Еден мој фраерски ден(5та епизода)

Day 2,295, 10:21 Published in North Macedonia Venezuela by Mr Santinoo

Музичка Подлога
Знаете,некои пијат од мака а некои од радост,а јас да му сневиди од синоќа не престанав...ми избега мојата љубов која се викаше Секирка

Тоа е Секирка која ме остави пошто комшијата се исели па неа и било досадно со мене,и така сега јас како ќопек дремам сам,на facebook комшиката која е мноу атрибутна ми пишува:
она-здраво лепотане
јас-здраво мори комшике
она-слободен си?
јас-да злато,за тебе секако дека сум слободен!
она-епа ајде дојди на таткоми да му помогнеш има 6 кубика дрва да ги исцепи,неможе сам...

И така комшиката ми го угнете до гуша,али јас па така лесно не се давам...завршив кај комшијата со дрвата,дојдов кај мене дома,се истуширав и се мислам што да правам од мојов ритуален живот...

Решив да не се предавам па си реков ќе одам низ Скопје ќе ја фатам најубавата лепота и ќе си ја земам за жена,така и направив,се облеков во зелени фармерки кои ми се за посебни моменти у мојот живот,кондур патика која Секирка ми ги купи да шетам да не седам дома кога беше комшијата на одмор летоска,и сина кошула за која не треба да коментирам...

Одам на плоштад,сите зјапаат у мене,старо-младо се и сешто си помислив дека ова скопјаништава појма немале од мода,се зазјапаа у мене ко у Гулабица што ни е пејачка...па решив да седнам на кеј покрај вардар на клупите малку да одморам,до мене седнаа едни девојки од факултет и цело време приметуем дека се мислат на кој начин да ми се пуштат...а јас како стар добар Казанова го чекам моментот кога они први ќе ми пријдат...

Не поминаа ни 13 минути една од лепотите не можеше да се воздржи и ми улета,дојде крај мене со директен и конкретен поглед у мојот лев скршен зуб ми рече:
она-лепотане имаш цигара?
јас-се разбира лепотицо али пушам само оригинал ориентал ако сакаш...
она-ајде бе дај што ќе дадеш
јас-иначе ова не ти е до цигара,знам дека ми се пушташ стар фраер сум јас
она-дечко фала за цигарата али тебе дома казанчето у WC не ти се пушта а не па јас...
И така глупачата си отиде со цигарата,али не примети дека тоа е уствари качак без филтер само што беа цигарите ставени у кутија ориентал колку да бидам фаца со нив...

Се враќам дома,така целиот нервозен...пошто од толку лепоти ни една не одбрав...се соблеков влагам у соба и кога што да видам...

комшиката се качила на шифоњер кај мене и ми вика ''ајде комши земи ме,твоја сум'' јас тука целиот се возбудив,неможев да се соземам,тоа беше моментот на мојот живот...ми се качи шекерот и несакаеќи паднав у несвест,се надевам дека комшиката ќе ме освести...


целата приказна:
четврта епизода

трета епизода

втора епизода

прва епизода