[PhMK] Образложение на настани поради кои МК ја смета БГ за непријател

Day 1,164, 10:04 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Денес ќе се запознаеме со малку историја околу односите еМакедонија и еБугарија односно настаните кои го одбележаа нашето досегашно "дружење". Ова е шанса за поновите играчи да се запознаат за односите на релација Македонија-Бугарија. Ова е мое лично мислење, моето толкување на целата приказна ако можам да ја наречам така не значи дека морате да се согласите со мојот став. Слободно изразете го Вашиот став во коментарите. Нема никакви навреди нити спомнувам имиња. За историјата на македонските играчи, читајте ги весниците на thedragon и чичо Macedonian_Lion.

Бидејки артиклов е прилично долг, настаните се обележани со здебелени букви, па ако сакате да се запознаете со повеќе детали прочитете повеќе ако не бујрум 🙂 само здебелените букви.
____________________________________________________________________
Најпрвин, сакам да го поздравам ослободувањето на Источна Македонија.
Да напоменам, статијава пред се ја посветувам на бугарските играчи за да се запознаат со македонската страна на нештата и да си ги отворат очите околу некои невистини кои им беа постојано наметнувани како вистинити од страна на тамошното раководство. Не ми е целта да ве убедувам во нешто, верувајте во што сакате само сакам да ви покажам дека македонците не започнаа први да провоцираат. Незнам какви биле бугарско-македонските односи пред додавањето на еМК (има неколку познати конфликти како кражбата на македонското злато од страна на бугарски играч) но со сигурност може да тврдам дека не биле волку лоши како што се сега.
____________________________________________________________________
Да започнеме.
еМакедонија е додадена овде пред четири месеци и македонските играчи кои претходно играа за други земји се насочија кон нејзин што поголем развиток. Бидејки сеуште не беше формиран македонскиот конгрес, неколкумина бугарски играчи се преселија во еМК и автоматски се стекнаа со македонско државјанство и вметнаа во македонската политика. Бугарите формираа партија ВМРО и се обидоа на конгресните избори да ни направат PTO (political takeover). Од нив само тројца влегоа во Конгресот и постојано гласаа против сите предложени закони. На наредните избори ВМРО беше превземена од македонските играчи. Тие играчи во своите весници пишуваа дека сакаат да ни помогнат во развитокот и кобајаги да ја "смират топката" помеѓу македонците и бугарите, се обраќаа до нас, македонците дека не ни мислат лошо незнам што. По нивниот дебакл на изборите, истите тие бугарски играчи си ги покажаа вистинските лица и почнаа да сеат анти-македонска пропаганда и да отсликуваат во играва конфликти од реалниот живот. Да не им споменувам имиња, ќе се препознаат во артиклов. На македонскиот народ сеуште не му е јасно што всушност сакаа да постигнат со нивното мешање во нашата политика???
____________________________________________________________________
Масло во огнот додаде анкетирањето на бугарскиот народ дали се за војна со еМакедонија по истекот на админската заштита. Повеќето бугарски националисти, разочарани од неуспехот на ПТО-то се решија на друг начин да го свртат бугарското еопштество против македонското. Бугарите беа во "депресија" бидејки долго време немале сопствена војна и не освоиле никаков регион во досегашното нивно постоење. Бидејки беше сиромашна со ресурси (не сметајки ги азиските колонии во Иран под наем) еБугарија сопствените интереси ги стави пред интересите на сојузот Phoenix (се сврте кон ЕДЕН) и најави напад врз богатиот со камен регион на еМакедонија, стожер на македонската економија.
____________________________________________________________________
Бугарија стави вето за членството на Македонија во Феникс само поради еден факт: нејзино освојување и исполнување на нејзиниот вечен сон "Голема Бугарија". Бугарското анти-македонско делување отиде до тој степен тие да ги напуштат своите стари сојузници. Бугарија излезе од Феникс само поради намерата да ја нападне Македонија. Бугарските играчи сакаа војна.
Факт е дека македонските играчи секогаш биле pro Phoenix ориентирани (поранешен PEACE) и ја имаа стекнато поддршката на сојузниците многу одамна со исклучок на Бугарија која ни постави бариера на влезот во тој сојуз. Нема што повеќе да се зборува, нивната вистинска намера кон еМакедонија уште повеќе излезе на виделина. Бугарија стана непријател на Македонија. И покрај подадената рака и обид за излез од конфликтите од наша страна, бугарското државно раководство остана немо и не прифати никакво решение туку остана на стариот став, војна со Македонија.
____________________________________________________________________
Истече админската заштита на еМакедонија. Иако помисливме дека бугарите веднаш ќе не нападнат, сепак одреден период беа мирни 🙂. Се воведе новата воена стратегија за прогласување на природен непријател. Бугарите најпрвин ја ставија Србија за природен непријател (неуспешно), потоа ја ставија Турција (неуспешно), третиот обид беше Романија (земја која ја избриша Бугарија) исто така неуспешно па и Грција (неуспешно). Дојде на ред Македонија. Бугарите четири по ред ја предложија Македонија за нејзин природен непријател (неуспешни). Бугарите се вадат со тоа дека не сакале војна со Македонија и затоа гласале против, но, останува намерата а тие предлози се повеќе од доказ дека бугарското раководство сакаше војна со нас на секој можен начин.
____________________________________________________________________
Неколкупати по ред од страна на Лазократите (од кои повеќето беа со македонско државјанство) креваа востанија во бугарските колонии под наем во Иран. Бугарското државно раководство се обиде да ги убеди бугарските играчи дека македонци го кренале бунтот и дека први сакаат да ги нападнеме. Најпрвин, не соопштија дека тоа биле Лазократите туку го обвинија нашиот тогашен претседател United Macedonia за отпосле да ја променат приказната дека Лазократите сакаат да ги бришат од мапата а еМакедонија ги финансирала Лазократите во востанијата. Тоа беше ефтина анти-македонска пропаганда но за жал, многумина бугарски играчи поверуваа во тоа. Лазократите се самостојни и независни во работењето. Тие беа (некои сеуште се) македонски државјани бидејки дојдоа во еМК да помогнат во економскиот развиток а истото тоа не значи дека ние ги финансираме. Имаат повеќе од доволно злато да креваат колку што сакаат востанија. Тоа беше причината во БГ конгрес да биде предложен петтиот закон по ред за проглас на еМК за природен непријател (повторно неуспешно).
____________________________________________________________________
Исплашени дека Турција наскоро ќе ги нападне, Бугарите се решија први да нападнат. Турција веќе беше во отворена војна со Грција па Македонија мораше да отстапи од првичната замисла за напад над еГрција и да ја прогласи еБугарија за природен непријател со цел да помогне на својот можеби најголем сојузник. Се нижеа успеси и веќе натаму знаете, да не должам.
***
Бугарија е многу одамна присутна во еРепублик. Нема да одам до детали, досега Бугарија била бришана два пати и тоа од Романија и Турција.
Неодамна ни се случи истото, еМакедонија беше освоена од страна на Бугарија. Оваа е најчуствителната тема меѓу нас. Бугарите сметаат дека ние, Македонците сме им забодиле нож во грбот. Зошто? Затоа што сме го изгласале законот за природен непријател и сме ги нападнале. И не само тоа, зошто сме освоиле нивни територии? Па ајде ви се молам, каде се видело да се води војна без да се освои територија??? Зошто бугарите пет пати се обидоа да не изгласаат за непријател??
Македонија стапи во конфликт со Бугарија бидејки сакаше да помогне Турција, земја која најмногу допринесе во развитокот на еМакедонија досега. За жал, поради веќе познати причини Турција во најкритичниот момент за Македонија почна да ја бојкотира играта, а останатите сојузници беа преокупирани со сопствени војни па останавме сами против цел ЕДЕН.

Се случи што се случи.

Им се исполни желбата на националистите па официјалните лица излегоа со провоцирачки соопштенија кон македонскиот народ дека "Мајка Бугарија" е обединета. Некои бугарски играчи беа навистина добронамерни, и постојано апелираа до другите играчи да не не провоцираат со цел да се избегнат дополнителни конфликти сега кога македонците се најчуствителни. Бев изненаден од многу статии каде се повикуваше на мирен соживот и што побрзо враќање на македонските територии за да се олабават македонско-бугарските односи и да се склучи мир. За жал, многу мал број се таквите бугарски играчи.
____________________________________________________________________
Само неколку минути пред завршувањето на војната, се крена востание во Источна Македонија кое заврши успешно за Македонија. Како резултат на ова, видете ја бугарската реакција.
Од ова пак се прашувам зошто бугарите се постојано со двојни стандарди кон Македонија? Зошто се обидуваат на лицемерен начин да ни се доближат кога нивната намера е сосема друга? Македонецот не е глупав и знае добро да процени кој му мисли добро, а кој лошо. Не можеме да ги ставиме сите под исти чадор но за жал, малку се оние бугари кои се спротиставуваат на сегашното бугарско раководство составено од анти-македонски настроени индивидуи.
____________________________________________________________________
Да резимирам:
Можеби Македонија направи грешка што неиспланирано нападна друга земја но, беше доволно храбра да го стори тоа што Бугарија не успеа да го направи, ДА ИЗГЛАСИ И ОБЈАВИ ВОЈНА.
Македонија, држава со млада армија собра храброст да нападне три години стара држава со далеку посилна војска. Ова е за секоја чест и поздравување. Јасно беше дека Македонија сама воено не може да и се спротистави на Бугарија како што е јасно дека Бугарија не може сама да добие војна (против Србија, Романија, Грција,Турција...). Младата Македонија покажа дека не и се плаши на своите непријатели. Можеби ја изгубивме војната, но не паднавме на колена туку ова не направи уште поблиски и подготвени да се спротиставиме. Македонецот е горд и никогаш не се предава. Од грешките се учи, Македонија продолжува понатаму. Допрва не следат предизвици во играва. ЗАПОМНЕТЕ, ОВА Е САМО ИГРА!
____________________________________________________________________
Македонското раководство уште од самиот почеток се обидуваше да допре до бугарското раководство и да пронајде заеднички јазик за да се смират тензиите помеѓу играчите па не гледам причина зошто да не се обиде и сега. Останува прашањето дали Бугарија ќе ги остави настрана своите амбиции и фрустрации од реалниот живот и прифатат или пак можеби ќе се случи чудо тие први ќе го скршат мразот 🙂.
Од двете страни има провокации околу веќе познати теми и секогаш ќе ги има за жал, тоа е балканскиот менталитет. Треба да сфатиме дека ова е само игра и дека нема никаква врска со реалниот свет. Затоа, апелирам до двете страни да бидат воздржани во меѓусебната комуникација и да избегнуваат теми кои што се чуствителни за да се спречи дополнителна ескалација на омразата во бугарско-македонските односи.

И НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ДОПРИНЕСУВАМЕ ВО СЕТО ОВА. За типичните меѓусебни препукувања не мора да се зборува но, во последно време (најверојатно поради губитокот на македонските територии) неколкумина македонски играчи во текот на воениот конфликт спамираа по весници исмејувајки се на трагично загинатите бугари во Охрид. Навистина е патетично да се користи трагедија во реалниот живот за провокација. Колку и да се мрази човек, ова е просто нехумано. БИ САКАЛ ДА ИМ СЕ ИЗВИНАМ НА БУГАРСКИОТ НАРОД за недоличното однесување на тие играчи. Тие играчи не го претставуваат целиот македонски народ. Верувајте ми, жалиме заедно со вас.

Како што се вели, тркалото се врти. Како што гледам многу претходно непријателски настроени земји веќе станаа пријатели па и сојузници па од каде да знаеме... можеби и ние ќе станеме тоа некој ден но, ЗА ТАНГО ТРЕБА ДВАЈЦА!
____________________________________________________________________
п.с. знам дека некои ќе го наречат артиклов пропаганда. Жалам што образложувањето на вистинити факти истите тие ќе го сметаат за пропаганда. Можеби имам некои грешки и сум испуштил нешто да наведам.
Тие што сакаат да се караат, нека не си ги лечат фрустрациите на мојот весник, нека се карат на друго место.
vote & shout за да видат што поголем број луѓе

Ваш
PhoenixMK