ВИСТИНАТА НА МАКЕДОНИЈА - 3 ДЕЛ ПОХОДОТ НА АЛЕКСАНДАР прв дел

Day 2,594, 02:14 Published in North Macedonia Romania by jerigomkd
ВИСТИНАТА НА МАКЕДОНИЈА - 3 ДЕЛ
ПОХОДОТ НА АЛЕКСАНДАР прв дел
АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ


Александар ТРЕТИ Македонски e роден во Пела, Македонија на 20 јули 356 п.н.е. , a умрел во Вавилон на 10 јуни 323 п.н.е. бил владетел на Македонија од династијата Аргеади и владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.. Тој бил еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото.
Александар се родил од бракот на Филип Македонски со со македонската василевна Олимпија инаку по потекло принцеза од Молосиа, во триста педесет и шеста година пред нашата ера во почетокот на месецот Лоj и тоа во шестиот ден. Ha тој ден е запален и храмот на Артемида во Ефес.
Новата воена техника на Александар

338 година п.н.е. Филип со својата војска и Aлексндар марширал накај Термобили , каде се судриле со еден гарнизон на Теба и тргнале да ја окупираат Елатиа. Меѓувремено , Атина под водство на Демостен исгласале да се сојузат против Филип. Атина испратиле емисари и побарале од Tеба да се здружат и да станат сојузници.

Филип подржан од ''Светата лега'' марширал на Амписа и ги блокирал платениците пратени од Демостен и го прифатил предавањето на градот.Филип потоа се повлекол од Елатеа и понудил мир со Теба и Атина која понуда била одбиена , од страна на Теба и Атина.

Филип со 30.000 пешадијци и 3.000 коњаници ги пречекал на Херонеја - Беотија. 3дружените Тебано-атински сили кои броеле околу 30.000 војници.После долг судир со нив, Филип наредил десната страна од кај Филип да се повлече , каде биле атињаните така се отворила празнина во средината од каде коњаницата под вотство на Александар ги нападнал Тебанците - тебанската света чeта, нивната нај елитна војска , ма ги нападнал и Атињаните од зад грб, додека Филип ги нападнал сега уште по силно и атињаните почнале да бегаат.Атињаните под водство на Демостен кој бил дилетант и не се разбирал во воена тактика , ма во провокации , навреди и оговарања, да.

После една силна борба Александар успеал да ја уништи ТОТАЛНО светата тебанска чета. 254 тебански воjници биле убиени. Другите заробени тебански војници биле продадени како робови , со тие пари Филип инсталирал воена база во Теба.Од Теба Филип отишол во Атина и им ги предал заробените Атински воjници.За овој гест Атињаните на Филип Македонски му направиле статуа во природна големина .Потоа марширал во Kоринт каде ја формирал Kоринтската Лега, КОЈА KОРИНТСКА ЛЕГА ТРЕБАЛО ДА ГИ СЛУЖИ МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ. Филип бил избран ЗА доживотен водач како и идните македонски владетели . Се довориле дека ќе ја подржат Македонија против војната против Персија, a била само против Спарта.
336 година п.н.е. На свадбата на неговата ќерка Клепатра со братот на Олимпија , Александар ПРВИ од Молосиа во Eгеа ,Филип бил убиен од Павзаниј во театрот.Се вели дека тие двајцата имале некој неразрешен проблем .Павзаниј пробал да избега ма бил убиен од тие што го гонеле , меѓу тие што го гонеле Павзаниј билe и двојца пријатели нa Александар , Пердика и Леонат.
Tогаш Александар БИЛ ПРОГЛАСЕН ЗА ВЛАДЕТЕЛ на Македонија од страна на војската и македонските благородници.
Како неговиот татко допринесува да ја усоврши македонската фаланга ,особено македонската коњаница - пријателите и формира свои телехранители под името ''КУМИТИ'' исто како неговиот татко со ''Сребрените копја'' .
Во 336.г.п.н.е. на дваесетгодишна возраст Александар станува владетел на Македонија.
На веста за атентатот на Филип Македонски веднаш се побуниле Тесалија, Теба, Атина и на север Траките.
Александар одговорил брзо. Пробал попрво да употреби дипломатија.
Со 3000 коњаници ја опколил Тесалија.Александар бил зад Олимп и преминот Оса.Така да Тесалците се предале и тесалската коњаница се придружила на страната на Александар.
Така Александар продолжил надолу накај Пелппонез.Александар застанал на Термобили,каде бил избран како водач на Светата Лега.Теба, која била најактивна против него, веднаш се предала кога тој со својата војска се појавил пред нејзините порти.Атина го замолила за мир,а во Kоринт бил избран за ''Хегемон''- водач на Коринтската Лига .Кога бил во Kоринт добил вести дека Тракиската буна се раширила.
335 година п.н.е. Александар ја нападнал Тракија за да се справи со бунтот, кој ја буна била водена од Илирите и Трибалите.На патот кон Агриани бил засилен од едно тракиско племе под водство на Лангар.
Војската марширала се до преминот Хаем каде наишол на два гарнизона на Траки кои биле утврдени на високо.Tраките направиле борбени направи co кои ги гаѓале македонците со камења.Александар наредил да ги нападнат во разредена формација , со помош на македонските стрелци со огнени стрели го нападнале утврденото место,така да тешката пешадијa стасала до врвот на ридот.Меѓувремено,Трибалците под водство на нивниот крал Сурм ги нападнале македонците од зад грб ма биле одбиени на една чистинка каде биле прегазени од македонската фаланга и коњаница, убиле околу 3.000 непријателски војници.
Пота се упатиле кон Дунав.Таму се судриле со племето Гетае. Со сплавови 4.000 македонска коњјаница и 1500 фаланга успеале да ја преминат другата страна на Дунав.На изненадување на македонците ,14.000 војници од племето Гаетае се повлекле од нивниот град и го оставиле нивниот град во рацете на македонците.Во тој момент дошла вест од Клито дека, Илирите и нивниот крал Глауки се дигнале на бунт против македонците.Александар и македонците ги притиснале Илирите во една тврдина во Пелум.Наредниот ден Глауки дошол на помош на тврдината.Филота еден македонски генерал и пријател на Алксандар бил блокиран во Тауланти . Александар веднаш тргнал да му помогне на својот пријател и успеал да го уплаши Глауки кој го напаѓал Филота.Александар бил блокиран од илирите и Таулантитe.Теренот бил многу нерамен. Македонците почнале да го викаат своjот борбрн повик па тaулантите се исплашиле и побегнале во нивниот град.После извидницата на Пелиум, Александар се повлекол тактички нo ноќта го нападнал градот и го запалил. Клеит и Глауки побегнале со својата војска.
Додека Александар водел победувачка војна дошле вести од Теба и Атина дека пак се дигнале на бунт.
Тебанците и Атињаните повторно се побуниле. Александар реагирал веднаш и сурово.
Уништување на градот држава ТЕБА
Александар само за две недели поминал 1000 километри со македонската фаланга. Кога чуле за оваа брзина aтињаните и другите градови држави се предомислиле и не дошле на помош на Теба која истата сметала на нивната помош .
Генерал Пердика ја нападнал главната порта на Градот откато го разбил отпорот Александар со остатокот на македонската фаланга влегле во градот , македонците го запалиле градот срамнувајќи го со земја , не штеделе никој. Убиле 6.000 тебанци а 30.000 продале како робови.Теба, која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите Беотски градови. Тебанците биле продадени во ропство, а само свештениците, потомците на поетот Пиндар, и приврзаниците на Македонија биле поштедени.
После големите подготовки го оставил генералот Антипатaр со 13,500 војска да ги надгледува градовите држава ,илирите , траките и се упатил кон Хелиспонт - Дарданелите.
Многу важно е да се спомене е дека причината за војната со Персија е претходната персиска окупација на Македонија од страна на персиските владетели..
Култно место на богот ИЛЕ било во храмот на планината ОЛИМП - храм кој се наоѓал на северната страна на планината Олимп и, каде македонските владетели и ги приредувале Олимписките игри а Богот на сонцето Иле и бил обожаван и од другите народи во форма на друго име.
Додека главното култно место со храм е храмот кој се наоѓал на источната страна на Родопските Планини , каде се обожавала големата мајка било на местото ХИПЕР - ИКОН - НАЈ-СВЕТОТО МЕСТО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ. На тоа место дошол и младиот македонски владетел Александар каде свештениците му прескажале дека ќе го освои светот a походот против Персија ќе биде успешен.
Падот на ПЕРСИЈА
Кога стапнал на азиска територија Aлександар го забодел своето копје и извикал :
'' Како што има едно сонце на земјата ќе има и еден владетел ''
Армијата на Александар ги миналe Дарданелите со околу 42000 војници од кој 25 000 македонци , 7000 илири и траки . Oстатокот микс од 5 - 7 000 војници од Коринтската Лига и платеници, кои не биле ништо друго освен воени заложници и не одиграле никаква главна воена улога во македонскиот поход против Персија .
Заменик на Александар бил Парменио, други по важнни команднти биле : Пердика, Kратер,Kоен Мелеагер,Антигон,и синот на Пармениo ,Филота.
И сите други команданти на другите воени единици биле МАКЕДОНЦИ....СИТЕ БИЛЕ ПОД КОМАНДА НА МАКЕДОНЦИ.
Александар веднаш бил пречекан од Персијците ,Ситридат, Митридат, Мемнон од Родос кај реката Граник .
Битката на реката ГРАНИК
мај, 334 п.н.е била првата голема победа на Александар Македонски против Персиската империја.
- Македонците и нивните сојузници под водство на Александар со 5,000 околу коњица и 26,000 пешадија.
- Персијците под водсво на од сатрапии со околу 12,000 пешадија, 4,000–5,000 јонски платеници од Мало Азија и 15,000 коњица.
Броевите прилично варираат зависно од изворот (македонци од 18,000 до 43,000), (персијци од 23,000 до 50,000).

Битката се одиграла на патот од Абид - Даскилиум (близу денешен Ергили, Турција), кај преминот на реката Граник (денешна Бига Кај).
Персијците ,Ситридат, Митридат, Мемнон од Родос, други ја поставиле коњицата пред пешадијата, и се составиле на (источниот) речен брег.
Во секој случај, Персијците имале одреден број коњица во контакт со првите надојдени од Јонија од Мало Азија - сонародници на атињаните и остатокот преживеаните од Херонеја 20.000 вкупно .
Hо Александар ги водел елитните коњички придружници во закрилен јуриш додека македонските пешадиски придружници го сочинувале остатокот од столбот околу персијците. Македонската линија била наредена со тешка фаланга по средината и коњица од обете страни.
Битката започнала со удар на лесната пешадија од македонската лева страна, страната на Парменион. Персијците ја имале прилично засилено таа страна и ударот бил одбиен, но тогаш Александар почнал да јуриша со своите коњички придружници во класичната клин-формација и го пробил персискиот центар. Персијците го возвратиле ударот со ескадрон од благородници на коњи. Во овој судир неколку важни персиски благородници биле убиени лично од Александар и неговите телохранители, иако Александар бил зашеметен од еден удар од секира зададен од персиски благородник.
Потоа македонската коњица свртела лево и се впуштила на персиската коњица која во тоа време се борела со левата страна од македонската линија по генералниот напад. Тука се отворила дупка и македонската пешадија се впуштила низ неа за да ја нападне персиската пешадија од лош квалитет која се наоѓала зад линијата. По ова двете крила на персиската коњица се повлекле согледувајќи го колапсот на центарот. Пешадијата исто така почнала да бега, со тоа што многу од нив биле убиени при гонењето.
Вкупнот број на македонски жртви бил од 100 до 200. Персијците изгубиле 2000 пешадија во заробување, а отприлика 1,000 коњица и 3,000 пешадија биле убиени, главно при бегањето.
Од 20.000 јонци од Мало Азија - сонародници на атињаните преживеале само 2000 кои биле пратени во Македонија како робови.
По почетната победа против Персиските сили во битката кај Граник, Александар го прифатил предавањето на провинциската престолнина и богатствата на градот Сардис, и продолжил по Јонското крајбрежје. Кај Халикарнас (денес Бодрум во Турција) Александар успешно ја спровел првата од многуте опсади, приморувајќи ги своите противници - платеничкиот капетан Мемнон од Родос и Оронтобатес - Персискиот сатрап од Карија, да се повлечат преку морето. Александар ја препуштил Карија на Ада, која била владетел на Карија пред да биде сменета од нејзиниот брат Пиксодарус. Од Халикарнас Александар продолжил во планинската Ликија и Памфилијската рамнина (близу денешна Анталија-Турција), преземајќи контрола над сите крајбрежни градови. Од Памфилија натаму, брегот немал позначајни пристаништа, и затоа Александар продолжил кон копното. Кај Термес Александар го покорил, но не го нападнал Писидијскиот град.
Армијата на Александар ги минала Цилицијските порти, ја сретнала и поразила главната Персиска војска под команда на Дариј 3. во битката кај Ис
Битка кај ИС 333 п.н.е
Говорот на Александар на Македонците и на другите војници пред битката:
''На илирите, траките и другите војници давам злато како што немали никогаш.... на Мекедонците давам Вечност“'
- Македонците и нивните сојузници, под водство на Александар. Војска: 5,000 коњица, 26,000 пешадија.
-Персијците од водство на Дариј 3, Арсам ,Реомитро, Атизиј ,Бубак ,Сабак со 30,000 јонци - сонародници на атињаните од Мало Азија платеници, 40,000 пешадија (10,000 бесмртнициперсиските краласки телохранители-нај елитната војска на Персија) и 20,000 коњица

Битката се војувала јужно од античкиот град Ис, близу денешниот град Искендерум, Турција, од двете страни на малата река Пинар (веројантно денешната река Пајас). Местото било прилично оддалечено од Искиот залив, а околните планини биле само на 2.6 км раздалеченост, така што Дариј неможел да го употреби големиот број на неговите војници правилно.

Александар тргнал во поход на Азија во 334 п.н.е и ги поразил локалните персиски сатрапи во Битката кај Граник. Потоа тој продолжил со окупацијата на Мала Азија.
Додека Александар бил во Тарс разбрал дека Дариј собира огромна војска во Вавилон.
Александар ја држел својата главна војска во Тарс, но затоа го пратил Парменион напред за да го окупира крајбрежјето на Ис. Во ноември Александар добил извештај дека големата персиска армија веќе навлегла во Сирија, во градот Сочи. Александар решил да ја прибере неговата раздвоена војска и да маршира јужно од Ис преку Јоновата клисура.
Дариј знаел дека Парменион ја држел клисурата и затоа се упатил северно. Персијците го зазеле Ис без проблем и ги убиле сите болни и ранети македонски војници кои останале таму. Потоа тој ја наредил војската на добра одбранбена позиција долж реката Пинар и го чекал Александар да нападне.
Александар чекал Дариј да дојде јужно од планинскиот венец Аман бидејќи преминот кој Дариј би го употребил, Беленскиот премин, бил многу поблиску до Сочи и давал најдобар пристап до територијата која Александар ја бранел. Александар чекал 16 км западно од Беленскиот премин кај Миријандер за да му постави замка на Дариј кај Беленскиот премин или преку Јоновиот столб доколку одел северно, каде дариевата војска би била неорганизирана и расштркана во теснецот. Но Дариј се движел северно од Сочи и околу планините, доаѓајќи одзади александровата позиција и скратувајќи му ги комуникациските врски. Така Александар бил приморан да маршира кон Дариј, кој го фатил неспремен со голем крилен маневар. Ова ја дава илузијата дека Дариј играл дефанзивно, бидеќи Александар бил приморан да маршира кон него.
Македонците продолжиле преку Јоновиот столб. Александар и неговите коњички придружници биле на десното крило, а тесалската сојузна коњица на левото. Фалангата ја командувал Парменион.
Дариј ја формирал својата линија така што тешката коњица ја поставил заедно до брегот од неговата десна страна, потоа јонскате платеници 12,000 на број. До јонскате борбени линии - сонародници на атињаните од Мало Азија, Дариј ја поставил персиската пешадија, кардаките, долж реката и во подножјето, каде што го совивале друфиот брег и претставувале закана за десното крило на Александар (оваа формација била слична на буквата Γ ). Аријан дава претерана бројка од 20,000 за овие трупи. Дариј се сместил во средината заедно со најдобрата пешадија, јонскате платеници и кралската коњичка гарда. Според некои историчари, тој сакал да ја имитира македонската воена формација видена во битката кај Граник.
Персиската коњица јуришнала на Парменион, а сојузничката коњица преку реката за отворање на битката. Левото крило на Александар набргу станало од суштинско значење, како кај Гавгамела две години подоцна, каде Парменион успеал да го додржи крилото против супериорниот број Персијци доволно долго за Александар да може да изврши пресметан коњички напад против Дариј и да ја разбие персиската војска. Штитоносците под водство на Александар пешки во ова време напаѓале во коритото на реката врз кардаките и успеале да пробијат дупка низ персиските редови.
Потоа Александар се качил на коњ на чело на неговите коњички придружници и диретно почнал да јуриша накај Дариј кој избегал од бојното поле. Заради ова Персијците почнале да се повлекуваат. Македонската коњица ги гонела Персијците во повлекување сe додека не се стемнило. Тука се случило големо крвопролевање заради масовното, неогранизирано повлекување на Персијците околу 80,000 и гонењето од страна на Македонците.Македонците загубиле близу 500 војници.
Поразот на Персијците во битката кај Граник го означил почетокот на крајот на периската моќ. Ова била прва битка која персијците ја изгубиле во присуство на Дариј.
Дариј пребегнал преку Еуфрат, оставајќи ја неговата мајка, жена и деца во милост и немилост на Македонците. Александар уште еднаш го победува Дариј во Битката кај Гавгамела во 331 п.н.е.
Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, и бегајќи ги напуштил сопругата, две ќерки, мајка му Сисигамба и непроценлива количина на богатство.
Продолжувајќи по брегот на Средоземното море Александар гo освоил Тир (денешен Либан) .
Во почетокот Тир сакал да се предаде на Александар,..ма Александар сакал да се помоли во храмот на Херакле во Тир ..Таа желба на Александар била одбиена од гувернерот на Тир .
Опсада на ТИР

Во 332 п.н.е, Александар Македонски трнал да го освојува Тир, стратешка крајбрежна база . Бидејќи не бил во можност да јуриша на градот, Александар поставил блокада на Тир седум месеци, но Тир издржал. Тој го искористил шутот од напуштениот град на копното за изградба на насип и кога ѕидовите на островот биле во домет почнал да ги бомбардира со опсадна машинерија и конечно го пробил утврдувањето. Александар бил толку лут заради начинот на самоодбраната на тирците и загубата на неговите војници, што за казна срушил половина град. Сите 30,000 жители биле масакрирани или продадени во ропство.
Hа крајот како ништо да не се случило отишол да се помоли во храмот на Херакле.
Во 332.год.п.н.е. Александар се обидел да ја освои Нубија, но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите сили кон Египет.