Вооружени сили на Република Македонија 2 дел

Day 2,594, 02:42 Published in North Macedonia Israel by Black Coyote

1.Логистички баталјон

Задачата на првиот логистички баталјон во мир, војна или во криза е да обезбеди и одржува материјални средства за АРМ,да прима и дистрибуира материјалните ресурси од сите класи и материјали, во согласност со потребите, во согласност со потребите во скалд.Според законските одредби набавува материјални ресурси, ги транспортира,ја одржува инфраструктурата и воените инсталации, организира и да спроведува физичко обезбедување на објекти од посебно значење. Освен тоа 1.Логистички баталјон пружи секојдневна логистичка подршка на единиците на АРМ во гарнизоните во Штип, Куманово и Криволак, и логистичка поддршка во меѓународни вежби и мисии.



1.механизирана пешадиска бригада "Шкорпиони"

Бригадата постои од формирањето на АРМ, ја наследи традицијата на 14.Младинска национално-ослободителна бригада формирана во селото Митрашинци на 17.09.1944 година. Во периодот од 15.04.1992 до 01.09.2000-тата година беше организирана како 11-та пешадиска бригада. Од 2000-тата година, во согласност со НАТО стандардите е трансформирана во 1. пешадиска бригада се до 19. 12. 2005-та година кога прерасна во 1. механизирана пешадиска бригада.Бригада се состои од три механизирани пешадиски баталјони, еден артилериски и пет чети (командна, воената полиција, извидување, комуникации и инженерство). Членовите на оваа бригада учествуваа во мисијата ИСАФ во Авганистан од 13.07.2006-та година. Мото на бригадата е "et fortitudo" (“Чест и сила”).














501. Падобранско-диверзантскиот одред "сокли" беше дел од македонското воено воздухопловство и против-воздухопловна одбрана. За прв пат јавно представен на 28.05.2002-рата година на воениот полигон Цојлија, до Петровачката воздухопловна база. Во текот на оваа вежба ги презентираа својата опрема и оружје, и извршија демонстрација на операции за потрага и спасување (CSAR) на соборени пилоти на непријателска територијата и тактичка операција наречена "мал дијамант". Покажаа и навигирање авиони кон непријателски позиции (FOC Forward Air Controllers), отворајќи оган од автоматско оружје од борбени хеликоптери, како и Хало скокови (скокање од големи височини, со отворањето на падобран на мала надморска височина). Во време на мир задачите им се потрага, спасување и медицинска евакуација на воздухопловниот екипаж. Во случаи на природни катастрофи учествуваа во помошта за загрозеното население.По реорганизацијата на воздухопловните сили, единицата е исклучена, и некои од нејзините членови се придружија на полкот за специјални операции "Волци".

десен ракав-свечена униформа

ознака за беретки

Кафеавиот амблем,амблемот за падобранец и редниот број во единицата

Воздухопловна извидувачко-напаѓачка група ВИНГ

Воената авијација на Република Македонија е формирана од страна на Претседателот на 10.04.1992-ра година. По оваа одлука е формирана командата на VV и PVO воздухопловните сили, воздухопловната бригада со воздухопловни, транспортни и борбени хеликоптерски ескадрони. Пилотите се обучени на Utva-75 авиони. 1994-тата година воздухопловството добива хеликоптери Mi-17,од тогаш, борбената и транспортната обука се изведува со овие хеликоптери. Квалификувани се за транспорт, противпожарни обука, медицинска евакуација ,потрага и спасување. Во 2001-вата година стигнуваат хеликоптери Mi-8 за транспортниот ескадрон, Mi-24 за борбениот сквадрон , UH-1H хеликоптери и авиони Su-25. Во 2005-тата година, доаѓа до реконструкција на вооружените сили на Република Македонија и се трансформира во воздухопловна извидувачко-напаѓачка група ВИНГ.Винг започнува со програми за модернизација на воздухопловството и учество во меѓународните мисии на НАТО и ЕУФОР (мисијата ALTEA во Босна и Херцеговина од 2006 година).

воздухопловен Винг

Винг команда

градна значка

градна значка

Хеликоптерски транспортен сквадрон

201.противоклопна хеликоптерска ескадрила

Боздухопловен хеликоптерски сквадрон