Ќе има ли војна со Бугарија??? Игра на нерви...

Day 1,123, 13:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани читатели,
во тек е војна на нерви.. во тек е војна на нерви помеѓу Македонија и Бугарија.

Во текот на денешниот ден се случи гласање во конгресот на Бугарија за предлог за непријател да биде избрана Македонија:
http://www.erepublik.com/en/Bulgaria/law/63210

Во текот на денешниот ден се случи такво гласање и во Македонскиот конгрес:
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/63212

Да потенцирам дека за да биде изгласан ваков закон, треба да гласаат две третини од Конгресмените.
Изгласувањето на овој закон ќе значи објавување на ВОЈНА.

Но што се случи...
На неколку минути од завршување на гласањето во Конгресот на Бугарија беше поднесен ист таков закон:
http://www.erepublik.com/en/Bulgaria/law/63271

Исто и во Македонија:
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/63272

Мојата проценка е дека Бугарите се решени да направат војна со Македонија.
Тие сигурно веќе одлучиле за тоа. Во прашање е само проценка на време, кога да се удри по нас. Тука секако ги земаат во предвид фактите поврзани со нашиот развој, возможниот бејби-бум и активностите на нашите сојузници Турција и Србија.

Во моментов на пишување на овој текс соодносот е 17:7 и изгледа дека Бугарите многу порешително влегоа во овој втор обид за ВОЈНА.
Нашата проценка е дека со првиот обид, тие само тестираа колкава е нашата решителност и дали сме спремни сами да тргнеме во евентуална офанзива.

Одлуката на нашиот конгрес сигурно си има свои причини.
Но, би апелирал, овој пат да се подрудат одредени наши борци, зад линијата да се обидат да разберат информации кои би биле полезни за нас.

Затоа, апелираме, до сите, сепак да бидат подготвени за ВОЈНА...
Сигурно е дека ќе ја има. Во прашање е дали тоа ќе е еден ден побрзо или побавно...


EDITE😨
Помалку неочекувано, но вчера за еден глас не помина Законот за прогласување на Македонија за природен непријател...
Но, она што треба да се потенцира дека во второто гласање имаше 5 гласа повеќе ЗА од првото...
Заради тоа може да се очекува дополнителен прогрес.
Има шпекулации дека сакаат да ни го отргнат вниманието од војните на нашите сојузници или пак дека се обидуваат да ни ја зашеметат економијата.
Но, како и да е.. Ова е причина за да бидеме спремни

Еве го, најновиот, трет по ред закон во бугарскиот конгрес:
http://www.erepublik.com/en/Bulgaria/law/63337

Ќе видиме што ќе се случи денес...

Но, за секој случај да ве потсетам, гласајте го текстов и претплатете се на весникот.