба на слонови во битка. Дариј пред тоа употребувал слонови во битка, но тие не играле значајна улога. Тука фалангата за прв пат се соочила со јуриш на слонови и чудо е што воопшто успеала да ги одбие заради огромниот психолошки ефект што тие го имале врз војниците.
Kако резултат на оваа битка Александар основал два града, Никеја (Победа) на местото на денешен Џалапур и Букефалија (веројатно) на местото на денешна Бера, Пакистан. Букефал бил коњот на Александар, кој загинал или во битката, или подоцна од старост и истоштеност.
Источно од кралството на Пор, близу до реката Ганг, се наоѓало моќнотa на Магада под владение на династијата Нанда. Стравувајќи од судир со уште една моќна Индиска војска, изморена од повеќегодишните воени походи, војската на Александар запира кај реката Биас одбивајќи да маршира понатаму кон исток. Така оваа река ја означува и границата до каде војската на Александар продрела на исток.
После битката со Пор, моралот на војската на Александар опаднал за понатамошни походи. А покрај се, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател. Војската на Александар имала на располагање околу 20 илјадна пешадија и околу две илјади коњаници. Војската отворено се спротиставила на инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри (32 фурлонга), со длабочина од 183 метри (100 фатоми). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови. Некои дури извори велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, двесте илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии, и 6 илјади борбени слонови. - Плутарх, Вита Александри, 62
Александар бил приморан да сврти на југ. На патот кон југ војската се судрила со кланот Мали, (во денешно време Мултан). Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период. Но војската на Александар после жестоките битки го покорува кланот Мали. Во едне од налетите на утврдувањета Александар бил сериозно ранет од стрела.
Поголемиот дел од својата армија Александар ја насочува кон Карманиа (во денешно време јужниот дел на Иран) на чело со генералот Кратер, а еден дел гради флота за да го истражи Персискиот залив под водство на адмиралот Неарх, додека со останатиот дел од војската се враќа назад во Персија по јужната рута низ пустината Гедрозија (во денешно време дел од јужен Иран и Макран во јужен Пакистан).