Трајанос Пасоис за грабливците и жртвите. (Astral)

Day 1,596, 10:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Astral Macedonian

Кратко, јасно сумирање на психологијата зад егзодусот на Егејците, расизмот на Грците кон нив и контрадикциите кои постојат во нивните зборови и дела.

Трајанос Пасоис, за грабливците и жртвите:

"Луѓето согласно со показателите, беа и остануваат грабливи суштества, како сите животни. Развојот на логиката, која ги направи да бидат различни од другите животни, им помогна да сфатат некои работи. Да го разликуваат праведното од неправедното или лагата од вистината. На повеќето, сепак, им помогна да ги подобрат методите за грабање. Значи логиката ја направиле механизам за грабање. Но, бидејќи грабежот не бидува без насилство и измама, развиле механизам на насилство и измама. Но, грабачите секогаш го имаат стравот дека жртвите може да зајакнат некогаш и да си ги повратат назад украдените нешта. Неправдата секогаш создава реакција и дава сила кај жртвите. Дополнително, тие што претрпеле неправда често ја имаат поддршката од надворешни фактори. Затоа грабачите се грижат да го легализираат грабежот. За да го постигнат тоа, не им останува друго освен нивната неправда да ја претстават како правда, а правдата на жртвите како неправда. Значи, да ја направат вистината лага, а лагата вистина. За да го скријат првобитниот порив за грабање, имаат развиено разни методи за негово разубавување и легализирање. Тоа е нивната вистинска религија. Другите религии се маска."

Извадок од книгата "Историја на Македонското Движење".