[sarmetina] Сакаме ли да го заштитме курсот на денарот ?

Day 1,378, 07:16 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


[sarmetina] Сакаме ли да го заштитме курсот на денарот ?
http://tinyurl.com/3heg5ft
~~shout~~




Долго време ја анализирам состојбата и ги читам „генијалните идеи“ изнесени што од власта што од претседателските кандидати.
Искрено, не ми е јасно, како некој излегува со статија без претходно да направи анализа, да го земе дигитронот, да разгледа наназад па да прокоментира...


Рефунд



Еден претседателски кандидат за престојните избори излезе со програма во која предвидува да го укине рефундот. Уште веднаш застанав зад него, бидејќи таа идеја ја промовирав пред неколку месеци и во неа верувам до денеска.
Зошто?
Првата лекција за макроекономија е од областа на монетарната политика. Секој кој сака да дискутира на теми од оваа област, би требало да има барем основни познавања околу оваа материја.
Значи, преку рефундот ние внесуваме пари во економијата. Тоа обично државата го прави за да ја девалвира националната валута (во нашиот случај денарот). Мислам дека нема ниту еден еМакедонец кој нема да се согласи дека денарот е депресиран до минимум, и дека неговата вредност не соодветствува со бонусите кои ги имаме од регионите и со нивото на производство.
Оттаму, не ми е јасно, зошто толку се залагаме за задржување на рефундот и за тие 10 тенка и 500 здравје на ден (ако некој и добива толку) кога од друга страна на тој начин си го поскапуваме бустерот за вежбање. Еден ден вежбање со бустер е околу 2 голд. Тоа е некаде околу 1400 денари според моменталниот курс. Ако голдот падне на 400 денари (ако се укине рефундот можно е) тоа значи дека вежбањето со бустери би било околу 800 денари.
Тука остануваат уште 600 денари кои според сегашните цени на пазарот се далеку повеќе од 10 тенка и 500 здравје.
Знам дека сега некој ќе каже дека цените ќе се променат, но ако се водиме од логиката дека имаме иста цена на лебот кога голдот беше под 500 и сега кога е над 700, мислам дека оваа теза пропаѓа.
На крајот на се, еднаш и Лазароса рече, ајде да пробаме.. еден, два месеци... нема што да изгубиме...
Немојте да кажете дека нема да се борите без рефунд... тоа е срамтоа

Даноци



И двајцата претседателски кандидати заговараат намалување на даноците.
Според мене и моето скромно економско знаење ... тоа е катастрофа.
Слично како и за рефундот. Намалените даноци значат ослободдување на повеќе пари од државата за граѓаните. Во нашиот случај, тоа повторно значи уфрлањње пари на монетарниот пазар и уште еден силен удар врз денарот.
А тоа не го сакаме нели?
Според мене, државата во овој момент треба да задржи што е можно повеќе пари во својата каса, па ако треба и нека ги уништи. Нека ги снема тие пари, едноставно, нека им подели на сите играчи по 1000 денари за да си изградат едно земјиште и да ги уништат парите...
Демигод имаше таков предлог и тоа го поддржувам, иако се соменвам дека ќе може да се поделат средства по јасно зацртани критериуми и без безадоволство, бидејќи очигледно, за сите не може да има...
Како и да е...
Намалувањето на даноците е вовед во нова катастрофа. Не ја гледајте Полска. Полска имаше реален проблем со прескапата злота (нивната национална валута). Во еден момент, таа беше 250 за 1 голд, додека денарот наш надминуваше 600. Во таква ситуација тие имаа неконкурентни прозиводи и прекупците се помалку се решаваа да купуваат од кај нив, додека една Литванија, со курс на злато од над 760 локални единици, имаше и за 0,04 денари поефтино жито од нив..

Да не биде без предлог

Од статијава лесно ќе излечете што сакам да предложам.
Најважно е да се укине рефундот. И воените единици и сите кои живеат од тие мочани 500 денари на ден, ќарот ќе го добијат преку бустерите... колку повеќе вежбаме со бустери, толку сме појаки и правиме повеќе штета. (Да не пишувам за тоа дека во единиците има играчи со помалку од 3000 сила кои џабе ни го јадат лебот)
Многу важно е во моментов барем да не се намалуваат даноците.. Јас би одел и со мерка за благо зголемување, но кога сите се залагаат за нивно речи си укинување, би почекал, па би апелирал само да не се менуваат.

Тоа е тоа, можеби е долг текстов, но имав доста за објаснување.
Сега можеби ќе излезат еден куп интелектуалци кои ќе изнеасат свои аргументи, но повеќе од јасно е дека економската логика и закони не даваат простор за глледање на работите од друг агол.
Ако сега некој рече дека Плато ќе оди на шопинг, па ќе внеселе денари од нив и слично... тоа се муабети за на друга статија..

Поздрав

[sarmetina] Сакаме ли да го заштитме курсот на денарот ?
http://tinyurl.com/3heg5ft
~~shout~~