Latar Belakang on/off

Daftar

 

Lanjut

Lanjut Dengan membuat akun ini, maka Anda menyetujui Ketentuan Layanan & Kebijakan Privasi

Каде се Тигрите?

Hari ke 1,828, 07:31 oleh Pljakot31

Напоменувам: статијава ја почнав пред повеќе од еден месец. Веќе не знам ни што идеја имав кога почнав да ја пишувам, едноставно сум изгубил секаква желба да се трудам околу играта. Неколку пати бев во дилема да ја избришам, но сепак се решив да ја довршам поради Тигрите, сегашните и поранешните членови. Оваа статија е за нив, тешко дека во блиска иднина би седнал да напишам статија. Се надевам дека ќе биде барем приближно до она што сум го напишал порано, според квалитетот. Уживајте. :-D

п.с. ја користам оваа шанса да ги повикам сите поранешни членови да си се вратат во старото јато, да си го облечат омилениот дрес од Тигри, зашто само дома си е дома. :-P



Пред некое време, со внук ми разгледувавме стари весници. Налетавме на оваа статија (Приказната за македонските Тигри!), сигурно некои од вас и ќе се сеќаваат на неа.

Гледав во статијата неколку минути. Спомените се редеа 'како на филмска лента' (најјака коментаторска финта :D ) Си помислив, зарем помина толку време? Мојот внук после неколку минути ме праша: дедо, ти ми имаш толку многу приказни раскажано за Тигрите, што мислиш, каде ли се денес и што прават?

Првите неколку секунди не реков ништо. Го погледнав и му реков, ајде да дознаеме. Би било добро да видам како се моите стари војнички другари.



Уште утредента отидов во Архивата на МО за да побарам информации за поранешните членови на Тигрите. Веднаш на почетокот доживеав разочарување.

Под името на поранешниот командир Pljakot стоеше KIA. Проклетство! - беше првата работа што си ја помислив. Го погледнав досието и многуте ордени за воени заслуги. Веднаш се сетив дека беше вреден работник, секогаш се грижеше за единицата. Ги погледнав и двете награди Новинар на годината, а забележав и дека нема никаква политичка кариера зад себе. Многу ја сакаше политиката, но знаеше да каже: 'ако влегуваш во тие води, мора да си целосно посветен на тоа, јас поубаво се чувствувам во униформа отколку во костум'. Ги прашав вработените што се случило со него. Ми рекоа дека се работело за класична заседа, немал никаква шанса да возврати. Неправдите се дел од животот, им реков.

Решив да не барам повеќе информации. Таков сум, суеверен. Се сетив дека дома имам лична архива од времето кога бев член на Единицата, па помислив дека таму можеби ќе најдам информации за контакт. На заминување, ми пријде еден мистериозен човек. Ми рече, не верувај на официјалната верзија за настанот. Кружат гласини дека е сеуште жив, дека го користи герилскиот начин на војување, дури има и приказна дека успеал да го рани Megalexandros со снајпер при еден од нападите на Грците во Западна Македонија. Многумина од поранешните Тигри за кои се верува дека се убиени, се всушност живи, тие се тука некаде, се борат за својата Македонија која им е едниствениот идеал. Таква е приказната и за Stefan Prvi Veliki, vaskobombata, Mario LinkinPark и многу други.

Се чувствував подобро после разговорот со тој човек иако никогаш не дознав кој е. Кога пристигнав дома, почнав да барам начин да ги контактирам старите соборци. Еве каде се тие денес:

El Che G денес е член и предводник на BABY's SQUAD. Најголемиот капиталист што некогаш бил член на Тигрите. На добар пат е да ги комплетира сите можни медали што може еден играч да ги има. Имаше одличен претседателски мандат, а и одлично му оди со водењето на BABY's SQUAD. Со повеќе од 29 000 сила, повеќе 117 000 000 милиони ранк поени, стотици медали, ефинитивно еден од играчите кој најмногу дале за еМакедонија. Дури и со Плато се степа. Единицата Тигри е горда што го имаше во своите редови.

COLD Dusan FUSION или попознат како Радо.
Беше кратко време член на Тигрите, но ќе се памети како нивниот прв командир. Денес пензиониран член на Guardian Angels, со над 14 000 сила и 21 000 000 ранк поени.

acezuti е дефинитивно една од легендите на Тигри. Уште при неговото доаѓање во единицата, ненаметливо се обидуваше да им помогне на сите соборци. Постепено напредуваше хиерархиски се до највисокото место, командир на Тигри. Подоцна ја напушти единицата, за после некое време повторно да се врати. Денес е член на Тигри и е еден од 30 најсилни војници што ги има еМакедонија, со преку 28 000 сила и 126 000 000 ранк поени. Остана препознатлив по големиот број ослободени региони преку востанија.

Hristijan Tasevski беше меѓу првите командири на Тигрите. Набрзо ја напушти единицата поради приватни обврски. Денес е член на АрМакедон, со преку 10 000 сила и 20 000 000 ранк поени.

P A R M E N I O своевремено беше еден од најсилните членови на Тигрите. Иако на моменти проблематичен со дисциплината, долго време беше член на единицата и растеше и созреваше заедно со неа. Денес е член на Цивилните сили на МТО, со преку 17 000 сила и 45 000 000 ранк поени.



Sreers е еден од поранешните командири на единицата. Строг, со остар поглед, предничи во бројот на избркани војници од строј. Остави голем белег во единицата и ден денес се чувствува неговото отсуство. Беше најблизок соработник на Пљакот, па по неговото еУбиство, по некое време ја напушти единицата. Денес е само формално член на МТО со преку 13 000 сила и 23 000 000 ранк поени, но во суштина ужива во пензионерските денови и понекогаш, многу ретко седнува со Пљакот (преправен како оџачар) да испијат по едно кафе.



STEFANPIPO е меѓу првите Тигри кои беа активни во политичкиот живот.

1 x Deputy Minister of Information - February 2011
2 x Minister of Education - March 2011; January 2012
1 х Minister of Information - January 2012


Основач и на еден од најдобрите весници во историјата на еМакедонија Zenit Prilep, вистински револуционер во новинарските редови. Денес е член на DBK со повеќе од 9 000 сила и 14 000 000 ранк поени.


TheShooter23 е денес слабо активен член на АрМакедон со преку 5 000 сила и 5 000 000 ранк поени.

Dugalic е последната голема жртва што Тигрите ја дадоа за еМакедонија. До неговото име стои - KIA. Загина во битка со Грците, кои и денес окупаторски газат низ нашата еТатковина. Имаше преку 9 000 сила и 17 000 000 ранк поени и беше меѓу последните кои останаа во Тигрите од основањето до денес! Почит! о7

Saskobt е можеби последниот жив член кој е во Тигрите од почеток до денес. Придонесено со преку 140 000 000 штета за еМакедонија, преку 11 000 сила и 28 000 000 ранк поени, претставува важен дел од институцијата наречена Тигри.

ackoMKD заедно со својот брат BakiMKD (мислам дека беа браќа, се извинувам ако грешам) беа меѓу најсилните поединци во Тигри во времето на Pljakot. Денес е член на АрМакедон со повеќе од 14 000 сила и 20 000 000 ранк поени.

smexor1, првиот член на Тигри кој замина на обука во странска единица, српските Пантери. Денес не е многу активен и е член на Цивилните сили на МТО со преку 7 000 сила и 13 000 000 ранк поени.

NIKOLCHO GOSHEVSKI, активен член на Ајкулите со преку 9 000 сила и 16 000 000 ранк поени.

mkdhero1, член на АрМакедон со преку 9 000 сила и 7 000 000 ранк поени.

Martin Jovanovski, војник со изненадувачки голем напредок од времето кога беше член на Тигрите. Денес е член на Македонските цивилни сили со преку 15 000 сила и 43 000 000 ранк поени. Вистинска гордост на Тигрите!

liveshit1903, мој другар од времето кога бевме на Воена Академија, ги напушти Тигрите веднаш по реформите, се стационира во DBK и сеуште е таму, со преку 15 000 сила и 33 000 000 ранк поени.

igorkara, денес активен член на Демоните, со преку 13 000 сила и 29 000 000 ранк поени.

RealMacedonia денес е предводник на двочлена банда наречена РМ, најчесто можат да се забележат по планинските предели каде жестоко се борат со качачките орди дојдени да ограбуваат во нашата еТатковина.

Gjurakis, голем стратег, денес во пензија, како член на Македонските цивилни сили со преку 7 000 сила и 7 000 000 ранк поени.

Gjore беше перспективен војник и член на Тигри, но загина во борба со италијанците, со преку 5 000 сила и 1 000 000 ранк поени.

BakiMKD денес е меѓу најдобрите 50 војници во еМакедонија. Член е на Dark Side Wolves MKD со преку 24 000 сила и 80 000 000 ранк поени.

zikako, еднаш Тигар, секогаш Тигар. Сеуште член на Тигри, од самиот почеток, со преку 12 000 сила и 24 000 000 ранк поени. Секоја чест! о7

dRAZzzy, уште еден интернационалец од редовите на Тигрите. Подолго време член на Српската Легија со преку 16 000 сила и 29 000 000 ранк поени.

TrajcheE, активна резерва во Цивилите со повеќе од 8 000 сила и 4 000 000 ранк поени.

nKL97, денес член на Macedonian Phantoms Lords со повеќе од 8 000 сила и 11 000 000 ранк поени.

specanz, најголемиот талент од подмладокот на Тигрите. Денес е вистински војник, со повеќе од 17 000 сила и 42 000 000 ранк поени. Член е на Dark Side Wolves MKD.

Plainswalker е уште еден Тигар кој денес е во Цивилите со повеќе од 9 000 сила и 20 000 000 ранк поени.

Janne Ell беше кратко време член на Тигрите, штета што е пензиониран, со повеќе од 15 000 сила и 27 000 000 ранк поени.

Ivan Relaxx, не многу активен во последно време, изгледа како целосно да ја прекинал војничката кариера, моментално има повеќе од 8 000 сила и 15 000 000 ранк поени, не е член на ниту една единица.

DevilsBreed, уште еден талент од подмладокот на Тигрите. Отсекогаш посветен на единицата, помагаше секогаш кога тоа ќе беше побарано од него. Денес е член на Македонска Народна Армија и има повеќе од 14 000 сила и 33 000 000 ранк поени.

Mr.Simo, третиот член од Тигри кој денес е во Dark Side Wolves MKD, повеќе од 14 000 сила и 20 000 000 ранк поени.

smekerot, нашиот идеолог, главен политичар и неколкукратен кандидат за претседател на еМакедонија. Меѓу членовите со најголем стаж во Тигри, со неколку мандати како командир на Тигрите, со преку 16 000 сила и 41 000 000 ранк поени.

dimitar makedonceto, актуелен член на DBK, беше краток период во Тигри, денес има над 10 000 сила и 7 000 000 ранк поени.

rolerpro, денес член на Панзер е еден од Тигрите кои најмногу напреднаа по напуштањето на единицата. Со преку 17 000 сила и 45 000 000 ранк поени, едно од најпријатните изненадувања кои излегоа од Тигрите, секоја чест. о7



Mack01, незабележителен член на Тигрите, по некое време ја напушти единицата, го промени државјанството и загина некаде по српско-хрватските фронтови, далеку од својата еМакедонија, со над 5 000 сила и 2 000 000 ранк поени.

hikagenius, меѓу најдобрите војници кои биле дел од Тигрите, иако за краток период. Денес, член на Македонска Народна Армија со повеќе од 25 000 сила и 71 000 000 ранк поени.

Trajce Petkov Ура! Ура! Ура! Единствениот министер за одбрана кој произлегол од редовите на Тигрите. Имаше неколку успешни мандати по ред како МоД и ден денешен, кога ќе почнеме да губиме на фронтот, народот веднаш го бара каде е, да направи некое чудо. Денес член, се надевам не за долго :-P, на МТО, со повеќе од 14 000 сила и 30 000 000 ранк поени, ужива во министерската пензија.

Dragonce, број 1 економист во Тигрите. Успеа без потрошено евро и пристап до медот да дојде до ку5 фабрика за оружје. Веројатно денес има комплекс на ку7 фабрики за оружје и леб, никој не знае со сигурност. Денес е член на Chaos Order и има над 14 000 сила и 40 000 000 ранк поени.




После неколку дена, му раскажав на внукот што пронајдов за моите војнички другари, Тигрите. Пред да заспие, само ми рече: дедо, Тигрите може не се бренд, ама Тигрите се еМакедонија.

Среќен втор роденден Тигри! о7
 

Komentar

Aleksandra Dimanovska
Aleksandra Dimanovska Hari ke 1,828, 07:36

prva

Pljakot31
Pljakot31 Hari ke 1,828, 07:38

yup.. : D

Fenomenmk
Fenomenmk Hari ke 1,828, 07:44

дедо, Тигрите може не се бренд, ама Тигрите се еМакедонија.
o7

Trajce Petkov
Trajce Petkov Hari ke 1,828, 07:51

УРА!!! За Пљакот, најголемиот хроничар во еИсторијата на е Македонија!!!

Тигрите може не се бренд, ама Тигрите се еМакедонија!

liveshit1903
liveshit1903 Hari ke 1,828, 07:53

V 7 s 133
o7

Dafkovski
Dafkovski Hari ke 1,828, 08:01

Тигрите може не се бренд, ама Тигрите се еМакедонија. o7

Persej Makedonski
Persej Makedonski Hari ke 1,828, 08:03

Алал вера за статијата брат

Респект за сите бивши и сегашни еТигри

Aexil Kong Junior
Aexil Kong Junior Hari ke 1,828, 08:12

o7

Mitko Makedonecot
Mitko Makedonecot Hari ke 1,828, 08:18

o7 Pocit za Tigrite, aktuelni i bivsi clenovi.

Alexander Macedon
Alexander Macedon Hari ke 1,828, 08:19

o7

AsT89
AsT89 Hari ke 1,828, 08:20

sreken vtor rodenden o7

GoodBeer
GoodBeer Hari ke 1,828, 08:22

o7

Boban Mitrovski
Boban Mitrovski Hari ke 1,828, 08:25

Кога ке ми текне дека и јас бев во основачката единица на Тигри... Кога беше тоа јебо те.

Во тоа време Пљакот го праќавме по вода :PP

smekerot
smekerot Hari ke 1,828, 08:26

Тигрите може не се бренд, ама Тигрите се еМакедонија.

Среќен роденден Тигри


о7

B a z e
B a z e Hari ke 1,828, 08:27

o7

Plainswalker
Plainswalker Hari ke 1,828, 08:28

да интересно беше, таму некогаш, одамна...

AntiGanci
AntiGanci Hari ke 1,828, 08:33

o7

TheTrooper69
TheTrooper69 Hari ke 1,828, 08:41

само во коштаплеранава неаме некој тигар ....ахх

Cistace
Cistace Hari ke 1,828, 08:47

Ste ne zaboravile mene i toj sto ne bese ustvari toj (NeSumToj)...

Sreken rodenden tigri
o7

No face No name No number
No face No name No number Hari ke 1,828, 08:48

sub 145

Dragonce
Dragonce Hari ke 1,828, 08:49

Ima padobranci ima vote...
Mnogu si me vozvisil, ama ne e do tolku jako poradi poslabata aktivnost na igrava, no nastojuvam da se vratam
Pozdrav O//

dasboot.mkd
dasboot.mkd Hari ke 1,828, 08:53

sreken rodenden
o7

tonikuze
tonikuze Hari ke 1,828, 08:57

e ova e statija

Sreken rodenden Tigri

SAN Sanja
SAN Sanja Hari ke 1,828, 09:02

Sreken rodenden Tigri

Aminta Makedonecot
Aminta Makedonecot Hari ke 1,828, 09:04

Го има Трајле има Вот!
ги има МТО има шаут!

среќен доденден Тигаришта!
о7

DenisID
DenisID Hari ke 1,828, 09:09

Bravo be

Vssa87
Vssa87 Hari ke 1,828, 09:12

Srecen Rodenden Tigri o7

Sreers
Sreers Hari ke 1,828, 09:14

o7

rengenzy
rengenzy Hari ke 1,828, 09:16

o/

Accipitor
Accipitor Hari ke 1,828, 09:24

Кажем оувајјј....

Nick Slaughter MK
Nick Slaughter MK Hari ke 1,828, 09:24

o7

El Che G
El Che G Hari ke 1,828, 10:01

Тигрите може не се бренд, ама Тигрите се еМакедонија.
ех кога ќе се сетам со саати дремевме на канал само за да земеме Љ3 тенкче
јбт кои се играчи беа во Тигри
о7

Mr.Santino
Mr.Santino Hari ke 1,828, 10:13

faca kako mene da nema vo vakva statija....lol :@

DevilsBreed
DevilsBreed Hari ke 1,828, 10:17

прејако беше у тигри !!!

Ghost of Styx
Ghost of Styx Hari ke 1,828, 10:24

o7
Секоја чест за статијата, уште една одлична статија од тебе. Малку си истерав очи да ја прочитам од моб ама вредеше не ми се чекаше до после да ја прочитам

Multashot
Multashot Hari ke 1,828, 10:35

Тигрите може не се бренд, ама Тигрите се еМакедонија
o7

rubin_ganja
rubin_ganja Hari ke 1,828, 11:24

Не ја прочитав цела статија (ме мрзеше искрено) ама прочитав некој дел и видов дека стварно си се трудел ! о/

Davorsk8
Davorsk8 Hari ke 1,828, 11:56

Браво!
Тигрите може не се бренд, ама Тигрите се еМакедонија

СРЕЌЕН ВТОР РОДЕНДЕН ТИГРИ !!

о7

Kpakep4e
Kpakep4e Hari ke 1,828, 12:40

Hail Plakot xD

DacMKD
DacMKD Hari ke 1,828, 12:43

o7

goce.bs
goce.bs Hari ke 1,828, 13:01

http://prntscr.com/k9qdt evegi

Major A. Degtyarev
Major A. Degtyarev Hari ke 1,828, 13:52

o7

Red Stefan
Red Stefan Hari ke 1,828, 14:24

Добра статија

о/

MarioPHELPS
MarioPHELPS Hari ke 1,828, 14:38

Во статијата на Пљакот
ALEXANDPOY тоа сум јас
ЕВЕ МЕ

MarioPHELPS
MarioPHELPS Hari ke 1,828, 14:45

Аватарот кој вечно ќе стои на профилот на Пљакот беше мој подарок до единицата ТИГРИ

ONCE A TIGER ALWAYS A TIGER
ONCE A TIGER ALWAYS A TIGER Hari ke 1,828, 14:51

ONCE A TIGER ALWAYS A TIGER
da ziveee eMakedonija

Albericht Mordant
Albericht Mordant Hari ke 1,828, 14:58

o7

Ivan Vancho Makedonski
Ivan Vancho Makedonski Hari ke 1,828, 15:51

Среќен роденден Тигри о/

МнМ!

pesticid
pesticid Hari ke 1,828, 16:16

Барбара Стрејсенд фали со незината Меморис како позадина на статијата.

xD

Среќен роденден!

thekoki
thekoki Hari ke 1,828, 16:16

:*
site ve sakam.

 
Posting komentar anda

Apa ini ?

Anda sedang membaca artikel yang ditulis warga eRepublik, sebuah game multiplayer berbasis negara di dunia nyata. Buat sendiri karaktermu dan bantu negaramu untuk mencapai kejayaannya sambil membentuk dirimu sebagai pahlawan perang, penulis yang terkenal atau raksasa finansial.