Маска

Day 1,455, 10:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Kirijana

Моето лице бела маска на стравот,
моите очи споменик на лудоста...
Врби звечкаат со своето шепотење,
тажна вистина за места одамна заборавени.
Сончеви пеѓи на мојата кожа...
упорно змиски ја соблекувам
како би ја нахранила божицата на есента
која доаѓа со дождови.
Моето лице мртво.
Усните запечатени со пчелин восок.
Како да продолжиш така да живееш?
Со мртво лице и запечатени усни.
Да постоиш,а да не постоиш.
Во рацете нож со кој можиш да ја пресечиш тајната,
во темните одаи на душата.
Таа сонува свои соништа.
И додека копам тунел во самата себеси се прашувам...
Ќе се сретнам ли некогаш насреде пат во себе самата?!?