ЗАГАТКА !! ( OrceSta )

Day 2,680, 16:43 Published in North Macedonia North Macedonia by OrceSta

По примерот на Ivica08 се решив и јас да напишам една загатка 🙂

Си имал еден крал двајца синови, но никако неможел да се одлучи кој од двајцата да му биде претстолонаследник. Па така еден ден ги виканал и им наредил да се натпреваруваат во трка со своите коњи до некое одредено место и чиј коњ втор ке заврши тој син ке му биде наследник. Дошол денот на трката но кога требало да почнат никој од двајцата несакал прв да тргне затоа што ниеден несакал прв да заврши, па така си седнале на една клупа и чекале, во меѓувреме поминал некој старец и им шепнал нешто па тие одма се качиле на коњите и тргнале урнебесно да се тркаат до целта.

Што им шепнал старецот ??

Одговорите пишувајте ги во коментар па за ден два ке го пишам точниот одговор 🙂







Старецот им рекол ДА СИ ГИ ЗАМЕНАТ КОЊИТЕ, па така кој ке победи со туѓиот коњ неговиот ке биде втор.
Браво за Emperor Mucko 🙂