ВТОРО ПРЕТСЕДАТЕЛСКО ОБРАЌАЊЕ

Day 1,606, 02:05 Published in North Macedonia North Macedonia by ScymeX


„На мака јунак се познава”

македонска народна поговорка



Добро утро еМакедонијо!


Ве се обраќам во момент кога сме под контраофанзива на Грција. Ги браниме домашните региони и се надеваме да ја превземеме иницијативата за пак да тргнеме во напад.


Кратка анализа на сите фронтови ќе покаже една малку чудна ситуација. Имено, додека две од основните членки на ЕДЕН (Хрватска и Романија) беа речиси избришани, Турција губи територии, ОНЕ генерално доминира на мапата – сепак ние бевме во ситуација да изгубиме иницијатива во Грција. Не мала количина злато беше истенкана од наша страна, армијта удираше, и додатно беа најмувани и странски единици. Според сите математики, Грција е послаба од нас (освен во деновина попусти кога купуваат многу злато) но иако е послаба – ние во моментот губиме. Сепак, нема да е прв пат во оваа игра да има чудни и нелогични работи. Ние, и покрај се, продолжуваме да се бориме !


Ве повикувам на единство во следниве денови ! Да ги искористиме празничните денови кога повеќето сме онлајн (и времето ќе ни се ‘погоди’) и да ја превземеме иницијативата над Грција! Ве повикувам да не бркате медали по светов барем овие неколку денови, да се фокусираме на Грција и да ги скршиме!


Цврстината на еден народ може да се види дури и во една виртуелна игра. НИЕ да ја покажеме нашата! Да им објасниме подобро на јужниве со кого си имаат работа и со тоа да им испратиме и една јасна РЛ порака какви се МАКЕДОНЦИТЕ !


И покрај админите, и покрај местенките, (и покрај РЛ неправдите) НИЕ СМЕ НЕПОКОЛЕБЛИВИ !


НИШТО не може да го скрши МАКЕДОНСКИОТ ДУХ ! Да го покажеме денес тоа!


Од вас очекувам само едно : направете што можете, удрете колку можете. И јас ќе удрам колку можам. ТОГАШ, нема сила на еСветов што може да не победи !


Честити празници!


ScymeX