Линеарна проекција на економијата и финансиите

Day 1,404, 00:20 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Епа драги читател, покрај тоа што ова претставува добар период за исполнување на мисиите, претставува и добар период да се испроба на дело статијата која ја напишав.
Економијата во добро и лошо
Имено посочив дека постои тесна поврзаност помеѓу домашното производство и цената на златото и уште подобро посочив дека таа поврзаност е линеарна.
Имајќи го тоа во предвид, гледате дека веќе златото падна на 740 мкд по паричка од 790 за само еден ден. Исто така среќна околност е што мисијата трае цели 7 дена па можеме во целост да ја тестираме теоријата. Имено ако станува збор за проекција од 30% поголемо производство тоа значи дека цената на златото исто така треба да се намали за 30%.
Тука мораме да имаме во предвид дека 7 дена е многу мал период, но мислам дека поради бонус силата која се добива, ќе имаме и дополнително производство на злато па некако тие две работи ќе се компензираат.
Значи имајќи ги бројките од вчера 790 mkd/gold – 30% = 550mkd/god. Бидејќи има неверојатно многу фактори кои влијаат тука, па и краткиот период, реално е да се очекува пад +- 10% затоа што може да е кратко времето за да се дојде до проекцијата односно сите би почнале да го продаваат златото и тоа да дојде до цена под 500 mkd/gold поради извесен синдром кој не мава при вакви падови на златото.
Доколку ова се покаже како точно, сите оние безглави муви кои постојано зујат во коментарите верувам дека конечно ќе зе занемат. Исто така доколку ова е точно верувам дека ќе постои посилна соработка со државата и некои министри конечно ќе побараат советници како што треба.

Со почит,
SaveAss