Еден мој фраерски ден(4та епизода)

Day 2,293, 15:07 Published in North Macedonia Venezuela by Mr Santinoo


Викаат- со секој умрен македонец умираат уште тројца жиранти.

Многу приказни почињаат со зборот ‘’еден убав сончев ден’’ али кај мене да му се сневиди беше нешто поинаку..

Сите ги буди аларм, јас се будам затоа што ја барам мојата љубов која сеуште не ме пронашла,дремам дома како желка у нокшир,избркан од ЈКП каде што работев претходно...се спремам да одам на интервју за работа,си викам да земам да си го забричам морковов кој моментално личи на карфиол,па може ќе ми фрли мерак директорката таму...

Земав се избричив,имав едно сако што ми го даде еден комшија за успомен од него да ми се најде за свадби и погреби...го облеков,имав некој денар на страна од поранешниот бизнис и тргнав на разговор за работа...

Кога стигнав таму прва што се заљуби у мене беше секретарката али мене не ми праеше мерак пошто кецот и беше до пола цел со кариес а тројката и четворката и ги немаше,па така кога ми даде еден осмех ми падна притисокот...

Наместо да биде директорка беше директор таму,правевме муабет и ми рекоа дека бараат помошник багериста (багерот каде што не фаќа јас со лопата да фатам) јас ја прифатив работата и си заминав од таму.

Одеејќи накај дома,на една лепота и паднав у очи и ме праша:
она-имаш упаљач?
јас-немам ама ќе побарам од некој.
она-ај молимте.
побарав и ја услужив,она ме гризна за увце и ми кажа во која кафана ќе била вечерта да ја чекам...

Вечерта влегувам у кафаната ''двата слепци'' а таму пуштиле музика од Шабан Шаулич,немаше нешто многу гужва но девојката никаде ја немаше...можеби тоа беше што дојдов саат ипол предвреме а можеби и не...

Отидов кај келнерот и гледам ребра па ми се пријаде тоа и го прашав:
јас-ребрата пушени ти се?
он-не само к*ров!
тука малку ми спадна апетитот па си нарачав 10тка со кромид и едно литро домашна ракија па седнав да мезам...после саат време пристигна дамата што ја чекав,на прв поглед беше преубава,а на втор веќе сфатив дека сум јако пијан,станан да се поздравам со неа поточно да ја бацам а она ми пружи само рака...али ако.

Седнавме и пуштив и неа една ракија,нарачав уште 5 кебапи да замезиме...она се опушти и конечно се запознавме,после саат време муабет решивме да се сефтосаме кај мене дома...со такси кое лепотава го плати пристигнавме кај мене дома...

Влеговме кај мене у стан,и пуштив фанк музика а оваа беше по пијана и од мене,ми се фрли и ме фати право за оревите,ми ги извади од џеб и ги фрли право у нокшир каде што вршам голема нужда...почна стаствено да ме бакнува али од здивот од што и смрдеше на кромид дури очиве почнаа да ме печат,вечерта со неа беше луда и незаборавна...



Сите епизоди предходни:
Прва епизода

Втора епизода

Трета епизода