[КОНГРЕС] Конститутивна седница на новоизбраниот македонски Конгрес

Day 1,134, 10:37 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Поради неодамнешните и секојдневни политички препукувања околу регуларноста на изборите и дека во еМакедонија не постои демократија а согласно предлогот на претседателот на Обединета еМакедонија, Strumjanin, новоизбраните конгресмени се согласија дебатите и одлуките на ова политичко тело да бидат што подостапни за пошироката јавност.

Што значи тоа?

Од сега па натаму, македонскиот конгрес за секоја свикана седница ќе донесува заклучок и истиот ќе и биде презентиран на јавноста како соопштение преку овој весник. Јавноста преку ова соопштение ќе има увид за работењето на Конгресот, активноста и ажурноста на нивните избраници  и ќе може да се изјаснува по донесените одлуки но и да предложува идеи и доставува предлози до конгресмените.

Содржината на заклучокот како сооштение до јавноста ќе опфаќа:
- ден, дата и час на одржување на седницата
- присутност на членови
- точки на дневен ред и
- донесени одлуки по расправата


За потсетување, македонскиот Конгрес брои 29 члена и еве ги резултатите од неодамнешните конгресменски избори

Обединета еМакедонија обезбеди 25 места во Конгресот додека Ваша еПартија и Илуминати се застапени со по два члена во Конгресот.

На ден понеделник, 27.12.2010та година во 23.00h на официјалниот конгресменски канал се одржа првата седница на новоизбраните членови на Конгресот.  На состанокот беа присутни 23 конгресмени со што се исполни условот за дебатирање и донесување на одлуки. 


-сликано при крај на седницата

Точки на дневен ред беа:
- избор на претседател на Конгресот и негови заменици
- избор на координатори на партиите застапени во Конгресот


Претседателот на Конгресот го свикува, раководи и заклучува состанокот а своето овластување може да го довери на двајца свои заменици. Координаторите на партиите кои се застапени во Конгресот по барање на претседателот на Конгресот ги информираат своите сопартијци за одржување на состаноци и се должни да информират за се околу нивните сопартијци инаку членови на Конгресот (пријавување отсуство, отказ, гласање по закони, предлози)

За претседател на македонскиот конгрес едногласно е избран DedaNoe а за негови заменици од негова страна (од партијата ОеМ) беа предложени PhoenixMK, Makedonec_1989 и Royalexe.

За заменик на претседателот на Конгресот е избран PhoenixMK со добиени осум гласа наспроти Makedonec_1989 со седум и Royalexe со два гласа.

Потоа, беше решено да се избери уште еден заменик и тоа да биде член од помалите политички партии со цел  да не се монополизира работењето на Конгресот од страна на една партија. За втор заменик е избран членот Hikagenius од Ваша еПартија со што е направен своевиден преседан и е уште еден доказ за тоа дека Обединета Македонија е партија чии интереси се пред се вистинската демократија и вистинската слога меѓу сите граѓани на еМакедонија со што сите би останале обединети и посилни.

Координатор на ОеМ е Makedonec_1989 а координатор на Ваша еПартија е Palavko. Координаторот од партијата на Илуминатите сеуште не е познат.

Како што можете да се уверите, во македонскиот конгрес се работи и ќе се работи демократски со запазување на принципите на јавна достапност и транспарентност.

Да резимираме, јас, PhoenixMK по овластување на претседателот на конгресот и како негов заменик во овој весник ќе ве известувам за дебатите на Конгресот и донесените решенија и заклучоци.

За крај дозволете да ги пренесам зборовите на новиозбраниот претседател на Конгресот на еМакедонија, DedaNoe:

“Заедно сме посилни, различноста е она што не дефинира и ни дава различни перспективи на патот кон иднината.”

Соопштение (28.12.2010)
Соопштение (29.12.2010)

Ваш
PhoenixMK, заменик претседател на Конгресот