Загатки [Ivica08]

Day 2,677, 07:14 Published in North Macedonia Greece by ivica08

Незнам дали имало ваква статија претходно, но ќе напишам неколку логички загатки. Ајде детективи и логичари дајте го точниот одговор на загаткиве. За 2 дена ќе ги пишам одговорите да биде малце поинтересно.

Би ве замолил за воте+суб+шаут, а кој сака може и да остави cc 😉

Во прилог следуваат неколку загатки, кој сака може да пише некоја друга загатка или пак во порака, па да направиме и вотор дел од статијава.

1.Убиен е млад дечко во кола. На телото на убиениот нема траги од барут што значи дека не е самоубиство, и дека особата која пукала во него била надвор од колата. Сите прозори од колата биле кренати-затворени,а вратата била заклучена. Клучевите од колата се најдени во неа. Колата нема никаква штета. Освен куршуми во телото на убиениот не е најдено ништо друго. Како е убиен дечкото?


2.Планинската полиција нашла обесен човек во својата куќарка.
Човекот бил обесен на средината на еднособната куќарка,а под него имало вир вода.Човекот бил висок 1.8 метри, а плафонот бил висок 4 метри, а најблискиот ѕид бил 3 метри. Немало никакви столчиња или било какви додатоци во куќарката.Како се обесил човекот ?


3.Имаш 3 риби.. една страна од рибата се пржи 20 мин... имаш тавче во кое што збира само 2 риби.. за колу најмалку минути ќе ги испржиш 3те риби?


4.Мујо има 6 пара црни, и 6 пара бели ракавици во неговиот плакар. Во целосна темница колку најмалку ракавици треба да извлече, за со сигурност да има еден пар?


5.Некој човек бил фатен од едно племе - човекојадци.И сега пред да го убијат и да го изедат тие му дале шанса да се спаси.Му рекле ќе ти дадеме две ливчиња на едното ќе пише СМРТ а на другото ЖИВОТ.Кое ливче ќе го одбериш тоа ќе ти следи т.е доколку одберел смрт ќе го убиеле, а доколку одберел живот ќе го ослободеле.За жал водичот на тоа племе бил алчен и нечесен и наредил на двете ливчиња да напишат СМРТ. Како ќе се спаси човекот?


6.Сторено е кривично дело. Убиен е млад човек. Полицијата ги има адресата и телефонот на убиецот. Убиецот нема да оди во затвор. Зошто?


7.Дешиврирајте ја поракава:
1K0 G! R35!VT3 71G1TK!V3 D0BR1 5T3


Ајде да видиме кој најдобро мисли.

Одговори:
1.Колата е кабриолет.

2.Стоел на мраз и тој се стопил.

3.60мин. Ги пржиш двете риби од едната страна за 20 минути, потоа едната ја превртуваш, а другата ја вадиш и ја ставаш третата. Ги пржиш уште 20 минути. Сега имаш една целосно спржена и две кои имаат само по една страна спржена. Ги пржиш и тие 20 минути.

4.13 нараквици.

5.Ќе го фрли листот што го зел и ќе рече дека останал листот со СМРТ значи тој го извлекол ЖИВОТОТ.

6.Кривичното дело е самоубиство.

7.Ако ги решивше загаткиве добри сте