[PhoenixMK] НОВИ ИГРАЧИ, ВИЕ СТЕ ПРИОРИТЕТ НА еМАКЕДОНИЈА!!! ОГЛАСЕТЕ СЕ! [VOTE]

Day 1,150, 05:21 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Здраво народе Македонски.

Војните се минливи. Во било кое време може да ги има. Тие се трајно присутни. Но колку е трајно населението на една земја?? Колку една земја може да се надева на воен успех без голем број силни војници??? Не секогаш ќе може да се надеваме на помош од страна на сојузниците.
На мое и верувам на Ваше големо задоволство, населението во еМакедонија се дуплираше а со освојувањето на регионот Софија влеговме и во топ5 земји по население во еРепублик. Пред неколку дена еМакедонија имаше најголем бејби бум во Новиот Свет. Речиси 3000 емакедонци се родија за едвај три дена (and counting). Ова не ќе беше постигнато без помошта на Sarmetina. Неговиот  прилог на телевизија Сител со ударниот наслов дека Македонија ја напаѓа Бугарија како и со убедливите зборови во истиот на можеби најпознатиот и најхаризматичен еМакедонец од сите Ivan Vancho Makedonski доведе до тоа еМакедонија да го надмаши претходниот бејби бум.

Сега преминуваме во следната фаза: КОЛКУ ОД НОВИТЕ ИГРАЧИ ЌЕ СЕ ЗАДРЖАТ ВО ИГРАТА!
Потребно е време да ојачат новите играчи но доколку задржиме што поголем број од нив и гледаме долгорочно...еМакедонија ќе биде посигурна и подобро ќе им парира на своите непријатели. Размислете дали војните и ширењето на еМакедонија се поисплатливи отколку зголемувањето на населениеto (зборам долгорочно). Сите сме среќни поради успехот на еМакедонија, но колку ќе трае истиот доколку немаме поголем број силни играчи??

Деновиве ги запоставив малку повеќе своите обврски особено конгресменските соопштенија и својот весник НО затоа пак максимално се посветив на Вас, НОВИТЕ ИГРАЧИ! Мислам дека приоритет број 1 на еМакедонија не е војната со Бугарија, туку ВИЕ, НОВИТЕ ИГРАЧИ! За мене, Вие сте тоа што најмногу и беше потребно во моментот на еМакедонија. Морталитетот во еМакедонија зеде страшен замав а без вас, новите играчи еМакедонија не ќе може да се надева на економски и воен напредок. Без Вас, не ќе има свежина во играта. Од Вас зависи иднината на еМакедонија. ВРЕДИ СЕТО ПОТРОШЕНО ВРЕМЕ!

Како што напишав претходно... ВИЕ СТЕ ПРИОРИТЕТОТ БРОЈ 1 НА ЕМАКЕДОНИЈА! ВИЕ СТЕ И МОЈОТ ПРИОРИТЕТ!!!

Затоа, како министер за образование, се решив да допрам до Вас колку што е можно повеќе и да ве запознаам со концептот на играва.
Како започнав со тоа?
Прво, имајки на ум дека наскоро ќе пристигнете во еМакедонија и за потребата од Ваше едуцирање во играва, се решив да бидам Ваш ментор, водич низ играва. Бидејки има напишано повеќе туторијали од доволно за основите на играва, сметав дека објавување на нов сличен туторијал е сосема непотребно и затоа, најпрво што сторив воедно и моја лична обврска, во еден артикал ги реобјавив најважните
досега напишани туторијали кои ќе Ви помогнат побрзо да ја совладате играва и во најбрзо можно време да се приспособите во неа.

Второ на мојата агенда беше преку приватни пораки да ви посакам Добредојде и во истата да ви поделам совети и неколку упатства. Апелирав во артиклот до поискусните Ваши сограѓани да ве упатуваат и да ви помогнат за што сум им повеќе од благодарен. Се формираше посебен чет канал NoviIgraci каде во секое време од тимот присутни искусни играчи можете да побарате помош. Оние кои беа на мало здравје ги насочував кон Црвен Крст (Аминта, секоја чест за сработеното) а на некои "критични случаи" го делев сопствениот леб за да успеат да се вратат во "живот". 

и трето, секојдневно пишувајки и одговарајки преку 300 Ваши пораки од мојот профил и делумно преку Министерството за образование и чет каналот, ги селектирав вашите најчесто поставувани прашања и составив соопштение со одговори на тие најчесто поставувани прашања до мене. Соопштението го објавив преку Министерството за информирање (Благодарност до DedaNoe што буквално го намачив тој ден) но поради проблеми со пристапот до истиот преку пораките и шаутот, соопштението се реобјави.

Онлајн статистиката на еМакедонија никогаш досега не била поголема. Во екот на нашата прва војна, битката за Софија, во 00.00h регистрирав над 800 онлајн играчи а во 06.00h околу 450 играчи. Денес, секојдневно дури и во доцните часови, бројката на онлајн македонци не паѓа под 300 присутни. Ова најмногу ме радува, се надевам постојано ќе сме присутни во олкав број и во иднина.

Направив список над 200 нови играчи и редовно ги следам истите и можам да констатирам дека нивниот прогрес е повеќе од успешен. Повеќето од нив кикснаа на почетокот но гледам научија од сопствените грешки. Кога ги следам се потсеќам на времето кога јас бев "гуштерче" во играта и едвај чекав да се објави артикал за делење леб или оружје и да се "бапнам" во коментари 😃 Нема да наведувам имиња бидејки секако бројот на активни новодојденци е далеку поголем.

Затоа, во овој артикал сакам да видам колку успела мисијата.

САКАМ ДА ГИ ЧУЈАМ НОВИТЕ ИГРАЧИ!!! КОЛКУ СТЕ ОВДЕ???? КОЛКУМИНА ОД ВАС ГО ЖИВЕАТ СВОЈОТ ЕЖИВОТ???

и најважното од се:
КОЛКУМИНА ОД ВАС ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ГО ВЕАТ ПРЕУБАВОТО МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ???


ДА ВЕ ВИДАМ СИТЕ ДА СЕ НАПИШЕТЕ ВО КОМЕНТАРИТЕ!!! ПРЕТСТАВЕТЕ НИ СЕ НАМ, НА ВАШИТЕ СОГРАЃАНИ И СОИГРАЧИ!

Ви пожелувам што побрз прогрес во играва. Се надевам дека ќе повеќето ќе станете успешни бизнисмени, политичари па и новинари. ПОЗДРАВ ДО СИТЕ ВАС!!!
За било какви прашања, слободно да ме контактирате

п.с. нека не ми замеруваат тие што почекаа малку повеќе за да им одговорам на прашањата, верувајте, одговарам над стотици пораки дневно и незнам веќе каде ми е главата 🙂 и ЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ, СЕУШТЕ НЕ СЕ БОРЕТЕ!!!!

vote & shout за да видат што поголем број на нови играчи

Ваш
PhoenixMK