Задоцнето збогување

Day 1,596, 10:10 Published in North Macedonia France by Princess Emily

Почитувани пријатели,
Изминаа повеќе денови откако се приклучив во АрМакедон, најелитната единица во еМакедонија, па и надвор од нашите граници. По повеќе покани, решив да го направам тој чекор и да испробам нешто ново. Сепак ова е игра и овде сме за забава, и иако звучи како излитена фаза, навистина порано беше така. За жал, сега работите се сменети во однос на тоа прашање. Решив привремено да ја напуштам мојата прва воена единица, единствената женска единица и решив да зачекорам во нова средина, со повеќе луѓе, и повеќе познаници и виртуелни пријатели. Средина, на прв поглед контроверзна, но одблиску, нешто сосема спротивно од тоа.

Општо се познати недоразбирањата кои постоеле секогаш во нашата е-држава и инволвираноста на оваа единица во нив. Честопати, луѓето зборуваат неосновани нешта, или работи без приложување на докази. Претпоставките не се доволни за упатување на обвинувања кон некого, посебно не кон цела група на луѓе. Без разлика на развојот на настаните кои надворешно се поврзани со оваа единица во минатото, па и сега, внатрешното уредување е нешто што е вредно за секоја почит и восхит. За време на мојот краток пријатен престој, добив многу позитивни впечатоци. Тоа е една прекрасна средина во која владее хармонија. АрМакедон е се, само не класична воена е-единица, тоа е едно е-семејство, во кое врските одат многу подлабоко од обична соработка на една организирана група на военото поле. Функционирајќи како вистинско е-семејство, задоволство е да се гледа хармонијата и мирот кој владее во границите на таа група. Поединците таму никогаш не се оставени сами на себе; во тоа се уверив лично. Со самиот факт дека припаѓаш некаде, дека си дел од прекрасна е-единица, и дека секогаш ќе има некој со кој може да се споделуваат грижите, внесува спокој. Се сомневам дека постои друго место каде што би можело да се пронајде такво уредување, со или без правила, во тоа е скапоценоста на оваа единица. Каде што пријателството ги надвладува сите интерни проблеми, а меѓусебната грижа ги сплотува сите срца во едно име.

Сакам да се извинам за задоцнетоста на овој текст, премногу работи, за жал не позитивни, се случија. Во исто време, сакам да ви се заблагодарам на сите за прекрасниот пречек и третманот кој го добивав, секојпат останував без зборови. Запознав одлични луѓе, кои се главни виновници за сите убави спомени кои ми останаа како дел од семејството на АрМакедон. Се надевам дека мојот пат повторно ќе се вкрсти со вашиот.

Ми беше чест и гордост да бидам дел од семејството на АрМакедон!

ПОСЛЕ НАС ПОТОП!