HEAVEN's LEGION is Shutting Down ...

Day 2,891, 01:20 Published in North Macedonia North Macedonia by gospodinotbitola

Драга наша еЗаедница, голема чест ми е да Ве известам дека Heaven's Legion успеа да ја исполни својата мисија во целост а тоа значи дека дојде и време за нејзино распуштање за да истата се запамети и послужи како позитивен пример секој пат која нештата - повторно ќе зачкрипат ... 🙂 ... не дај боже во скора иднина 😃

Наспроти реакциите на дел од Вас, оваа е наша конечна одлука. Единицата за последен пат организира заеднички удар денес 20.10.2015 во 16:30h по наше време, по што истата ја напуштаме соодветно според тековните инструкции на нашиот командант. Ве молам нека биде Масовно ... Вашето присуство ЛЕГИОНЕРИ! 🙂.

Нема да зборувам што постигнавме како единиица, тоа го оставаме на Вас, Вие да процените како и колку ние придонесовме, но можеме да размениме некој збор од наш агол, како ние Ве гледавме Вас (нашата еЗаедница) во целиот период од формирањето на единицата до сега, или на кратко да го спомнам будењето, единството и сплотеноста, трпението, активирањето на воено и политичко поле, победите кои станаа се почести и конечно стигнување до статусот еСветски фактор повторно ... после релативно МНОГУ долго време!

Посебно ни е драго што Heaven's Legion ќе остане сеќавање од еден убав период на еМакедонија ... кој се надевам ќе потрае уште долго 🙂.

Незнам колку од Вас имаа прилика да ја проследат последната кампања со Американците, но Ви кажувам тоа беше еден совршен глобален сплет ... просто неопишливо 🙂. Тогаш согледавме дека нашата мисија како единица е веќе подолго време во целост исполнета ... па и иако ја изгубивме кампањата на крајот.

...

Приказната на HL продолжува тука ...

http://www.erepublik.com/mk/article/-1344-2558247/1/20

...

Статијата е сеуште во изработка ...


Со почит,
Dragan Ampovski, Lopovce, Splinter, Sematika & gospodinotbitola
05.08.2015 - 20.10.2015 Heaven's Legion.