[Petar II Makedonski]Запознајте ја МАКЕДОНИЈА(2) - Струга

Day 1,461, 13:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Petar II Makedonski
Вториот град што ќе го запознаваме од МАКЕДОНИЈА е СТРУГА.

Струга е град во југозападниот дел на Република Македонија.


Струга е сместена е во подножјето на планината Јабланица, во Охридско-Струшката котлина, на северниот брег од Охридското Езеро, непосредно на местото каде се излива реката Црн Дрим од Охридското Езеро.


1.ИСТОРИЈА
- Струга е стара населба која потекнува од неолитскиот период. Во антиката, Струга е многу значајна заради тоа што се наоѓала на патот Виа Игнација, кој ги поврзувал источното и западното римско царство. Античкото име на градот е Енхалон што значи јагула, а сегашното име Струга го добива подоцна од страословенскиот зборстрага“ што означува премин.
По масовното навлегување на Јужните Словени, што го преплавиле Балканскиот Полуостров, на некогашната илирска територија, крај бреговите на Охридското зеро, стигнале припадниците на словенското племе Березити (Брсјаци). Тие дошле од исток, преку Битолско и Преспа. Березитите, несомнено, едно од најголемите македонски словенски племиња, се населиле и во Струшко, каде се измешале и со еднокрвните Мијаци, коишто таму навлегле од север. Веројатно тогаш, кон крајот на VI или во почетокот на VII век, Березитите ја основале денешна Струга. Набргу по доаѓањето на бугарските несловенски племиња на Балканскиот Полуостров, нивните ханови се стремеле да ги прошират границите на својата држава за сметка на другите Јужни Словени и на Византија. Ханот Пресијан навлегол во источниот дел на Македонија, најверојано во Брегалничката област и северно и јужно од неа. Кнезот Борис (853-88😎, којшто ги присилил Бугарите на покрстување, ги истиснал Византијците од територијата на цела Западна Македонија и ја покорил Струга со околината. Тој навлегол длабоко и во Албанија, каде живееле и Словени. Отпрвин Византија воопшто не сакала да ја признае новата положба во овој дел на Балканскиот Полуостров, но подоцна, во 864 година, склучува договор со бугарскиот кнез Борис I и ја признава, де јуре, нетовата власт во новопокорените области, значи и во Македонија. Струга останала под бугарска власт и во времето на бугарскиот цар Симеон Велики (893-927), кој настојувал сосема да ја истисне Византија од Балканот, за да создаде едно отромно јужнословенско царство. По обновата на Византиското царство во 1261 година, Византијците управувале околу 20 години во цела Македонија, без да бидат вознемирувани во тоа од некоја страна. Но, во текот на истиот век, започнува ширењето и зацврстувањето на српската власт кон југ, на територијата на Македонија. Српскиот крал Милутин бил прв што зазел македонски области. Душан Силни (1331-1355) ја вклучил Струга во границите на своето големо царство, со престолнина во Скопје. Тој го именувал за управител на Охрид и Струга севастократорот Бранко Младеновиќ (татко на Вук Бранковиќ). Но, поверојатно е дека практично власта ја држел неговиот син Гргур Бранковиќ. Во тоа време Струга е и натаму познат стопански центар, особено со развиениот риболов. Во една повелба на царот Душан Силни, градот Струга се споменува како рибарско ловиште подарено на храмот "Света Богородица Перивлепти", во Охрид. Од истиот документ се гледа дека тогашната Струга се делела на две градски целини: Вранинска Струга и Мала Струга, најверојатно наречени така според речните ракави на Црн Дрим, при далјанот. Цар Душан им овозможил на прочуените дубровнички трговци да можат да се движат низ неговата држава. Таа положба придонесла да се развие трговијата во позначајните македонски градови. Карваните на дубровничките трговци, натоварени со скапоцена и разновидна стока од западните европски земји, се задржувале главно во Скопје, тогашна престолнина на српската држава, а еден помал дел од трговците го продолжувале својот пат и кон јужниот дел на Македонија. Тие често ги посетувале и Прилеп, Битола и Охрид. Дубровничките трговци, коишто ќе стигнеле до Охрид, наминувале и во Струга за да го продадат она што го носеле, но и за да купат струшки сточарски и земјоделски производи. Душановиот наследник кралот Урош не бил кадарен да го спасе царството од цепкање и слабеење. Одделни српски феудалци се стремеле да станат што е можно посамостојни и да не зависат од централната власт. Тогаш се засилил амбициозниот крал Волкашин (1365-1371). Тој успеал да ја зајакне својата власт во Прилепско, Битолско, Охридско и Струшко. По неговото загинување во битката при реката Марица, во 1371 година, таа територија ја наследил легендарниот јунак од народната поезија на сите Јужни Словени Крале Марко (1371-1395). Иако турски вазал, Крале Марко се грижел да ги заштити Македонските Словени од се почестите турски грабежи во овој дел на Македонија. Струга не останала долго под непосредната власт на Крале Марко, зашто великиот жупан Андреа Гропа (најверојатно по потекло Албанец) се зацврстил во Охридско и во Струшко како самостоен господар. Но и Гропа не можел да направи нешто позначително за заштита на населението во својата управувачка област. Животот станал неснослив. Завладеало чувство на општа несигурност и страв, уште пред воспоставувањето на турската власт во целата област. А во тоа време Турците започнале трајно да ги освојуваат и покоруваат македонските градови. Прочуениот војсководач Тимур Таш бег, организирал поход од Самоков преку Овче Поле кон Југозападна Македонија. Неговите војски ги зазеле градовите Штип, Велес, Прилеп и Битола.

2.СТРУГА (ТУРИСТИЧКИ МЕСТА)

-Црквата СВ. Никола Дримени
СВ. Никола Дримени е малечка црква која се наоѓа на левата страна на реката Црни Дрим во центарот на Струга. Нејзиниот патронен празник е 19 декември кога редовно се изведува црковна богослужба.
[img]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/4b/Sv._Nikola_Drimeni_05.JPG[/img]

-Спомен дом на браќата Миладиновци

Спомен домот на Браќата Миладиновци е подигнат во знак на благодарност на Димитар и Константин Миладинови за се она што направија за македонската национална преродба. Оваа значајна институција се наоѓа во улицата која што го носи нивното име. Во приземјето на домот изложен е алатот на нивниот татко Ристо, кој изработувал грнчарски предмети кои имале широка примена во тогашниот живот. Од тоа време датираат и неколку уметнички изработени глинени лонци кои се поставени на посебно место во домот. На првиот кат изложени се експонати на работата на Браќата Миладиновци и поедини предмети од животот и работата на нивните современици со кои Браќата Миладиновци одржувале плодотворни пријателски врски. Вториот кат целосно е посветен на животниот пат и работата на Браќата Миладиновци каде се прикажани и нивните остварувања.


ХОТЕЛИ:

Хотел Плажа

Хотел Дрим

Хотел Бисер
(Ако најдете слика од друг хотел ПМ)

Поважни настани:
-Струшки вечери на поезијата
-Ревија на народни носии
-Струшка музичка есен
-Kenge Yehoo


Мостови, поетско читање во рамките на манифестацијата Струшки вечери на поезијата

3.Познати личности:
Димитар Миладинов (Струга, 1810 - Цариград, 1862)
Константин Миладинов (Струга, 1830 – Цариград, 18 јануари 1862
Ристо Крле (Струга, 3 септември 1900 - Скопје, 29 октомври 1975)
Наум Петрески - познат македонски пејач на народни песни
Наумче Мојсовски - македонски ракометар, член на македонската ракометна репрезентација

4.еСтружани:
KepenciMKD
klimco
(пишете ПМ)