Ново раководство, и награди по повод престојните празници[МнП]

Day 3,691, 10:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Phantom MKD


Добровечер еМакедонијо.

Пред се сакам да ви посакам Среќни новогодишни и Божиќни празници.
Знаеме дека Јануари доаѓа брзо секако и новата 2018 година.
Па затоа се надевам спремни и весели ќе ја дочекаме со големи успеси исполнети со среќа и радост.

Партијата МнП како што знаете се основа пред недела дена.
Искрено првите луѓе што дојдоа беа пречекани секако со големо добредојде.
Реков сакам да направам добра партија која и тоа како ќе биде значајна за еМакедонија. Зборуваме за активна Македонија на политичко поле.
Каде секој ќе има право на глас и мислење, идеја и секако шанса за докажување.
Единствен приоритет е секако ДРЖАВАТА.
Со квалитет до успех!

МнП го избра и првото раководство.
И тоа:
Vice President

1.Brotherhood and Unity

Член на Heaven's Legion. Доста активен играч со желба за докажување.

Councillor

2.Mc Lui

Дечкото е човек од доверба барем според мене, постар акаунт и секако член на Reservoir Dogs
Како претседател многу пати имам побарано помош од оваа единица и секако добро сум бил пречекан.

Како што можете да видите секој може да добие шанса.
Треба само желба.

Посебно деновиве сум заинтересиран за новата Кандидатура за ЦП од играчот Little Beast
Доста труд вложен, солидино склопен план.
Вака треба и да изгледа една прописно напишана кандидатура, со зацртани цели планови и секако сеопфатна програма.
Сега засега подржан од МнП на следните избори.

Награди
По повод празниците на играчите кои се во МнП и секако следните кои ќе дојдат организирам мала игра и секако награда.
Играчите кои ќе се приклучат на МнП покрај шансите да дојдат до конгрес и да се докажуваат ќе добијат и еден вид награди.
Ова ќе се одвива преку рандом ОРГ, за секој да добие шанса.

1.Награда на секој 25 член.
Моментално МнП има 8 луѓе Доколку дојдиме до бројка од 25 луѓе еден од играчите кои моментално се во партијата има шанса да освои 20 000 денари.

2. Награда на секој 50 член.
Доколку партијата добие 50 членови еден од играчите кои моментално се во партијата може да освои 25 000 денари
Значи сега сите 50 членови се натпреваруваат . Ако на претходната од 25 членови не добивте награда сега имате шанса да добиете 25 000 денари.

3. Награда од 100 членови.
Е за ова веќе добивате максимумот кој е одвојан за играчите од партијата.
Доколку партијата добие 100 членови еден од играчите кои моментално се во партијата има шанса да добие награда од 45 000 денари.
Сега учествуваат и тие од првиот круг и од вториот.

Едит: Наградниот фонд сега изнесува 90 000 денари.(Претходно 30k)
Дел пари кои ги добив од Пакетчината и секако дел од играчи кои се понудија да помогнат.

Напомена фондот во зависност од донации може да има и пораст

За играчите кои нема да ги добијат овие престижни награди партијата ќе додели по 500 енергија на секој играч.


Наградната игра започнува со 25член во партијата. А ќе трае се до 28 Јануари. Побрзајте и станете член на:
Македонска Народна Партија".


Со почит
ПП
Phantom MKD

=========================================================================
За шаут:
Ново раководство, и награди по повод престојните празници[МнП]
tinyurl.com/y88y49av
=========================================================================
И секако секош верен на традицијата: