Бугарскиот "baby boom"

Day 1,146, 14:46 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Со нападот на Турција бугарите сакаа да направат бејби-бум т.е да привлечат нови играчи во нивната држава. Ако се види денешната статистика на Бугарија на прв поглед се стекнува впечаток дека успеаја во тоа. Вкупно играчи - 12195 а нови играчи во последните 24 часа - 1036.
Фино.
Но првиот впечаток лаже. 😃
Во бројката од 12195 се вклучени и жителите на Мармара - оригиналниот регион на Турците кој е моментално окупиран (не за долго 😃)

http://www.erepublik.com/en/region/Marmara

Мармара - жители 4693
За кратко време регионот ќе биде ослободен и Бугарија ќе се врати на својата вистинска бројка на популација.
Инаку ако ги погледнете "бугарските" бебиња ќе видите дека мнозинството од нив се родени во Мармара што значи бејби-бумот им пропадна. Колку што можев да видам во нивните весници нивниот обид за "бејби бум" се состои од клип кој го пуштиле на бугарски сајт за прикачување видеа и повик до играчите да прават многу налози на тој сајт и да го гласаат клипот за да стигне во Топ 40 клипови.
Без коментар.

Од друга страна на нас ни оди одлично на тој план благодарение на е-македонскиот Липец - Сарметина. Моментално вкупно жители - 8347 а нови играчи во последните 24 часа - 1201
Секако нема сите нови играчи да останат во играта затоа што некои само дошле да видат за што се работи и никогаш повеќе нема да се логираат.
Но да се потрудиме да останат што е можно повеќе. Пишете им порака, посакајте им добредојде во играва, пратете им по некој леб, понудете им помош. Пратете им линк кон туторијалите на Мин. за Образование. Поканете ги на чет.
Сега барем не сме 100 стари играчи туку 6000 стари играчи. Бебињата од првиот бејби-бум сега се искусни играчи, новинари, борци, бизнисмени, министри, конгресмени.
Сега сме далеку поспремни и поорганизирани.
Имаме желба, имаме знаење, имаме ентузијазам што е најважно.
Понекогаш си ги вадиме очите 😃 но кога е најпотребно сме сложни а нашата слога ќе помести планини. Ќе постави нови граници и лимити. Нови стандарди.
Македонија - единствената нова држава која не само што не доживеа ПТО и не беше ограбена и уништена туку уште на нашите први претседателски избори пративме помош во Русија и Црна Гора.
Македонија една од ретките е-држави која нема изгубено оригинална територија (мислам Индонезија и можеби уште некој но се сомневам)
Македонија - земја на која првата своја битка им беше напаѓачка а не одбранбена.
Македонија - држава за која допрвин ќе се чуе и која веќе стекна респект кај нашите пријатели и сојузници.