бр. 24 / год. 1

Day 1,379, 15:47 Published in North Macedonia North Macedonia by svmihail


ОБРАЌАЊЕ НА УРЕДНИКОТ

Кога ќе се направи анализа ќе се има увид во економијата на еМакедонија и според таа ситуација можат да се преземат мерки за нејзино напредување.
Би можел да направам една мала анализа без главните показатели за економијата во Република еМакедонија а тоа се податоците за фирмите.Колку и какви фирми и од која категорија имаат граѓаните на еМакедонија.
Моментално еМакедонија поседува 15 региони од кои 12 се поврзани со главниот град а три не се. Во тие 12 реони се застапени седум ресурси од можните десет, кои се предвидени во играва. Од кои седум ресурси, три даваат суровиниза прехрамбената индустрија а четири за воената индустрија. Затоа фирмите кои произведуваат суровини за воената индустрија имаат поголемо производство од тие во прехрамбената индустрија. Со поголемото производство можат да понудат и повисока плата и сите сакаат да се вработат кај тие кои нудат повисока плата и ако би работеле само еден ден. Мал е бројот на работници кои не се залетуваат по највисоката плата. Својот интерес за средства го гледаат на поинаков начин, работат во фирми најчесто од пехранбената гранка, кои не можат да понудат плати како во воената индустрија. Да има но нема доволно работници за да и прехрамбената индустрија работи со поголема искористеност. Некои би рекол дека според моиве реченици, ние би требало да имаме недостиг на суровини за прехрамбената индустрија и да нивните цени побрзо растат и со тоа имаат поголем профит и можност да понудат на вработените повисоки плата , а на берзата за работа бидат конкурентни воената индустрија. За тоа да не биде така се погрижија неколку фактори.
Како прво, производителите на прехрамбени суровини најчесто своите суровински производи ги користат во своите фабрики за готова храна и со малото производство имаат многу мал вишок на суровини да понудат на пазарот.
Како второ, според релативно високата стапка на увозна такса од 50% увоз како и да немаме или е незначителен но затоа царува шверцот најчесто на суровини, кој го купуваат на странските пазари и го пласираат на македонскиот пазар како свој производ со тоа им нанесуваат штета на домашните производители а и на Република еМакедонија. А кој најчесто шверцува ? Тоа се наши сограѓани кои остваруваат супер екстра профити во воената индустрија работејќи по приципот " O.D.W."
Предлог за излез од таквата ситуација треба да даде министерството за економија.



Здрава економија за силна и јака еМакедонија



ПРАВИЛА

Работењето по принципот " O.D.W." е користен за фирмите кои работат по тој принцип бидејќи дневно произведуваат поголемо количество производи и остваруваат супер екстра профити. Исто така и на работниците бидејќи таквите фирми најчесто нудат и нај високи плати. Со тоа би се рекло дека и волкот е сит и овците се на брои. Но дали е тоа така?
Нај голема штета од работењето на тој начин има државата бидејќи губи важен фактор (економскиот) за намалување на бројот на играчи кои ја напуштаат играта. Штета имаат и самите работници но големиот дел не се свесни за тоа.!





ТАБЕЛА

Дневна цена за извршена работа за 1379 ден од новиот свет


VINDE FARINA : Q1
22,96 MKD

VINDE GARNU : Q1
22,96 MKD

VINDE MISUR : Q1
22,96 MKD

VINDE FARINA DI PESCU : Q3
82,00 MKD

VINDE CARNI DI AGHRIMI : Q5
164,00 MKD

VINDE PANI : Q1
24,00 MKD

Vinde pani cu cash : Q3
68,00 MKD

Vinde Mademi : Q3
90,00 MKD

VINDE GUMA : Q5
164,00 MKD

Vinde Arma : Q3
83,52 MKD