[PhoenixMK] Поблиску до паравоената единица АРМАКЕДОН! ГОРДОСТ еМАКЕДОНСКА!

Day 1,154, 04:31 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Здраво народе македонски.

Од Commander Tom >>> http://armakedon.hostzi.com/Index.php (сеуште во изработка)

После подолго размислување на темата и добиеното зелено светло од страна на раководството, се решив овој артикал да го посветам на паравоената единица АрМакедон.
Оваа тема ми е особено драга, ја напишав со срце и стокмив уште пред Новата година но, поради случувањата во еМакедонија, се решив да почекам подобар тајминг за да ја објавам. И добро што сум почекал, за нецела недела се случија многу промени и ќе морав на ново да ја пишувам 🙂

Зошто се решив да пишувам за една паравоена единица а не и за други??

Прв објавив артикал за сите воени организации во еМакедонија. Иако веќе има неколку нови паравоени единици, сепак, со тоа покажав дека НИКОГО НЕ ФОРСИРАМ и дека сум горд на сето постигнато досега. Дај Боже уште повеќе воени организации и војници да имаме. ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!!!

Иако имаме официјален весник, АрМакедон досега нема објавено нeкакви информации до јавноста. Затоа решив јас, како член на АрМакедон се решив да Ве приближам што повеќе до нас. Членството во најдобрата паравоена единица во земјава ме прави особено горд. Учеството во оваа паравоена единица го сметам за мое најголемо достигнување во играва.

Ќе напоменам дека артиклов е прилично долг но доста интересен за тие што се интересираат околу ова.
Накратко за содржината на артиклов:
1. Почетоци на Армакедон
2. Како јас, PhoenixMK станав член на АрМакедон
3. Регрутација
4. Хиерархија
5. Членови
6. Статистики
7. Позитивни и негативни моменти кои го одбележија АрМакедон


1. ПОЧЕТОЦИ НА АРМАКЕДОН
Најпрвин, благодарност до Drashhh III Makedonski & Macedonian_Lion за оваа информација. Нормално, тие се креаторите на оваа паравоена единица.
Се започна во периодот кога од редовите на државната АРМ настанаa бранoви од незадовоства на командирите на бригадите и регрутите во нивниот состав (Лавови и Тигри) предизвикани поради лошиот начин на внатрешна организираност и координација меѓу хиерархиите (нешто повеќе од 30 дена по додавањето на еМакедонија). Горенаведените, зборејки на оваа тема, поучени од претходното, меѓусебно размениле идеи за формирање на добро организирана единица во која ќе немат апсолутна моќ неколку луѓе, и истата составена од играчи од доверба и различна воена моќ, слично на Лазократите. Наскоро, формирана е воена едница независна од државата под името АрМакедон (имало и други предлози за име но нема да откривам поради авторски права на креаторите 😃 ). Започнува кроењето на хиерархијата, интерните работи и интензивна потрага по членови од доверба без разлика на воениот потенцијал.

2. КАКО ЈАС, PHOENIXMK СТАНАВ АРМАКЕДОН??
По година ипол “пауза”, се вратив назад во играва поради еМакедонија, но, поради RL обврски бев решен да бидам едноставно "дво-кликаш". Никаков весник, дистанцирање од политика, водење фирми и незнам што друго. И така беше на почеток, работи, тренирај, и читај и коментирај весници. Но, ми стана досадно. Ми требаше активност. Помина регрутацијата за Лавови, на ред дојде регрутацијата за Тигри и МТО. Аплицирав и за двете и влегов во потесниот круг но се одлучив да ја прифатам поканата на првите, Тигрите. За жал, многу кратко траеше моето патешествие таму. Со многу нервоза и разочараност излегов, и пак се вратив на дво-кликашкото минато. Мило ми е што АРМ сега е повторно на нозе.
Еден ден, на #eMKD  добивам скриена покана за влез во друг чет канал од страна на Drashhh III Makedonski. Влегов таму, имаше десеттина присутни од кои повеќето ги знам одамна.. Имаше и некои нови, на моја евозраст 😃 Најпрвин ми се претставија и ми кажаа дека бараат регрути од новите играчи, членови на кои може да им се верува и после објаснетите правила на игра ме прашаа дали сакам да станам нивни член. Најпрвин се зачудив, што мајка барам јас “гуштерчето” меѓу толку силни играчи?? Имав едвај 17ти lvl , 160 борбена сила и 800 поени воен ранкинг бидејки почнав да се борам прилично доцна. Но, бидејки видов свои познаници таму, одлучив потврдно. Дојде процедурата за испрашување. Помнам GokaGrozni   најмногу ме испрашуваше  😉. Откако успешно ја поминав таа препрека, дојде моментот да ме изгласаат. Доколку еден од членовите ми ставеше вето на приемот, ќе ми удреа клоцата  😃 но, ме примија. По завршување на обврските кои се бараа од мене , положив заклетва.  И така станав тоа што сум денес – АРМАКЕДОН! Сите наши членови ја поминаа истава процедура.
п.с. Сеуште не знам кој ме предложил за регрут, на кого младото Фениксче оставило толку силен впечаток е како државна тајна. Не ми кажуваат бре  😠

3. РЕГРУТАЦИЈА
АрМакедон нема пропишано посебен начин, критериуми и постапка за регрутација. За да станете член во АрМакедон, потребно е пред се, да сте човек од доверба односно да бидете активно посветени на играва, способни за тимска работа и да бидете дисциплинирани. Искуственото ниво и борбената сила кај нас се од второстепено значење. Ако подобро разгледате, АрМакедон е составен од играчи со варијација во борбената сила. Кај нас не се распишуваат јавно огласи за регрутација туку, самите ние, членовите на АрМакедон доставуваме предлози до нашиот надлежен за регрутација GokaGrozni па тој од предложените ги контактира оние играчи кои ќе му "влезат во око". Така, по покана на нашиот надлежен за регрутација, играчот се јавува на разговор. Доколку ги исполнува горенаведените критериуми и самиот се согласи да пристапи во АрМакедон, играчот станува потенцијален член на АрМакедон односно регрут. После тест периодот, АрМакедоните гласаат за негово полноправно членство. Притоа, многу важно е да не постојат конфликти меѓу членовите па затоа, секој АрМакедонец има право на вето за пристапот на регрутот во редовите на АрМакедон.

4. ОРГАНИЗАЦИЈА И ХИЕРАРХИЈА
Бидејки ова е срцевината на АрМакедон накратко ќе ги изнесам само најопштите информации.
АрМакедон претставува самофинансирачка воено-економска организација која има сопствени компании во кои работат нејзините членови. Организацијата има свој Устав, правилник за работа, процедури за интерни избори, регрутирање и отстранување членови и сопствено лого и слоган по која е препознатлива. На чело на хиерархијата стои Командантот на АрМакедон, односно лидерот на единицата кој има свои заменици и помошници околу други области. Лидер на АрМакедон, во моментов е Boris Mitrevski

5. ЧЛЕНОВИ НА АРМАКЕДОН
Од едвај дваесеттина членови од самото формирање, за неполн месец АрМакедон нарасна речиси двојно. Денес, триесеттина АрМакедони се заколнати дека ќе го претставуваат и бранат македонското знаме. АрМакедон, како воена единица, претставува пример за сложност, организираност, посветеност и дисциплина а АрМакедоните се познати по нивната отвореност за соработка и затоа надалеку се знае за оваа паравојска. Во еМакедонија се можеби најпознатите и најценети војници а македонските сојузници непрекинато, секој ден имат ангажмани за нив.
АрМакедон е составена од добропознати стари/нови активни и посветени играчи, со различен воен потенцијал.

+Djuk75 и Krste_nik

6. СТАТИСТИКИ
Околу оваа област нема да се задржувам бидејки секојдневно силата на играчите се зголемува. Ќе ве насочам кон еден постар артикл на Drashh III Makedonski. Да напоменам дека објавените статистики (на веб страната) во тој артикал не се обновени десет дена пред неговото објавувањено и од нив се гледа дека формирањето и постоењето на АрМакедон не е залудно. Статистиките на АрМакедоните сега се драстично променети. Статистиките за воената моќ на АрМакедон се обновуваат еднаш или два пати месечно. Бидејки моментално ги намаме додадено статистиките на новите членови, сметајки без нив, дневно, АрМакедоните можат да направат над 600.000 штета со 300 здравје а средна ударна сила на организацијата е +/-1400.

7.ПОЗИТИВНИ И НЕГАТИВНИ МОМЕНТИ КОИ ГО ОДБЕЛЕЖИЈА АРМАКЕДОН
Најпрвин, ќе започнам со позитивните моменти а како прв позитивен момент беше  самото формирање на АрМакедон.
АрМакедоните се најавија со (за неколкумина играчи “бесцелното спамирање”) препознатливиот слоган  ПОСЛЕ НАС, ПОТОП а другите мислеа (некои сеуште мислат) дека е шала и почнаа да спамираат насекаде со истиот но, моментот на кулминација беше осамнувањето на логото/аватарот на АрМакедон во официјалниот весник. Многумина го присвоија и сеуште го носат истото. Некои отидоа и до таму што го тргнаа натписот АрМакедон. Јас лично избројав 66 играчи (без членовите) кои го носеа нашиот аватар но сега се многу помалку. Иако имаше реакција од нас за сето ова, сепак се навикнавме на позитивната атмосфера што ја доведовме заедно со останатите играчи во еМакедонија.  Јавноста ја прифати многу добро оваа новост. Некој ден, можеби носителите на нашето лого и ќе станат членови на АрМакедон.
Македонските сојузници постојано имаат пофални зборови за АрМакедон и постојано не ангажираат. Многу има за пишување. Нашите остварени резултати доволно кажуваат.

Во последно време, редовни во медиумскиот простор беа укажувањата од неколкумина играчи дека членовите на АрМакедон се истовремено државни раководители и конгресмени односно нападот и постојаното плукање по неколку наши членови дека ги користат позициите за да управуваат со еМакедонија колку што можат подолго без да им дадат шанса на помладите, дека крадат злато заедно со претседателот на еМакедонија и не дозволуваат политички плурализам.
Секој има право на свое мислење, но бар повеќето да беа разумно аргументирани и придружени со докази а не само со плукање.
Секој може да биде избран за конгресмен а претседателот ја избира еВладата. Како што другите паравоени единици учествуваат во политиката така учествуваат и членовите на АрМакедон.
За да се лишиме од дополнителни непријатности, раководството одлучи  АрМакедон да се дистанцира што е можно повеќе од политиката односно во политиката да циркулираат што помалку АрМакедони.

Неодамна, АрМакедон беше затресен од сериозен скандал. Причина беше однесувањето на еден индивидуалец од нашите редови. Строго ја осудивме постапката на нашиот член а тоа резултираше и со негово отстранување од единицата. Иако постојано кружеше пропаганда против нас од страна на неколкумина играчи со обвинувања дека сите АрМакедони се исти, тоа не натера уште поцврсто да застанеме на нозе, да се сетиме за што постоиме и остро реагиравме на сета пропаганда. Тоа беше дело на поединец, неповрзано со другите. Повеќе наши членови се доста успешни на сите полиња од играва и тоа е за поздравување а не за плукање. Не е добро за грешка на поединец да се обвинат и стават сите други под ист чадор.

Се надевам стигнавте до овде 🙂. Браво!!!
Да резимирам, Ние сме самостојна и независна воено-економска организација. ЗНАЧИ НЕ ЗАВИСИМЕ ОД ДРЖАВАТА!!! Работиме за минималец во нашите фирми и едвај го враќаме загубеното здравје. Сите наши акции и успеси се резултат на нашата посветеност. Без активноста, прекрасната координација меѓу членовите и пред се, без тимското делување сето ова не ќе беше остварено.

Се надевам дека и останатите паравоени единици ќе го следат мојот пример. Мило ми е што покажавме дека можеме заедно и тимски да делуваме без разлика на исходот.  СЛОГАТА Е НАЈВАЖНА!

После нас, ПОТОП!!!


Ваш,
PhoenixMK