Еднаквост во ONE!

Day 1,300, 14:22 Published in North Macedonia Serbia by TheOldMan67

Ќе започнам со еден цитат објавен во мојот весник пред околу два месеца:

"...ние како некои послушни кученца се обидуваме да помогнеме секаде каде што можеме (лично се чувствувам како сираче во ONE)..."

Деновиве сме сведоци дека повторно даваме територии на нашите сојузници (пред тоа на Словенија, денес на Србија, утре на некој трет...) и како и секогаш ги исполнуваме барањата поставени од сојузот. За промена или за ЕДНАКВОСТ, треба ONE да го испочитува следното:

- мир помеѓу Македонија и Хрватска;
- Франција да се подели помеѓу Македонија, Полска и Унгарија, при што се напоменува дека Унгарија потешко може да ги поврзе деловите од Франција со главниот град (на Македонија да и припадне еден регион со гума и еден со жито);
- Шпанија да отстапи една територија со елени.

Мислам дека со исполнувањето на овие три услови сојузот ќе докаже дека Македонија не е веќе она што беше пред два месеца...

Сите за ONE, ONE за сите!