Билтен на Седницата на Конресот, ден 1501

Day 1,501, 13:12 Published in North Macedonia North Macedonia by STEFANPIPO

Денес, на 1501 ден од Новиот Свет, се одржа продолжението на основачката седница на Конгресот на еМакедонија.



Основачката седница првично беше закажана пред 3 дена во 20:00 часот, но поради различни недоразбирања и препирки, беше одложена на неопределен период, а беше само изгласан Претседател на Конгресот. Местото на Претседател го доби smekerot, кој успеа да го победи Grand Admiral Kristijan со резултат од 11-8 гласови.

Денешната седница беше закажан од 19:00 часот и имаше 6 точки на Дневен Ред:

1. Избор на членови на Комисијата за Државјанства
2. Избор на членови на Комисијата за Билтен
3. Избор на членови на Комисијата за Тендери
4. Избор на членови на Комисијата за Надворешни работи
5. Избор на членови на Комисијата за Одбрана
6. Избор на членови на Комисијата за Спонзорства и Донации


Објаснување за секоја комисија можете да видите во Деловникот за работа на Конгресот.


Седницата започна со мало задоцнување, поради задоцнувањето од поголем број на Конгресмени. На денешната седница бројот беше сличен со он0ј а претходната, односно околу 50% од Конгресмените.

Седницата беше бојкотирана од страна на претставниците на партијата За Подобра еМакеднија, кои бараа реизбирање на Претседател на Конресот, нешто што Конгресот го направи во претходната седница.

Според Дневниот ред, секоја од политичките партии, вклучени во Конгресот требаше да предложи 2 член во Комисијата за Државјанство и по 1 во останатите 5 комисии.


Прва на ред беше Комисијата за Државјанства. Оваа комисија во овој конресменски мандат ќе се состои од 8 члена, по 2 од 4те партии.

Членови на оваа комисија се: Macedonian_Lion и Zlatko Kaskarevski од редовите на OeM, MK Dame Gruev и Scorpion mkd од eVMRO, Grand Admiral Kristijan и Sosilaspikasdopulos од MO-UP и TRTET и ilesef од MRDLjS.

Подоцна, како претседател на оваа комисија од страна на Претседателот на Конгресот беше назначен ilesef.

Доберба на оваа комисија и беше дадена со 12 гласа ЗА, 0 ПРОТИВ и 0 ВОЗДРЖАНИ.


Потоа следеше изборот на членови на Комисијата за Билтен.

Како членови на оваа комисија беа избрани: STEFANPIPO од OeM, CaCa.D од eVMRO, Grand Admiral Kristijan од MO-UP и smekerot од MRDLjS.

Доверба на оваа комисија и беше доделена со 11 гласа ЗА, 1 ВОЗДРЖАН и 0 ПРОТИВ.

Подоцна за претседател на оваа комисија беше именуван CaCa.D.


Трета на ред беше Комисијата за Тендери.

Членови на оваа комисија во наредните 30 дена ќе бидат: Zlatko_Kaskrevski од OeM, Grand Admiral Kristijan од MO-UP, NeRvOzEn2 од eVMRO и AlexSkopje од MRDLjS.

Оваа комсија беше прифатена од сите присутни на оваа седница, а нешто подоцна за претседател беше назначен AleXSkopje.


После овие три избори следеше кратка дебата во која беше вмешан и Министерот за Одбрана. Дебатата се однесува на 4тата и 5таа Комисија, односно Комисијата за Надворешни работи и Комисијата за Одбрана.

Дебатата траеше нешто повеќе од половина час и во неа Конгресмените даваа свои образложенија, зошто се за или против оваа комисија.

На крајот, Претседателот на Конгресот со соглсност на останатите Конгресмени, одлучи овие 2 точки на Дневен Ред да се одложат за најмалку 5 дена, односно до Претседателските избори, поради тоа што оваа еВлада не е отворена за давање на информации на Конгресот.


Во овој период, многу од Конгресмените, ја напуштија седницата, па така немаше консензус за да се изгласаат и членови на последната комисија, односно Комисијата за Спонзорства и Донации.

Па поради тоа, седницата беше прогласена за завршена, а изборот на членови за Комисијта за Спонзорства и Донации беше одложена за после Новогодишните празници.


Среќна Нова Година и Божиќни празници ви посакува целиот тим на Конгресот.

За ШАУТ:
Билтен на Седницата на Конресот, ден 1501
http://www.erepublik.com/en/article/-1501-1936110/1/20