[sarmetina анализа] Економијата се стабилизира

Day 1,223, 11:04 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


SUPPORT PLEASE

[sarmetina анализа] Економијата се стабилизира
http://tinyurl.com/6fotqss

Само 5 дена по објаувањето на мојата статија ВЛАДАТА СПИЕ - ЕКОНОМИЈАТА ТОНЕ, полека на сигурно започнува девалвацијата на денарот. Моето барање, како што може да се прочита беше зголемување на цената на златото, преку државна интервенција. Според информациите со кои располагам и личното искуство, девлавацијата на денарот не е поради државна, туку поради интервенцијата на админите.
Имено, мојот леб админите константно го откупуваат по повисоки цени од пазарните, а за вакви случаи досега ме известија голем број играчи. Со оглед на тоа, дека владата не излезе со информација за евентуална интервенција на девизниот пазар, мислам дека лесно може да се заклучи дека девалвација, а со тоа и благата стабилизавија на цените и целата економија е дело на админите.

Ваквата интервенција на админите има и добри и лоши страни.
Оние кои увезуваа од странство и препродаваа на нашиот пазар, сега имаат многу помалку држави преку кои можат да го прават тоа со оглед на фактот дека цената на нашиот производ стана пониска, а со тоа и поконкурентна на странските пазари.
Менацерите, меѓу кои и јас, имаат подобри цени на ресурсите иако сеуште не може да стане збор за профитабилно производство со оглед на тоа дека платите се високи, а производството на 100 леба со 10 левел работник чини некаде околу 53 денари. (1леб = 0,53ден. + данок).
Државата добива поголем прилив од даноци бидејќи сега веќе се отвара можноста за странците да купуваат на нашиот пазат.
Сепак, мислам дека негативната страна од тоа што админите, наместо власта уфрлаат денари на пазараот е тоа што НБРМ секојдневно губи пари, бидејќи чува денари кои стануваат се поефтини. Од друга страна, наместо НБРМ да го повлечеше златото од пазарот, тоа го направија админите, што според мене, не е добар потег.
Како и да е, владата и државата е комплетно насочена на бојното поле, каде напредокот е за секаков респект.

За да добиеме една подобра слика, ќе ви претставам графички, како стои цената на лебот во споредба со другите земји. Цените се пресметани во голд (за поголеми слики - open image in new tab)



На оваа табела можете да видите дека македонскиот леб, во моментов е најефтин од земјите во опкружувањето. Од нас, поефтин леб во моментов имаат само Романците, ако се има предвид дека француската и босанската економија не се добар репер, бидејќи нивниот девизен пазар е многу нестабилен, па се случува, цената на голедот за помалку од 1 саат од 145 локални единици за 1 голд да се смали на 90.

Каков ефект имаше девалвацијата на денарот, може да видите, ако се направи споредба со цените на лебот од пред 5 дена и овие денеска. Токму тоа го покажува следната табела



Можете да видите дека трендот на поскапување на храната е присутен во сите земји, но во Македонија, поскапувањето е најмало, а производот од најскап, во моментов е најефтин во регионот.

Според моите анализи, ваквата ситуација ќе резултира со привлекување на странски купувачи, што веќе може и да се забележи. Сепак, засега извзот не е на посакуваното ниво, што според мене значи дека потребно да се качи цената на златото до некаде 105 денари за 1 голд.

Еве како изгледа графички цената на лебот во споредба со девизниот курс




Во следните два графикони ќе ви покажам, колкава е во моментов ценат ана златото во земјите од опкружувањето и како тоа изгледа, во споредба со цените од пред 5 дена.





Кога ќе се направи споредба на графиконите ќе се види дека онаа земја која што има поефтино злато има поскапи производи и обратно.
Според мене, кога се избира меѓу ефтино злато или ефтини производи, втората варијанта е поприфатлива. Ова го аргументирам со податокот дека поефтините производи ќе значат повеќе странски купувачи, тие ќе значат поголемо производство а тоа ќе значи повеќе даноци за државата.
Затоа, во оваа анализа, барам мала државна интервенција, за да успееме да го зачуваме златото во НБРМ и да не ни отиде кај админите, како и да обезбедиме поголема конкурентност и подобри цени.
Од дрга страна, во изјавата која во предизборниот дуел ја даде претседателот на владејачката ОеМ, United Macedonia нагласи дека државата благо ќе интервенира на девизниот пазар.

Апелирам до сите кои имаат познавања од економија да се вклучат во дебатата и да влијаеме за што побрзо заздравување на економијата по турбуленциите кои админите ги направија и на макро и на микроекономски план.

SUPPORT PLEASE

[sarmetina анализа] Економијата се стабилизира
http://tinyurl.com/6fotqss