Многу ни должат! [VOIX]

Day 1,606, 01:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Македонци!

Каде е тој жар по кој бевме препознаени во ОНЕ?
Каде е таа желба за самодокажување?

Овие неколку денови како да имам чувство дека желбата и мотивацијата е спадната од наша страна... како да нема некој неопходен жар за борба и за одмазда! Можеби е поради празнициве што следуваат (се надевам дека е поради тоа) или пак е поради недоволна самодоверба дека можеме да ги освоиме повторно овие Јужниве Троседи!

Мислите дека толку ослабевме?
Мислите дека Грција е сега посилна од нас?


Или пак дека сојузот не ни помага доволно?

Ако се сеќавам добро ја освоивме скоро цела Италија и воедно се коориниравме со Србија за ослободување на региони и да им направиме пат по кој ќе можеме двете заедно да им направиме голема штета на ЕДЕН! Сето тоа се случи додека Бугарија и Чиле беа во ТЕДЕН!

Епа штом можевме тогаш МОРАМЕ и сега!

Јас нема да ве замолам да се борите за еМакедонија! Јас ќе ви кажам дека тоа е наша должност како еГраѓани на ова општество!

Посебно мораме против Атињаниве кои од секогаш како во РЖ така и во играва не омаловажуваат и кажуваат дека не сме постоеле и ни ја нарекуваат нашата земја со погрдни имиња!

Зарем ќе дозволиме да поминат неказнето???

Јас барам да си платат за своите гревови! Ние треба да им пресудиме!!!

Мора да престанеме да ја бараме вината кај другите и да се освестиме дека сме многу појаки од нив доколку се средиме!!!

Додека ја пишувам оваа статија тие ни го нападнаа и вториот наш оригинален регион! Мене не ме нервира тоа што ни ја зедоа Источна Македонија, мене ме нервира што кога ни го нападнаа Повардарие не гледам никаква мотивираност за борба од ВАС! Од вас, вие кои сте синови и ќерки на оваа земја! Вие кои треба да ја браните! Оваа е наша земја и ние сме тие кои треба да ја браниме! Ако чекаме од други ќе не снајде истото што ни се случило пред 99 години во РЖ!

Верувајте (не)мотивацијата се гледа! Може да се почувствува кога се има желба за победа!

Јас верувам во нашата моќ! Покажете ми што можете Македонци! Покажете ми доколку пукаме заедно и светот е наш!!!

Борите се за црвено-жолтата боја! Борите се за Македонија!